Кривична заради Facebook

  • Креатор на темата Креатор на темата emission
  • Време на започнување Време на започнување
E

emission

Гостин
Пријавениот без знаење и согласност од оштетеното лице, односно негов колега, во текот на јули креирал профил со личните податоци од колегата на интернет сајтот „Фејсбук“ при што вметнал и фотографии од лицето и притоа од овој профил контактирал со повеќе лица кои лично или професионално се познавале со оштетениот.

Од податоците и информациите што ги вметнал на профилот, може да се утврди дека е изработен профил на оштетеното лице без негово знаење и согласност.

извор

Веројатно ова е прв ваков случај кај нас. Што мислите за оваа проблематика?
 
Нема што да се мисли, фејсбуков нацело ја изопачи младината па дури и постарите веќе почнаа да стануваат зависници од фејсбук. По цел ден се уклучени, решаваат квизови од типот на "Што ќе каже Баба Ванѓа за тебе" или "Што ти мисли Чак Норис" и играат игрици како Покерот и тоа Фармата што е. Па нели би било попаметно наместо да го губиш тоа време залудно, да прочиташ нешто и да се едуцираш колку толку?
 
iksi во право си за ова што го кажа...сите мои тетки и стрини имаат фејсбук аман више што и да си ставам статус другата ден мама дознава.на што личи 40 годишни седнале и се замараат со фејсбук? ај ние пак може да се разбере некако али уште баба фали профил да си направи.
 
Веројатно ова е прв ваков случај кај нас. Што мислите за оваа проблематика?

Ова не е прв случај кај нас. Можеби е првиот пријавен случај на надлежните, но не и првиот случај некој да ти отвори профил на ФејсБук без твое знаење и согласност.

Интернет криминалот кој е се почесто застапен кај нас, е многу поприсутен кај малолетниците отколку кај повозрасните, како резултат на тоа дека младината е опседната со социјалните мрежи. Ми текнува дека имаше појава пред две години, кога на неколку професори што ми предаваа во средно им беше отворен профил на Hi5, па дури и е отворен профил на прилично контраверзен професор поврзан со педофилија каде што се ремети неговата персона. Не е во ред затоа што крадењето на идентитет е тешко кривично дело, но кај нас нема специфична казна за крадење на идентитет преку интернет. Ниту пак, е воспоставена казна за интернет криминал, што овозможува голема стапка на интернет криминалци, најчесто малолетници и освен тоа што ги категоризира како сторители на кривично дело, ја поттикнува нивната асоцијализација, што е обратно од главната цел на социјалните мрежи.

Според мене, полицијата би требало да има увид на таквите криминални дела, затоа што се почесто може да се забележат појавија на педофилија најчесто врз тинејџерки без откривање на идентитетот на педофилот. Тука е проблем и неинформираноста на малолетниците за пристапот на интернет, затоа што се експонираат, ставаат свои слики и овозможуваат пристап до секого на нивниот профил на одредената социјална мрежа. Тука не спаѓа само ФејсБук, кој е далеку побезбеден од другите социјални мрежи, како на времето Hi5 и останатите.
 
Среќа мала држава сме па ке се дознае. Немам „сураткитап“ профил нити слична некоја глупост и нема да отворам дур не ми затреба за работа или ако е прашање живот или смрт (значи никад) и ако некој го направи тоа за мене ке треба да мења слики зошто ке му се смени личниот опис. Пак, мала земја и за да ги има мојите слики мора да ми е познат.

и-мејл и месинџер се сосема доволни, се друго е трошење време.
 
Фејсбуков стана значи....причина за отпуштање од работа за добивање кривична пријава.Треба да се внимава шо се прае на фб.....коо викаах ја на другарките не се остава лични податоци на фб не ме веруваа
 
Недај боже некој да се намерчи, нема шанси да се дознае кој е и како е. Ова е многу повеќе од зае*анција. Во еден медиум самите официјални лица од МВР споменаа дека најчесто успевале да следат логови и слично до некое интернет кафе каде се губат сите траги...ова барем го пишуваше, нема зошто да не им верувам.
Значи ако не бил овој од примерот колега, тешко да ќе дознаел кој го онадел.
 
Има шанси. Може да се поднесе налог до ISP и да се најдат IP адресите, доколку корисникот го има тоа направено од сопствениот компјутер.
 
Е добро бе, може да се добие кривична и заради весник, телевизија, книга. Ама кога ќе се спомене фејсбук одма се креваат акциите на веста.
 
Е добро бе, може да се добие кривична и заради весник, телевизија, книга. Ама кога ќе се спомене фејсбук одма се креваат акциите на веста.

Не е баш толку едноставно како што велиш. Има многу поголема опасност некој да ти ги злоупотребува личните податоци на интернет.
 
Има шанси. Може да се поднесе налог до ISP и да се најдат IP адресите, доколку корисникот го има тоа направено од сопствениот компјутер.

Не постои начин да го најдат вистинскиот кривец поради проста причина.
Домашниот компјутер може да го користат повеќе лица не само од семејството. Може да се казни корисникот потпишан на договорот но да се најде правиот кривец не постои теоретска шанса.
 
Секако, ама од 4 члено семејство кај што членовите се родители преокупирани со работа кои незнаат ни како се вклучува компјутер, еден адолесцент и мало дете, не треба да гледаш на гравчиња за да знаеш кој го има направено тоа :wink:
 
Не само да ти ги дознае ,ем злоопотреби ,ем триста глупости да напраи .. не знам што да кажам ,навистина фејсбук стана едно големо интернет село како што ез беше и хај 5 ..кон тоа се стреми .
Иако имам профил на фб ,мн ретко комуницирам преку него ,нема ништо интересно ,што знам безвезе ми стануе,у задње време .
А и добар процент на проблеми ,што ми настанале у веза е ради него така да ,људи што мање на фејс толку болје за све нас!:pos2:
 
Епа (посебно џенцките) имајте по 4000 илјади пријатели и по 2000 слики на профил, незашитени и после ќе се чудиш што прави Махмед од Катар што те аднал пред два дена у моментот кога ти ги гледа сликите на ФБ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom