Мажите почесто ги оставаат болните сопруги

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Мажите почесто ги оставаат болните сопруги

maz-metro.jpg
Едно истражување на американски научници покажува дека мажите се почесто ги оставаат своите болни сопруги.

Во анкетата учествувале 500 венчани парови кои се соочиле со некоја тешка болест, како што е ракот додека биле во брак и резултатите покажале дека мажите се тие што ги оставаат болните жени.

Од 23 разводи кога партнерот боледува од мултиплекс склероза, мажите во 22 случаи ги оставаат своите болни жени, а само една жена го напуштила својот маж.

Канцерот на мозок раздвоил 23 пара, од кои 18 се оставиле поради болната жена.

Од анкетираните парови, 21 процент се развеле дека жената била болна, додека пак три проценти се развеле бидејки мажот боледувал од некоја тешка болест.

Некои поранешни истражувања исто такаа покажуваат дека мажите помалку се грижат за своите сопруги и помалку превземаат одговорност во домаќинството за разлика од жените.


Што мислите зашто мажите се позлобни од и посебични од жените?:nesvest:
 
Што мислите зашто мажите се позлобни од и посебични од жените?:nesvest:
Едно истражување на американски научници покажува дека мажите се почесто ги оставаат своите болни сопруги.
Ама тоа е у Америка. Македонија можи е ваква, таква ама мислам дека е посаглам за вакви дешавања.
 
Што мислите зашто мажите се позлобни од и посебични од жените?:nesvest:

А каде гледаш тука злоба и себичност?
Тоа е природа и природни закони, имаш две здрави единки кои се способни за љубов, секс и продолжување на човечкиот вид. Кога едната ќе се разболи во мера да не може да ја врши својата должност и улога, нормално е другата единка да си продолжи понатаму и да си бара пак женка. Нема ваљда и него да го со сила правиме болен и неспособен за својата улога во живиот свет.

Жените кои се тешко болни и го спречаваат здравиот маж да си оди и продолжи со животот се себични и злобни. Сакаат до себе до постела да врзат здрав човек. Шо ќе и праи тој? ќе ја лекува? ќе ја оперира? си има доктори и болници за тоа.
 
Ама тоа е у Америка. Македонија можи е ваква, таква ама мислам дека е посаглам за вакви дешавања.

Тука е навидум подобро, пошто не се прават вакви истражувања па немаме статистики. Незнаењето е благослов?

Жените кои се тешко болни и го спречаваат здравиот маж да си оди и продолжи со животот се себични и злобни. Сакаат до себе до постела да врзат здрав човек. Шо ќе и праи тој? ќе ја лекува? ќе ја оперира? си има доктори и болници за тоа.

Брачниот завет гласи: во добро и зло, во здравје и болест ...
 
Брачниот завет гласи: во добро и зло, во здравје и болест ...

Tо е закон пишан од човек. Јас ти кажвам за природа и природни закони. Тиие се постари и вметнати во секој нас природно.
А како што има закон за брак, има и закон за развод. Ако едната страна (тешко болната жена) не е во состојба да му пружи секс (брачни обврски) или да дома биди расфатено наместено зготвено.... мажот има право да ја отпушти.
 
А реков као не постирам у подфорум љубов и секс ама... :)

Незнаењето е благослов?
Делумно да, делумно не. Имаше пред некоја недела на Раноден причини ради кои браковите се распаѓаат и тенденцијата на пораст на разводите. Значи се прават статистики на причини за разводи, но немаше споменато нешто за оваа причина-тешка болест.

Инаку овде влијае традицијата да се биде со партнерот/човекот до крај. Разидувањата кај нас најверојатно се воглавно од други причини пошто досега немам во нормална фамилија видено да се остават ради погореспомнатите тешки болести.
 
Tо е закон пишан од човек. Јас ти кажвам за природа и природни закони. Тиие се постари и вметнати во секој нас природно.
А како што има закон за брак, има и закон за развод. Ако едната страна (тешко болната жена) не е во состојба да му пружи секс (брачни обврски) или да дома биди расфатено наместено зготвено.... мажот има право да ја отпушти.
Библијата не е закон пишан од човек, тоа е Свето писмо цитат на Исусовите зборови и брачната заклетва во здравје и болест, во добро и лошо, во сиромаштија и во богатство, не е било каква заклетва.
 
Не мора да значи дека ако жената е болна тој ја остава.Браковите се распаднале а кој кого оставил е друго прашање. Можеби жената била таа која остава бидејќи не можела да одговори на обврските од бракот.Е, сега ќе речете, кој остава ако е болен? Не би се согласила. Врската со некоја особа значи да можеш да одговориш на потребите на таа особа, а ако не си во можност и состојба мошне е веројатно дека ќе ја оставиш. значи во добро и зло, во здравје и болест. Дека самата жената си го оставила мажот оти повеќе не можела да му прави измет
 
така им треба кога се омажиле за таков, не успеале да проценат по суратот кој е мајчин факман мангуп ем сакаат такви па после тепани биле семејно насилство дрн дрн...
 
Библијата не е закон пишан од човек, тоа е Свето писмо цитат на Исусовите зборови и брачната заклетва во здравје и болест, во добро и лошо, во сиромаштија и во богатство, не е било каква заклетва.

22 Вие жените, покорувајте им
се на мажите свои како на Господа

23. Зашто мажот е главата на жената,
како што Христос е глава на црквата,
и Он е спасител на телото

24. Но како што Црквата Му се покорува
на Христа, така и жените да им се
покоруваат на своите мажи во се.

Ефесјаните 5

34 Жените ваши по црквите да молчат
ним не им е дозволено да зборуваат
туку да се покоруваат како што вели
Законот

Прво Коринтјани 14

8. Oти не е мажот од жената
туку жената од мажот

9. и мажот не е создаден за жената
туку жената за мажот.

Прва коринтјани 11

Велиш да се држиме до библијата и онака како таа ни вели зе жените??
Има уште прописи за жени низ нив.
 
Tо е закон пишан од човек. Јас ти кажвам за природа и природни закони. Тиие се постари и вметнати во секој нас природно.
А како што има закон за брак, има и закон за развод. Ако едната страна (тешко болната жена) не е во состојба да му пружи секс (брачни обврски) или да дома биди расфатено наместено зготвено.... мажот има право да ја отпушти.
Иако брутален став ,има вистина во ова,доколку се работи за млад брачен пар во кој некој од партнерите се разболува,без оглед на нашата емпатија, љубов,внатрешно во нас нагоните ке продолжат да бараат да се задоволат.
 
Затоа пред потпис прашуваат (а и да не прашаат, редно е сами да си дознаете) дали сте запознаени со здравјето на брачниот другар. Тоа не е само за него лично него и за неговите поблиски претци...некои гадни болештини, наследни, склоност на поголем дел од фамилија кон пијачката и слично. Али ова никој не го запазува сериозно...срцето, срцето ама после цврц, се буди во некој weird реален свет. Не сите али некои болештини може да се предвидат (колку толку).
 
Затоа пред потпис прашуваат (а и да не прашаат, редно е сами да си дознаете) дали сте запознаени со здравјето на брачниот другар. Тоа не е само за него лично него и за неговите поблиски претци...некои гадни болештини, наследни, склоност на поголем дел од фамилија кон пијачката и слично.
Кај дедо ми во село не прашувале дали пие туку каков е на пијанство. Ако после здраво здрвување легни да си спија добро е, ако земи да крши и да мава заебано е :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom