Веб страна - фирма

  • Креатор на темата Креатор на темата gergo.mk
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
Долго време ве читам, и супер сте :D

Сакам да прашам дали треба да се регистрира фирма, ако на веб страната се нуди простор за огласување(банери).

Или пак може на друг начин државата да си го земе делот.
 
Ако сакаш се да биде легално мора фирма. И доколку се рекламираат сериозни фирми сите ќе сакаат да ти плаќаат на фактура
 
Долго време ве читам, и супер сте :D

Сакам да прашам дали треба да се регистрира фирма, ако на веб страната се нуди простор за огласување(банери).

Или пак може на друг начин државата да си го земе делот.

Ако сакаш да си чист пред државата факт е дека треба, зошто промет на услуги од овој тип кој се врши во земјата мора да биде помеѓу 2 правни лица.
Факт е и дека никој нема да те „закачи“ додека не се разработиш, но од друга страна прашање е како клиентите би ти исплаќале пари. Ретко кој би се согласил да ти плати за реклама без да има соодветен документ. Можеш да пробаш и со некој интернет препродавач услуги кои парите би ти ги префрлале на сметка и нормално би земале провизија, но тука имаш проблем со начинот на плаќање ... ретко која фирма ќе се согласи да ти плати со кредитна и како доказ за плаќањето да има само печатен документ без печат.
Најдобра варијанта е ако имаш некој познат (твој пријател) кој има фирма а кој ќе застане позади проектот како фирма која ќе го покрие легалното работење на сајтот (посебно што сајтот може и да го искористи како мала реклама за своето работење). Трошоците кои би се направиле од работењето и одреден процент фирмата ќе задржи, а ти ќе бидеш чист пред државата и ќе заштедиш многу пари и нервози (сметководители, регистрација, фирмарини, даноци, редици, бирократија,..) кои би ги дал за твоја фирма која може да биде тежок бунар ако не тргне работата.
Впрочем ако имаш добар и сигурен приход од сајтот, што и да решиш нема да згрешиш :)
 
@pLaToOn
За тоа ми е и мене, оти они парите ке си ги земат на еден или друг начин;), разликата е дали ја ке им ги дадам мал дел по дел,што е подобро отколку да ми ги земат наеднаш плус со некој ненормална камата.

За да ја додадам страната на некоја друга фирма не би ми било проблем, прашањето ми е дали фирмата, ќе има додатни трошоци, како некој данок плус.
Затоа и прашувам, затоа што да отворам фирма, почетните трошоци за основање и ќе се изедат некако, ама после тоа секој месец ќе доаѓаат трошоци, за вработениот, пензиско, здравствено итн, а ќе треба да ги давам од мој џеб, а реален профит од одма нема да има, сепак треба да добие на популарност.

И ако знае некој подетално(не буквално step by step), дали веб страната ќе треба да се додадат некои измени во дејности што може таа фирма да ги врши.
 
Ако имаш преку која фирма не се мисли, терај преку неа ... фирмата нормално ќе си плаќа данок на додадена вредност (18%) и на добивка (варира ... зависи по кој модел плаќа добивка). Добивка ќе има мала зошто нето вредноста ќе ти ја исплаќа на тебе (за што веројатно ќе плаќа персонален ... 10% или понекогаш и со ослободување и до 50% ... освен ако не работи бааги со кеш па да може да ти ги даде на рака).
Други промени кај фирмата (пререгистрации и проширување на дејност) и трошоци од работење освен неколку фатури за доработка и мали калкулации за што веројатно ќе частиш кафана ако ти е пријател нема да има. Секоја фирма може да работи се што сака без разлика на примарната одбрана дејност (нормално со исклучок на одредени дејности за кои треба амин од државата).
За твоја фирма дефинитино почекај нека тргне работата па после.
 
фала многу за информациите, овој чекор ме кочеше малку во развивање на релативно детален план на почетни трошоци.

Сепак немам намера да се фокусирам на развивање на страната прво, а после да ми стои само така неактивна поради легални трошоци. Кога се почнува нешто, треба да се прави професионално а не каубојски.
 
Долго време ве читам, и супер сте :D

Сакам да прашам дали треба да се регистрира фирма, ако на веб страната се нуди простор за огласување(банери).

Или пак може на друг начин државата да си го земе делот.

ako ne ti e mnogu razraboten biznisot mozebi ima i drugi formi na plakanje - kompenzacii, sponzoriranje, mozebi so dogovor na delo ??...
..inaku ima duzina web sajtovi sto zastanale... NE plakaat
 
Долго време ве читам, и супер сте :D

Сакам да прашам дали треба да се регистрира фирма, ако на веб страната се нуди простор за огласување(банери).

Или пак може на друг начин државата да си го земе делот.

Факт е дека само поголемите компании се рекламираат на веб порталите, 90% од нив се телекомуникациските. Тие нема да сакаат да работат без фирма(проверено) затоа што секој денар што ќе се одлее од нивната фирма на цел- реклами, мора да биде покриен и парите да одат преку трансакциона сметак(заврши времето, пари на рака)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom