Спор со Грција и за Преспа и за Дојран?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Прво и основоно секаде има такви ултранационалисти кои имаат фикс идеи од типот Голема [додај име на некоја држава] или чиста [додај име на рандом нација]
Второ европа го перцепира ставот само на владеачката партија и на најголемата опзициска грчка партија а не на некои келеши кои до вчера бара името Македонија да биде извадено од употреба а, европа а и грчката власт не ги ебеше два посто, освен медиумите кои сакаат да направат фама демек као леле еве инвазија ни спремаат.ај друже парафразирај пошто овој дел ми е нејасен посебно делот со тоа демек ние го карактеризираме ко провокација[што поточно???] и кои постапки поточно убаво посочи пошто не ми е јасно каде се најде во контекст на темата. Уште помалце разоткривање на злобниот император палпатин

Нема во грција либерализам. И најголемата опозициона и влаедачката се која од која по националистички. Шовинизам до максимум...
 
Ова не е провокација, ова е смислен настап (а најлесно е вакви ултра- нацоналистички партиии да го промовираат) кој како маргинален, во догледно време постепено ќе биде вклопен во барањата на грците, не за вистински да променат граници, ами од едноставна причина да се покаже дека, не тие земале македонска земја, туку ние, „благодарение“ на некогашната СХС сме зеле грчка територија. Обид 1913 година да се сврти во нивна корист. Колку и да изгледа ова смешно, не е, целото ова може да се протолкува и како еден аргумент плус за соросоидите кај нас да продолжат со заплашување во грчко име.
 
На таа карта играт Гејовите, барат колку што можат повеќе за после демек да прават одстапки...Затоа и јас мислам дека спомениците , промената на имињата на стадионот , аеродромот и коридорот и не се толку лош потег...Море требаше и повеќе за денес да можеме да правиме одстапки...Нешто слично со години прават Гејовите...Од нивните позиции не одстапуват ни милиметар а нас не местат како демек ние сме криви зошто нема решени...
 
Спор со Грција и за Преспа и за Дојран?


Грчки пратеници инсистираат Папандреу да побара над 30 отсто од македонскиот дел од Преспанско и Дојранско Езеро, кој на Грција наводно и следува според документи на Обединетите нации




Грција да побара над 30 отсто од делот на Преспанското и Дојранското Езеро што и припаѓа на Македонија затоа што оваа површина од двете езера и следува според документите на Обединетите нации.

Ова преку писмо до грчкиот премиер и министер за надворешни работи, Јоргос Папандреу го побарале двајца грчки пратеници од грчката ултрадесничарска партија ЛАОС. Грчките ултрадесничари се обидуваат да го убедат Папандреу покрај спорот околу името, да отвори и спор за езерските води со Македонија. Двајцата пратеници во писмото до Папандреу пишуваат дека документите на ООН предвидуваат оти во случај две соседни држави да се граничат на природно езеро, две третини од езерската вода и припаѓаат на поголемата држава, а една третина за помалата земја. Парламентарците од Грција пишуваат дека Македонија наследила поголем дел од двете езера затоа што границата се исцртувала додека нашата држава била во рамките на Југославија, која била поголема по територија од Грција. Според нив, Грција како поголема држава од Македонија, треба да добие две третини од двете езера, а на Македонија да и остане една третина од Преспанско и Дојранско Езеро. Пратениците од ЛАОС ова прашање го покренале и на последниот брифинг на заменик-министерот за надворешни работи Димитрис Друцас во грчкиот парламент. Тие го прашале Друцас „дали Владата има намера да побара легална гаранција за суверените права на Грција на езерата“, нагласувајќи оти се плашат дека „Папандреу ќе им го даде грчкото парче во знак на добра волја“. Ваквото барање на грчките пратеници доаѓа неколку дена пред најавената средба на Папандреу и неговиот македонски колега Никола Груевски, токму во Преспа, на грчка територија. Примарна тема на разговор на регионалната средба меѓу премиерите на Македонија, Грција и Албанија ќе биде екологијата во регионот на Преспанско Езеро.

Професорите по меѓународно право и по географија оценуваат оти ваквото барање е ситна грчка провокација и политички притисок врз Македонија. Дел од нив барањето го толкуваат како знак за територијални претензии што е спротивно на Привремената спогодба, во која стои дека двете земји меѓусебно ќе го почитуваат територијалниот интегритет и суверенитет.

Професорот по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград, Игор Јанев, објаснува дека во Обединетите нации постојат насоки за решавање на граничните прашања на езерски води што немаат обврзувачки карактер затоа што не се официјални документи.

- Ваквата поделба на езерата е предвидена во еден вид насоки, препораки на Обединетите нации што не се документи од цврст карактер. Грција нема никаква правна основа да постави такво барање и ова е само еден трик и обид на Грција да ја тревожи Македонија - смета Јанев.

Според професорот од Правниот факултет Тони Дескоски, ваквото писмо на грчките пратеници е само ситна провокација.

- Границата меѓу двете држави е утврдена со меѓународен договор меѓу Кралството СХС и Грција, а ваквото барање е спротивно на Привремената спогодба - вели Дескоски. Професорот од институтот за географија, Благоја Маркоски објаснува дека граничната линија со Грција е поставена одамна и затоа барањето е нелогично.

- Тоа не е логична ситуација затоа што границата постои одамна. Ова прашање е суптилно и чувствително - вели Маркоски.




Само Македонија е трн во око

Македонија има 65 % од Преспанско Езеро, додека на Грција и припаѓаат 17 %, а Албанија, која воопшто не е спомената во писмото на грчките пратеници, има 18 % од површината. Мала Преспа се наоѓа на територијата на Грција и само мал дел во Албанија. Од 41 км2, колку што зазема Дојранско Езеро, 27 км2 и припаѓаат на Македонија, а 15,8 км2 на Грција. Во согласност со Букурешкиот мировен договор, Белград и Атина ја утврдиле границата во август 1913 година.




Автор: Ивана Костовска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112691035323&id=9&setIzdanie=21847


Почнаа и со територијални претензии има ли крај на Гејовскиот терор...



Ајдеееееее уште ове ни фалеше....:nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv::nerv:
 
more treba da ucime od niv....i da pocneme da barame ona sto e nase http://www.pollitecon.com/html/treaties/Treaty_Of_Bucharest_1913.html

па ти човече имаш теротирјални претензиии .... па ти си антички човече ...
па ти знаш ли дека застрануваш од патот кон ЕУ и НАТО (за таму пупењаци бараат) ... па ти свесен ли си дека у изолација, сиромаштија не оставаш ...

ма ти си фашист :wink:
 
Вака би го окарактеризирале не грците, туку домашните подлизурковци на кои визионерството им е вродена особина :)
 
Само уште една прилика за да им плеснеме во лице : „кој тоа има територијални претензии“ !?
Сељаци мало-азиски.
 
Молам молам што? Да им дадеме две третини од Преспанско и Дојранско Езеро? Ај да не им дадам две третини од мојот пиииип...да не кажам што...Може слободно да идат у пииип, и да си ги гледаат нивните овци а нашите да не ги чепкаат...

Аман бре луѓе што стана ова веќе не се издржува. Па само бараат и бараат и продолжуваат да бараат а никој не им кажува доста беше веќе. Па да му се сневиди како мали деца се. ПРОКЛЕТИ ДА СЕ!:nesvest:
 
Имам пријател во јужнио сосед које вели дека постојано им се труби дека ние како држава сме имале во уставот дека ќе им помагаме на сите македонци каде и да се. Тоа за нив не била арна работа оти тоа значело мешање во работите на нивнтата држава (помагање на Виножито на пример).

Му велам јас дека во нашиот устав име член (или што веќе) во кое пишува дека немаме никакви територијални претензии кон никој од соседите. За жал овој дел изгледа никој не им презентира. И така ги палат своите. Затоа луѓево се исплашени-да не им се одземе дел од НАШАТА поранешна земја.

Треба се да си бараме назад! И 2 езера во ЦЕЛОСТ!
 
Имам пријател во јужнио сосед које вели дека постојано им се труби дека ние како држава сме имале во уставот дека ќе им помагаме на сите македонци каде и да се. Тоа за нив не била арна работа оти тоа значело мешање во работите на нивнтата држава (помагање на Виножито на пример).

Му велам јас дека во нашиот устав име член (или што веќе) во кое пишува дека немаме никакви територијални претензии кон никој од соседите. За жал овој дел изгледа никој не им презентира. И така ги палат своите. Затоа луѓево се исплашени-да не им се одземе дел од НАШАТА поранешна земја.

Треба се да си бараме назад! И 2 езера во ЦЕЛОСТ!


И море!:vozbud:
 
Ок ајде ние ке им дадеме 30% од езерата,ама они да ни ја дадат цела територија што е одредена со документот од 1913(не ми текнува кој) кој пишуваше дека за 100 години(2013) да се врати цела територија на Р.Македонија....кој добива?????
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom