Од секогаш ме интересирале ентериерите на законодавните институции. Собранието (парламент) е место каде претставниците на народот (би требало да) донесуваат закони во корист на граѓаните.
Како изгледаат собраниските сали од внатре? Каква технологија е вградена во нив? Влијае ли естетиката врз расположението (и моралот :smir: ) на пратениците...?
Ќе започнам со македонското Собрание и слики од парламентите на соседните држави. Повелете, надополнувајте, коментирајте, оценувајте!
Еве го на Велика Британија, поделени се на многу интересен начин и со самиот начин на седење и поставеноста на столчињата се потенцира двопартискиот систем. Од двете страни на масата обично седат два спротиставени пратеници кои се расправаат и дискутираат, а и целата атмосфера е бучна, се станува, се дофрла... Интересен начин, го обожавам Британскиот начин на функционирање на Домот на Комуните. А инаку на другата маса кај што седат тие тројцата со бели перики, мислам дека во средина е спикерот, кој во суштина гласа само кога гласовите се изедначени и кога неговиот глас е потребен за донесување одлука инаку мора да биде неутрален.
Интересен факт е историјата на растојанието на црвените линии во Домот на Комуните. Порано, избраниците смееле да носат мечови, па поради жустрите дијалози кои ги имале, потребна била превенција од евентуални физички контакти меѓу конзервативците и The Labor Party. Затоа се донесол закон дека без разлика каква дискусија да има, не смеат да ја преминат црвената линија пред нив, а двете црвени линии се оддалечени точно колку должината на два меча.
Темава е интересна. Ми се допаѓа.
Гледајќи ги сликите, сметам дека не можеме да се пожалиме од квалитетот на нашиот Дом. Ако не нешто друго, нашиве пратеници очигледно ги имаат најудобните парламентарни седишта. И почист ентериер. Што, по правило подигнува работен морал.
edit: мал придонес и од мене. Сенатот (Горниот Дом) на Франција
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.