- Член од
- 22 февруари 2009
- Мислења
- 746
- Поени од реакции
- 35
Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски односи на Република Грција во Битола покани дел од битолските Власи на изложбата на фотографии под наслов “Од животот на Власите во 1900-тата”.
Во поканата стои дека изложбата ќе биде дел од свечениот прием во конзуларното претставништво по повод националниот празник на Грција 28-ми октомври, на кој ќе сприсуствува и грчката амбасадорка во државава, Александра Пападопулу.
Во Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски односи на Република Грција денеска немаа одговор на прашањето дали сите 1.270 власи кои според пописот од 2002 година живеат во Битола, ќе бидат поканети на свечениот прием. Големиот број состаноци на грчкиот конзул го оставија без одговор и прашањето постои ли врска помеѓу најавената изложба и книгата на Астериос Кукудис со идентичен наслов, во издание на издавачката куќа Капон.
Во синопсисот за книгата, кој може да се најде и на сајтот на влашката заедница во Грција, стои дека на 64 страници, преку ретки фотографии од различни животни ситуации на влашките заедници во почетокот на 20–тиот век, претставена е историската реалност и културниот идентитет на латонофоните Римјани. Инаку, книгата „Од животот на Власите во 1900–тите години“, претставува дел од посеопфатното истражување за власите на Астериос Кукудис во рамките на Музејот на македонската борба во Солун, во периодот од 1994 до 1997 година. Издавањето на четиритомниот труд беше помогнато од страна на Институтот за одбранбени анализи на грчкото Министерство за одбрана, а на предговорот стои потписот на тогашниот претседател на Република Грција, Констандинос Стафанопулос.
На прашањата за каква изложба станува збор, раменици креваат и во Комуната на власите Браќа Манаки. Тврдат дека до нив сеуште не пристигнала покана за свеченоста, но имајќи ги во предвид практиките од претходните години, ја очекуваат секој момент.
Покана за изложбата која се однесува на животот на неговите сонародници не добил и претседателот на битолскиот огранок на партијата на власите од Македонија, Леонида Чолаковски.
- Првпат слушам за таква изложба. Некоја грчка институција да има изложено во Грција, не знам. А, јас како претставник на политичка партија не сум ни поканет - вели Чолаковски.
На четири дена до изложбата, единствениот претставник на политичка партија на власите во Македонија кој добил покана да присуствува на свеченоста е претседателот на Демократскиот сојуз на Власите, Никола Бабовски.
- Јас колку што знам, видни граѓани на Општина Битола, не само од влашката заедница се поканети, според моите информации. Кој е на списокот не знаме и не можам да го коментирам, бидејќи ниту го имам, ниту го правев. А, од друга страна мојата информација за изложбата вели дека станува збор за фотографии за животот на Власите на оние места на кои живееле во 1900-тата година - вели Бабовски.
Изложбата “Од животот на Власите во 20–тиот век”, организирана по повод националниот празник на Грција 28–ми октомври доаѓа два месеци по збратимувањето на влашките заедници од Нижо Поле и Мегала ливадја. Тогаш прославата помина без официјални претставници на Република Македонија или Општина Битола, и покрај присуството на високи гости од странство, кои допатуваа во потпелистерското село. И тогаш и сега, чувствата на дел од припадниците на влашката заедница во Битола се вознемирени, особено заради фактот што Република Грција и понатаму одбива да признае било какво, вклучувајќи и влашко малцинство на својата територија, но континуирано води грижа за истото во битолскиот регион.