Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Големо его е во ред, но некогаш работите одат предалеку - некогаш егото навистина станува преголемо.
Кои се симптоми?
1. Некаде сте надвор и го вртите својот домашен број само за да го чуете сопствениот глас на телефонската секретарка. Уште полошо, имате прилично висока сметка на мобилниот - затоа што често го барате домашниот број од веќе спомнатите причини.
2. Веќе сте го подготвиле говорот за примање Оскар, Оскар на популарноста, Нобелова награда... Треба ли да напоменеме дека вашата професија не може да ве доведе до овие признанија? А, да, се надевате и на Пулицерова награда иако не сте новинар.
3. Работниот ден бил доста напорен и со стресни ситуации. Едвај сте дочекале да стигнете дома за да се релаксирате на својот омилен начин - посматрајќи се себе си во огледалото во различни пози.
4. Вашиот фризер (вашата фризерка) се декларира како хомосексуалец, но вие сеедно на сите им велите дека е смртно заљубен(а) во вас, само што, ете, не сте заинтересирани. Кутриот (кутрата), дури и зборува дека е хомо за никој да не сфати колку е повреден(а) што вие не го (ја) сакате.
5. Кога сте раскинувале со партнерот, сте му предложиле да му подарите своја слика во природна големина за тоа барем малку да го теши. Сличен на вас секако нема да најде во скоро време!
6. Сте го викнале уредникот на таблоид за да му соопштите дека излегувате со славна личност. Очекувате да ви биде бескрајно благодаен за таквата прекрасна вест. Премногу ќе порасне тиражот ако тоа го објави!
7. По секс, кога сте опуштени и одлично расположени, ноншалантно му велите на партнерот дека знаете дека му било феноменално добро и дека подобар секс во животот немал и дека... Зошто врти глава на другата страна, зошто станува? Сигурно не му е непријатно што сте го поштедиле од тоа да ви признае колку му било убаво - веќе знаете дека не сака многу да зборува, па не сакате да го мачите. Баш луѓето некогаш се чудни!
8. Секогаш кога вашиот шеф ќе стане ладен кон вас - или кога дури и ќе ве искара пред сите поради доцнењето или поради лошо завршената работа - сигурни сте дека така се однесува за останатите да не приметат дека сте му омилени и за да не ве мразат поради тоа. Колку слатко и внимателно од негова страна! Дали уште некој има толку одличен шеф?
9. Не дека навистина верувате во теоријата за реинкарнација... Меѓутоа, ако е точно, сигурно би сакале да сте некоја реинкарнација на познат владетел, глумец (глумица). Кога навистина би верувале во божества, би претпоставиле дека сте реинкарнација на Аполон (Афродита).
10. Луѓе несигурни во својот феноменален изглед? Не сте еден од нив! Својот мил партнер често го прашувате: „Зар не изгледам како некој бог (божица)?“ Ако не одговори потврдно и со одговарачки изрази на обожување, претпоставувате дека вашата убавина му го поматила разумот. Не е лесно постојано да си изложен на присуство на толку убава личност како што сте вие - човек мора да се запраша дали сонува или е во рајот!
Друго?