Bratot
Стоик и Машкртник!
После успешната посета на Турција, претседателот Горге Иванов замина во Израел.
-Според агендата, Претседателот, во Ерусалим оствари средба со израелскиот претседател Шимон Перес, каде што ги потврдија пријателските односи меѓу двете земји, а како потврда на тоа ги посочија се поинтензивните економски односи.
- „Дојдовте во земја која е мошне пријателска кон Македoнија. По голeмина Македoнија и Израел се слични, и двете ги очекува посветла иднина. Лично сметам дека државите меѓусебно треба да си помагаат и да ги продлабочуваат пријателските односи“ истакна Перес и додаде дека очекува во иднина ваквите желби да се остварат.
Изразувајќи задоволство од пријателската соработка помеѓу двете држави, претседателот Иванов истакна дека оваа средба е потврда на пријателските чувства што постојат меѓу двата народа, а кои датираат од многу одамна:
-Потврда на тоа е Библијата. Многу такви пораки стигнале од вашиот народ до нас и многу пријателски чувства не преплетуваат како народи со слична судбина. Продолжуваме и ние и вие да работиме на зачувување на нашата гордост и достоинство, и да истраеме на сите предизвици со кои се соочуваме. Има многу моменти кои допрва ги осознаваме и придонесуваат взаемно да се почитуваме и помагаме.
На средбата претседателот Иванов го акцентирал планот за поголема економска и стопанска соработка помеѓу двете држави:
Македонија е мошне задоволна што во последно време одржува блиски врски со Израел и во други сфери што досега не се развивале. Ме радува што израелски фирми најдоа партнер во Македонија, како што е „Елбит“, која носи висока технологија, за осовременување на нашата армија - рече Иванов.
Тој меѓудругото го запозна претседателот Перес дека во Македонија постои малобројна, но мошне силна еврејска заедница, на која македонските власти активно превземаат чекори за враќање на имотите на наследниците на Евреите убиени во Втората светска војна, и дека со дел од сретствата за оние Евреи кои не оставиле потомство во Скопје, се гради Меморијален центар за жртвите од Холокаусот во Македонија.
Средбата на двајцата претседатели, Иванов ја коментирал како многу конструктивна и срдечна, дека за Македонија е поволно да ги применува израелските искуствата во областа на високата технологија и изрази задоволство од првичните најави за таква соработка.
Според планот претседателот Иванов денес ќе го посети меморијалниот центар „Јад Вашем“ израелскиот меморијален центар на евреите кои биле погубени во Холокаустот. Музејот се наоѓа во Ерусалим.
Потоа во текот на денот во Ерусалим ќе се одржи конференцијата „Facing tomorrow 2009“, на собирот кој ќе го отвори израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ќе учествуваат повеќе државни и политички претставници, меѓу кои и претседателите на Чешка Вацлав Клаус, на Хрватска Стипе Месиќ, на Источен Тимор - нобеловецот Хозе Рамон Хорта, поранешниот претседател на Украина Леонид Кучма и поранешниот шпански премиер Хозе Мариа Азнар, како и околу 750 научници и експерти од најразлични области.
:helou: