Пријателство меѓу партнерите

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Доколку врската настанала од пријателство, колку е можно да се зачува истото и во врска?
Колку сте навистина пријатели во врска, без оглед дали сте биле пријатели пред да ја започнете истата?
Дали гледате на партнерот како на вистински пријател на кого можете да му кажете се' и лошо и добро?
Можете ли искрено да го сослушате вашиот партнер кога има некој проблем и пријателски да му дадете совет или одговор?
Колку сте себични при такви разговори?


 
Точно е дека со тек на времето пријателството замира во врската но врската не би била врска ако нема пријателство. И апсолутно секогаш врската започнува прво со пријателство. Сега прашањето е колку... Зависи од самата личност. Кај мене на пример пријателството е од круцијална важност, така да и кога врската е при крај, се трудам на помирен начин да биде тоа со тоа што ние и подоцна ќе бидеме пријатели. Нормално, нема да биде тоа како некогаш но сепак знам голем дел од таа личност и не вреди сето изгубено време поминато со неа тек така да го избришам/негирам.
 
Ако се зачува пријателството, тогаш врската ќе биде успешна. Врска без пријателство не бидува. Нормално, освен ако врската не е дефинирана на база на некои други принципи (фак-френд, спонзорство и сл.). Никогаш не сум стапил во врска со другарка, но затоа кога ќе започнам врска настојувам да ја градам врската на база на пријателство. Сепак, пријателите во тешко се познаваат, а јас повеќе сакам пријател до мене отколку кукла или нем придружник. Тоа го очекувам од мојата партнерка, а на истото може да смета и таа од мене.

Не сакам таинственост и премолчување или нејасна комуникација. Не се осеќам пријатно кога е потребно јас да ги изнудувам зборовите. Некои луѓе сеуште се водат по она „ако не кажам - тоа значи дека не лажам“, а тоа е кобно за секоја врска. Дури и да е искрена со вас, поради таа нејасна комуникација може да се појават секакви претпоставки кои не водат на арно. Поради тоа очекувам директност од партнерката (исто како и пријател(к)ите), инаку врската ќе стане нестабила.

Пријателскиот однос се гради со месеци и години, ама може да се сруши за неколку секунди. Затоа, не штедете зборови, споделувајте совети, љубов, добри и лоши моменти заедно.
 
Без оглед дали врската настанала од пријателство или не, се трудам да изградам пријателски однос со партнерот.Партнерот го чувствувам како најдобар пријател на кого можам да му кажам се што ме мачи,радува.Заедно да се советуваме околу различни дилеми, проблематики.
Никогаш не ми смета кога партнерот ми се доверува за некој проблем, туку ми претставува задоволство и се трудам искрено да му помогнам и уште повнимателно да го сослушам.Ме радува кога тоа што го мачи ми го кажува мене, затоа што со тоа покажува дека ми верува и ме чувствува како пријател.:pipi:
 
Не може да биде врската основана на пријателство, што се трипате? Мора да го има, ама пред него има редица работи на кои што треба да се заснова.
Премногу пријателство не е ни здраво за врската, таман работа ако односот ни стане таков каков што ми е со другарите и другарките....
 
Треба да постои и пријателство како и ред други работи за да врската биде добра и цврста.. :smir:
 
Пријателството е многу битна работа во една врска .....
повеке од 5 години ми беше добра пријателка.......а сега сме во врска 3 години...
значи се знаеме околу 8 години
дел од пријателството што го имавме од тој пет годишен период премина во љубов и секс, но во огромен дел се чуствува она пријателска врска ....шо ја имавме во минатото .....
кога не сме заедно ми недостига и како девојка и како секс партнер и како пријател...
кога сме заедно не ми треба пријател, можеме само двајцата да одиме на кафе ...да шетаме низ град ...да играме фудбал ...да муабетиме од политика, спорт, наука, до секс пози универзум галаксии филозофија психологија ......или да оговараме некој некоја...:toe:
 
Мое мислење е дека
И женското и машкото треба пред се да бидат најдобри другари да бидат искрени помеѓу себе
Само секој да си ја запази приватноста.Зашто има работи кои не се кажуваат и делат ни со најдобар другар.Тие работи не треба ни да се бараат да се кажат што било како било итн детаљи некој може само според мене да направат лошо за врската сеа релативно е и ова прашање до некаде ама во принцип вака некако би требало да биде.

Ако би требало на некој нешто прв да му кажеш тоа би требало да ти дечкото или девојката во стабилна и серозна врска така се гради довербата се зацврстува врската./
 
Не може да биде врската основана на пријателство, што се трипате? Мора да го има, ама пред него има редица работи на кои што треба да се заснова.
Премногу пријателство не е ни здраво за врската, таман работа ако односот ни стане таков каков што ми е со другарите и другарките....
А да не треба да се заснова на непријателство?
Или, еве, пошто не ми е јасно... На што треба да се заснова една врска?
 
На страст, љубов, копнеж. На разбирање, муабет, компромис...но пред се на привлечност зачинета со многу страст и љубов!

Пријателството само по себе се подразбира потоа, во подоцнежните стадиуми на врската.
 
На страст, љубов, копнеж. На разбирање, муабет, компромис...но пред се на привлечност зачинета со многу страст и љубов!

Значи сепак треба да има пријателство, зш со непријателот нема разбирање, муабет, разумен компромис....
 
Јасно, треба, но тоа доаѓа отпосле, ,кога страста, вљубеноста помалку бледнее, а љубовта се зацврстува!
 
Значи сепак треба да има пријателство, зш со непријателот нема разбирање, муабет, разумен компромис....

Со "него" само плескање. Нешто што го преферерирам јас... Човек со многу "непријатели"...
 
А да не треба да се заснова на непријателство?
Или, еве, пошто не ми е јасно... На што треба да се заснова една врска?

Јас би рекла на компромис.Едната страна се надополнува со другата,Никој не останува ист во врска,варијации и пермутации постојат од двете страни.
„Пријател“ според вашиов опис е исто што и другар,како назив добро звучи за опис на партнер,но да видиме дали е така.Дали можеш буквално се' да му кажеш на партнерот?Дали има потреба од тоа да искажеш дека денот ти е тапа и подобро да не те замара или да смислиш друга причина за одбивање?Да е другар ќе му кажам иди шетај бе не ме замарај.Само еден прост пример колку тие поими не се исти.
Да,има елементи од другарство,да ти помогне,да му помогнеш,да си тука секогаш за него,но тоа во овој случај се дефинира како партнер,а не пријател.Брачни другари би бил точниот назив :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom