Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
Четири мали деца и петтото кое е на пат. Со 29-годишна мајка и 35-годишен татко, двајцата без работа. Живеат во Охрид во две трошни соби под кирија, со една греалка, без бојлер и топла вода, без телевизор.
Со многу гладни усти и училишни обврски за кои немаат пари. Нема пари ниту за лекување на епилепсијата на осумгодишната Станка, одлична ученичка на која и недостасуваат учебници.
Таткото Миле пекар од Македонски Брод, по 18 години работа и пет операции на цревата, сака но не може да работи, со што многудетното семејство Бежоски живее без никаков приход и без социјална помош.
„Сметките за режиските трошоци и за храна до сега ни ги плаќаат пријателите, имам кумови тука и други пријатели. На децата ќе им дадат кога илјада кога 500 денари, моите родители ми помагаат и тоа е се“, вели таткото Миле Бежоски, кој стравува дека доколку оди во болница, ќе го задржат на операција и децата ќе му умрат од глад.
„Го молиме господинот премиер ако може нешто да ни помогне, затоа што тој беше иницијатор за раѓање повеќе деца, требало пензија да се зема, а ние ни пензија ни ништо не земаме, па ако се толку хумани нека помогнат и конкретно нешто“, вели мајката Јованка.
Бежоски побарале помош и од МПЦ, каде им рекле дека за тоа мора да се венчани во црква што треба да се плати. Во Охридскиот Центар за социјална работа ни рекоа дека Бежоски ќе треба да докажат дека живеат во Охрид, за да се најде начин за социјална помош. Сега на потег е државата која на големо пропагира пораст на наталитетот и не смее да остане глува на молбите на ова повеќечлено семејство за помош за опстанок.

Контакти за помош на семејство Бежоски во Охрид :
адреса - Миле Бежоски ул. „Јане Сандански“ бр. 100 6000 Охрид
За уплата на парични донации - Уни Банка жиро сметка бр : 240257011516540 - трансакциска сметка
Мобилен телефон за контакт 077 - 680 - 417
Извор