Што ве прави убави?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Иако сум целиот ремек дело :D .. Највпечатливо и најубаво нешто што другите препознаваат кај мене е мислам внатрешната ведрина и позитивност. Ретко сум намуртен или налутен, а кога сум се трудам тоа максимално да го сокријам т.е. да не го препознаат другите, со што и кај нив би ја пренел таа негативна енергија, ааа не дај Боже и да се истурам на некој, ни крив ни должен. Искреноста исто така, не се плашам и не ми е незгодно на било кој да му ја залепам the ugly truth т.е. реалноста и објективноста по било кој основ. Широкодушноста и отвореноста за нови познанства и авантури - мислам дека никогаш нема да се заситам од нови места и квалитетни нови луѓе.

Доста беше за внатрешноста, однадвор главен адут ми е мислам насмевката - често се смеам и обожавам кога сум во друштво на насмеани и позитивни луѓе. Иии за крај, оваа (ајде така да ја наречам) изрека би сакал да ја споделам со вас и сигурен сум дека дел од вас ќе се согласт. ;)

1641309_700b.jpg
 
Насмевката секогаш ги прави луѓето убави :)
 
Beauty is in the eye of the beholder, неможам ја да кажам што ме прави убава :)
 
Не можам да кажам што ме прави убава во очите на другите, ама можам да кажам што прави да се чувствувам убава кога ќе се погледнам во огледало... Понекогаш кога ќе се разбудам наутро свежа, и кога ми е разбушавена косата, пуштена, ми се допаѓа како ми стои. Некогаш, кога сум наједноставно облечена и нема ништо посебно на мене, едноставно така, само од себе ми доаѓа тоа, се чувствувам привлечна и секси... Кога си го чувствувам парфемот. Или кога ќе облечам некоја нова комбинација. Кога се чувствувам сакана :)
 
Најубавка си таква бушава honey :)...на сабајле незнам каква си кога се будиш and i cant waith to see that
 
Вакви теми по форуми, каде си го билдам егото и си ја дујам нарцисоидноста. :pos:
Што не прави убави, хмм... Лап-топот и пристапот до интернет, можеби?! :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom