Gebruder Weiss отвори логистички центар во скопски Илинден

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Gebruder Weiss отвори логистички центар во скопски Илинден


Една од водечките светски логистички компании, австриската Gebruder Weiss, отвори свој логистички центар во Македонија, означувајќи го почетокот на своето силно присуство на македонскиот пазар. Оваа инвестиција во Македонија е значаен чекор за Gebruder Weiss, компанија чијшто бизнис модел вклучува вложување во сопствени логистички центри во земјите во кои е присутна. Во периодот од 2009 до 2011 година, буџетот на компанијата за инвестирање изнесува околу 100 милиони евра, од кои дел се наменети за Македонија.

Регионалниот менаџер на Gebruder Weiss за Југоисточна Европа, Томас Мосер смета дека потенцијалот на македонскиот пазар е огромен и е од огромна важност за компанијата.
- И покрај светската финансиска и економска криза се одлучивме да инвестираме во Македонија притоа зајакнувајќи ја својата европска и светска мрежа на логистички центри - рече Мосер.
Сашо Димоски, менаџерот на канцеларијата на Gebruder Weiss во Македонија, рече дека на македонскиот пазар постои поделеност на услугите на транспортни и шпедитерски, што според него е помалку застарен начин на работа кој се врзува со постапката на царинење на стоките.
- Gebruder Weiss ќе го воведе системот наречен 3PL (Third Party Logistics), односно комплетни логистички решенија, систем кој пред се им е наменет на глобалните компании и нивните претставништва во Македонија - истакна Димоски.

Gebruder Weiss е специјалист за групни, комбинирани товари, а во Македонија ќе нуди и услуги на транспорт, увозно-извозни активности, дистрибуција до крајни корисници, како и вршење на инспекциски, гарантни и сервисни прегледи на производите, со што клиентите се ослободени од какви било грижи кои не се поврзани со нивната основна дејност - производство и продажба. Компанијата има склучено глобални и европски договори за комплетен логистички сервис со реномирани меѓународни компании како, Хјулит и Пакард, Адидас, Сименс, Бош. Данфос, Котани и многу други. Во 2006 година е добитник на наградата за најпосакуван работодавец во Австрија.

Во компанијата се вработени повеќе од 4.500 лица на 137 локации низ целиот свет. Има претставништва во САД, Канада, Обединетите Арапски Емирати, Сингапур, Кина, Јапонија, Тајланд, Тајван, Хонг Конг, Индија, Австрија, Швајцарија, Германија, Чешка, Словачка. Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, БиХ, Бугарија, Романија, Украина. Обртот на оваа компанија за логистика во финансиската 2008 година беше 985 милиони евра.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A22E1D827A4DAD4E80418965B814F99A


А оваа информација осамна и на homepage-от на фирмата:

http://www.gw-world.com/en/Gebrueder Weiss_opens_in_Macedonia .aspx

Се надевам дека оваа фирма ќе биде соодветна транспортната и логистичката подршка на нашите фирми...Прашање е само колку од нашите фирми се способни да наплатат за услугите....
Како и да е со влегување на нашиот пазар можеби ќе се раздвижет нештата со самото присуство...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom