- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Две библиски книги се напишани од Македонец...
"Блаженствата земнонебесни скалила", "Вовед во светото писмо на новиот завет" и "Прво послание на Светиот Апостол Павле до Коринтјаните" се новите три книги на протоѓаконот, проф. д-р Ратомир Грозданоски. Овие три духовни чеда, како што беа наречени од промоторите, беа промовирани вчера, во храмот "Св. Климент Охридски " во Скопје, во присуство на голем број граѓани и црковни лица.
"....И за професорот Грозданоски гревот и смртта се единствените вистински причинители на секоја мака, горчина и болка кои го тресат светот на човекот. Поради нив луѓето го доживуваат животот како проклетство. Ова сознание го прогони човекот се додека не победи војувајќи со гревот и со смртта. Но можна ли е победата, се прашува авторот, за веднаш потоа да одговори потврдно..." во својата беседа за делото "Блаженствата земнонебесни скалила" ќе рече проф. д-р Стефан Санџаковски, презвитер и редовен професор на ПБ факултетот во Скопје.
При промоција на делото "Вовед во светото писмо на новиот завет" е кажано:
- Оваа книга претставува антологија на разработената библиска литература на новиот завет. Започнуваме со светото евангелие кое е запишано од 4 евангелисти Матеј, Марко, Лука и Јован, тројцата од нив се Евреи, а само еден од нив не е. И тој е Македонец, лекарот Лука... Освен ова Лука напишал и уште една библиска книга "Дела на светите апостоли" петта по ред во книгите на новиот завет... Значи две библиски книги се напишани од Македонец, кој е единствен не-евреин од осумтемина кои ги пишувале новозаветните книги на светото писмо, а тоа треба да го знаат не само теолозите и верниците, туку и сите културни и образовани луѓе...
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6B3BA007322E1347B6E83FF4F6BDD1D2
Оваа информација ми звучи многу интересно, но бидејќи историјата не ми е јака страна би било многу убаво кога некој од оние кои малку повеќе се разбират во оваа тематика ќе кажат два три збора, а можеби и некоја дополнителна инфорација или документ...