M
marsovka
Гостин
Бизнисмените и експертите коментираат дека најавените блокади на сметките на 11.500 компании што и' должат на УЈП ќе биде нов удар врз домашната економија кој, заедно со високите каматни стапки на кредитите, ќе предизвика многу домашни компании целосно да банкротираат, со што невработеноста ќе расте
Нови блокади на жиро-сметките на 11.500 компании на почетокот на декември поради неплатени придонеси за социјално осигурување и персонален данок на доход, најави министерот за финансии Зоран Ставрески по средбата со директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски, викендов. Тоа е дел од новата акција на владините институции за полнење на државниот буџет, кој поради кризата не ги исполнуваше проекциите и бележеше пад на приходите. Бизнисмените и експертите коментираат дека тоа ќе биде нов удар врз домашната економија кој заедно со високите каматни стапки на кредитите, ќе предизвика многу домашни компании целосно да банкротираат, со што невработеноста ќе расте.
Иако не соопштија конкретни бројки, Ставрески и Трајковски се пофалија дека за прв пат годинава УЈП остварила повеќе приходи во однос на истиот период од минатата година благодарејќи на акцијата на УЈП, а и другите државни институции.
- Тоа покажува дека постепено се случува заздравување на македонската економија и оти има подобрување во ефикасноста на УЈП во делот на наплатата на приходите. Владата и јас како министер за финансии остануваме посветени на натамошното подобрување на перформансите и настојувањата преку ефикасна наплата на приходите да се обезбедат планираните средствата во Буџетот за оваа и за следните години - изјави финансиерот Ставрески.
Директорот на УЈП, Трајковски, истакна дека средбата била со цел министерот за финансии детаљно да се информира со тековните активности на УЈП до крајот на годинава и плановите за првото тромесечје од наредната година.
- Верувам дека во целост ќе ги исполниме проекциите во делот на даночните приходи во ребалансот на Буџетот за 2009 година - посочи Трајковски.
УЈП на почетокот на ноември ги блокираше сметките на 5.600 компании од кои најголем дел, односно 3.800 се човек-фирми, а меѓу останатите има неколку звучни имиња на компании што работат со тешкотии од почетокот на кризата. Министерот за финансии Ставрески потенцираше дека стои целосно зад активностите на УЈП за наплата на приходите.
- Наплатата на приходите и на даноците е составен дел на работата на институциите на државата, бидејќи ненаплатата значи дека некои други фирми би биле фаворизирани во однос на редовните плаќачи. Некаде мора да се повлече линија и да се штитат доверителите, а не само должниците кои претставуваат нелојална конкуренција - изјави тој, нагласувајќи дека фирмите со дел од антикризните мерки на владата добиле поволности преку репрограмирање на долговите и отпис на каматите да ги подмират своите обврски.
Вицепремиерот и министер за финансии Ставрески го отфрли предлогот на бизнисмените за одложено плаќање и компензација на долговите кон државата.
Имено, во најновите десет предлози за антикризни мерки, Стопанската комора побара од Владата да не ги казнува компаниите за најмали грешки и да го координира работењето на инспекциските служби. Во мерките, кои наскоро ќе ги достават до Владата, бизнисмените ќе побараат одговорна монетарна и фискална политика. Од извршната власт ќе се бара, наместо дополнителни оптоварувања на стопанството, како што се зголемените инспекции и казни и блокирања на сметките на компаниите, буџетските пари да ги насочи кон развојот на стопанството што ги вработува граѓаните. Од Стопанската комора потенцираат дека ако продолжи ваквата политика на Владата ќе има многу отпуштања и ќе се зголеми и така огромната невработеност во земјава.
- Покрај блокирањата од УЈП, во последниот период зголемен е бројот на казните на пазарниот и трудовиот инспекторат, како и мандатните казни од страна на МВР.
Тоа е огромен притисок од страна на државата врз стопанството и граѓаните. Иако Владата се фали со тоа како добро владеење, всушност значи цедење на последните атоми на финансиска стабилност сред економска криза. Ваквата политика може да ја продлабочи рецесијата - посочуваат аналитичарите.
На средбата со првиот даночник Трајковски, Ставрески не соопшти конкретни бројки за колку се зголемени приходите во буџетот, но сепак најави дека е рано да се прогнозира дали ќе се реализира зацртаното со последниот ребаланс.
- Работите се менуваат од месец во месец. Да почекаме да помине ноември, па потоа ќе можеме попрецизно да одговориме дали ќе се реализира зацртаното во Буџетот - изјави првиот финансиер Ставрески.
Владата организира емисии на државни хартии од вредност со висока каматна стапка само за да ги надокнади намалените приходи. Неофицијално, токму поради намалената наплата на придонесите за социјално осигурување, Владата со парите од овие емисии исплаќаше пензии и плати за администрацијата.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3C27E98D77063E4ABE304BA727481986
:nesum: