Најчести грешки кои мажите ги прават во сексот

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.318
Поени од реакции
34.732
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Продискутиравме за најчестите грешки во љубовта, па сега може да се осврнеме малку и на сексот :)

Постојат голем број мажи кои сеуште не можат да ги забележат своите грешки во креветот, а потоа се чудат зошто нивните партнерки ги избегнуваат или напуштаат. За да не дојде до ова сценарио, време е да научите каде грешите.

Речиси и нема маж кој за себе не мисли дека е најдобриот љубовник и возач на светот. Тоа е така затоа што многу пати мажите воопшто не се свесни за своите грешки, иако, премногу често знаат да направат "прекршок". А ова се најчестите грешки за време на сексот на кои може да се пожали една жена.

Напад на градите
Женските гради се доста осетлива ерогена зона, но некои мажи постојано го забораваат тоа. Често се случува да бидеме премногу груби со нив или да ги стиснеме посилно отколку што треба, а тоа може да биде навистина болно. Како ќе ви биде на вас ако некој ви ги сплеска јајцата? Непријатно, во секој случај. Брадавиците се исто така осетливи, па без разлика на тоа колку сте внесени во играта - немојте премногу да ги грицкате или притискате.

Важно е да се напомене и тоа дека жените не сакаат кога мажот премногу ќе се задржи на нивните гради, затоа што тоа го доживуваат како комплетно да сте заборавиле на неа и сте одлучиле да се дружите само со нејзините гради.

Туркање на главата
Жените знаат дека сакате орален секс и до тоа сигурно ќе дојде, но не доколку и ја туркате главата надолу. Таквото однесување е понижувачко, непријатно и има доем на присилување. Обидете се да најдете некој дискретен начин на кој ќе и дадете до знаење дека сакате оралка. Фаќањето со раце за глава и туркањето надолу воопшто не е секси, а ако некогаш го направите тоа, немојте да се изнанадите ако воопшто и не бидете орално задоволени.

Опседнатост со вагината
Како што некои мажи предолго се задржуваат на женските гради, други се губат во нивното меѓуножје и забораваат на времето. Жените сакаат да бидат орално задоволени, но се си има своја граница. Со други зборови, ако вашата опседнатост со нејзината вагина трае премногу долго, на неа ќе и стане досадно. Воопшто не се изненадувајте ја приметите како гледа во телевизорот во позадина, додека ви напорно "работите".

Исто така, голем број на мажи сеуште сметаат дека вагината на жената е многу побитна од нејзиниот клиторис, па затоа и посветуваат повеќе време. Вистината е сосема спротивна - клиторисот е побитен од вагината и на него треба да му се посвети повеќе внимание.

Небричено лице
Најверојатно имате чуено дека брадичка од 2-3 дена е секси. Можеби и навистина е така, но само на фотографиите од мажи со кои вашата жена сигурно нема да заврши во кревет. Имајте на ум дека брадата од два дена ќе ја боцка и иритира, па не мора секогаш да глумите Бред Пит.

Чувството е посебно непријатно кога ја задоволувате орално. Поради тоа што е пристојна можеби и нема да ви рече ништо, но треба да знаете дека тоа не е филингот кој таа очекува да го добие од вас. Нејзиното меѓуножје е посебно осетливо, па брадата предизвикува бол и иритација. Затоа, секогаш внимавајте пред планираната дружба да се "пицнете" и да ја поштедите вашата партнерка од незгодни моменти и болка.

Соблекување со стил
Океј, возбудени сте, но тоа не значи дека мора да се соблекувате како неандерталци. Жените не сакаат кога ќе им ја соблечете само сукњата или панталоните со цел што поскоро да стигнете до главниот дел. За нив, тоа не е воопшто секси и прави да се чувствуваат глупо. Поради тоа, нема да бидат опуштени, а кога не се опуштени - добриот секс паѓа во вода. Бидете вистински маж и соблечете ја полека и сензуално. Немојте веднаш да ги бутате рацете во градникот и гаќичките, туку земете малку време и направете го тоа малку побавно. Бавното и сензуално соблекување е вистинска победа за вас, а наградата кога ќе ја добиете сигурно ќе ви остави впечаток.

Брзи Гонзалес
Претпоставувам дека во филмовите за возрасни често пати гледате надарени мажи кои сексаат брзо како зајци, а тоа вам ви се чини интересно. Но, верувајте, тоа не е ни малку симпатично. Вистинските љубовници знаат дека ритамот треба да се менува. Ако само навалите и се однесувате како зајак на батерија, немојте воопшто да се чудите зошто се поретко и поретко имате секс.

На жените воопшто не им е забавно кога се однесувате како зајак и ја завршувате целата игра за помалку од 3 минути. Бидете уметник, слушајте го нејзиното тело, бидете малку нежни, па малку груби, малку бавни, па малку брзи... Ја сфативте поентата, сењор? :)

Жени, слободно надополнете ме. Што не сакате од мажите во сексот?
Што прави да се чувствувате непријатно, иако, вашиот партнер упорно ја прави истата грешка?
 
Сексот треба да е спонтана реакција на потребата и занесот во моментот кога се извршува.
Ако мисли некој што како да пипне за да не зезне, тешко него.
Има луѓе кои се добри за секс, кои ги бива и такви кои не се.
Исто како и со заведувањето на девојката, ако и во сексот не ти доаѓа природно правењето не чини.
Не велам да се немаат информации за нешто кое не би ти дошло да сториш, но гланината и поенатата е да правиш како ќе почуствуваш дека треба.
Можеби, после многу повторувања на наученото и слушнатото,може да се дојде до правилен одговор и да биде подобар човекот во оваа активност.

Сепак, копулацијата е водена првенствено од примитивните центри во организмот и на нив свесниот дел треба да им ја препушти контролата.

п.с. посветувам можеби премногу внимание на цицките, значи како држач ми се во која и поза да ја роварам, за цицка гледам да ја фатам.
Како некоја стабилност и сигурност ми се, плус и ако е врз мене да ја контролирам.
Исто не сум премногу трпелив кога ми се ебе, па бавно и сензуално да ја соблекувам не ми е кеиф.
 
Значи според горенаведените точки јас треба да лежам робија - манијакално однесување!
 
Ок е да се муабети за секс, али! да им верувам на тие пишувани работи на кајгана.ком
нема шанси.
"Ај сега ке се сексаме у позата од 27 страна поза број 6.1"
или и се пушташ на некоја и цело време ти се вртат у глава пишуваните работи кои си ги читал на кајгана као демек научно докажано и сега сигурно пали.
"Да ја фатам за половина нежно или да и покажам дека користам кондом, или можда треба да ја соблекам со стил.
А што ако се задржам повеќе на сиските?
А колку време е доволно за да се задржам на сиските?"
..... И после сексот ти е кошмар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom