Ренесанса на Маите

  • Креатор на темата Креатор на темата da_be_man
  • Време на започнување Време на започнување

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Еден интересен текст за маите нивниот континуитет и егзистенција од денешниот „sueddeutsche” со превод од германски..

Кај нас повторното откривање на културата и традицијата ја ставаат во антиквизиција а некаде целата заедница помага при тоа. Сепак ја ставам во историја..

Етнолози пак ја откриваат културата на маите која долго време важеше за изумрена. Тие им помагаат на гватемалските пражители да дојдат до нова самодоверба
Една млада маја го учи јазикот на своите предци на еден покомочи курс. (Pokomchi)


180x180_ogQt1gvXyz.jpeg



Наскоро Nancy Cal Caprid ќе може да зборува со својата баба. Пред тоа ќе мора да ги научи сите зборови и својот изговор од мекиот шпански да го навикне на зборови кои можат да ги изговорат тврдите К гласови на маја јазикот.
Нејзината учителка Griselda Jom Chiquin изговара: "k'ah, k'oxb', ak'ach" –со специфичниот звук после К.
Nancy (19 год) е една маиа и е порасната во San Cristóbal, едно од поизолираните планински градчиња во Гватемала. Во овие места поголемиот дел од населението припаѓа на покомочи племето. Таа вели „мојот мајчин јазик„ кога зборува за покомочи јазикот. Сепак таа одвај го разбира јазикот на своите предци. Нејзините родители ја учеле само шпански „тие не можеа да си замислат дека нашиот јазик ќе биде и понатака важен„
Иако во овие краеви поголемиот дел од населението припаѓа на маите сепак доминира латино културата.
Од 2003 сите 22 јазици на маите се пак официјални државни јазици во Гватемала и се предаваат на сите училишта. Nancy се надева дека добри познавања на покомочи јазикот ги зголемуваат шансите за работа како учителка.
Оваа желба за професијата покажува како пражителите ја добиваат желбата да ја откријат повторно својата стара култура после стогодишните репресалии и граѓански војни. Тие пофторно се интересираат за својот јазик, нивните ритуали и спиритуалност. Тоа е исто заслуга на научници од цел свет.
Основата за овој развој ја постави швајцарскиот ернолог Otto Stoll кој 1883 заедно со две магариња и еден слуга тргнува на едно лигвинстичко патување во планинските предели. Неговиот вокабулар од тогаш потврдуваат дека најголемиот дел од гватемалските јазици имаат еден заеднички корен. Тие се толку блиски како романските јазици во Европа.
Со тоа се дефинира поимот на јазици на маите. Долго време тоа беше само ограничено на кругот на лингвистите. Дури 1970 американскиот научник Terrence Kaufman почна да ги прави самите жители како експерти за својот јазик.
Тогаш селските заедниции почнуваат да испраќаат свои луѓе во институтот за јазици Francisco Marroquín кој се наоѓа во колониалниот град Antigua. Таму Kaufman ги учи како да креираат речници и формулации.

По трагите на Маја идентитетот.


Во оваа традиција стои и германскиот етнолог и експерт за маите Nikolai Grube од универзитетот во Бон. Тој организира секоја година Workshops во Гватемала. „јас сакам да ја спојам модерната култура на маите со историските корени и да придонесам на нивното чуство на самопочит и да им прикажам дека самите тие се дел од една голема култура.
Во Casa Crema град кој се наоѓа во центарот на градот Гватемала денеска се наоѓа централата на лингвистите "Academia de las Lenguas Mayas de Guatemala" (ALMG). Оваа единствена државно признаена институција прави граматики и лексикони за јазиците на маите. Учебникот со кој Nancy Cal Caprid го учи покомочи јазикот е исто од овај центар.
Научниците од ALMG собираат и документираат се што го дефинира идентитетот на маите: музика, традиционална медицина и политички структури, облека, јадење и религија. Пишуваат монографии со наслови како „ да го користиме календарот на маите„ и други за нивната култура важни брошури.
Така доаѓа до тоа да луѓето слават и стари традиции како брачниот пар Amalia Cal Xuc и Juan Guillermo Caal Caal. Едно влажно и ладно саботно утро ја носат својата 3 месечна ќерка на ридот до San Cristóbal кој важи за едно култно место. На врвот има една плава куќарка и голем крст кој го симболизира светското дрво и една оска која стои за космосот. Девојчето го викаат Tikali според Tikal славниот град на маите во прашумите на Гватемала.
Нивната ќерка денеска треба да биде донесена во светот.
Свештеникот Rodrigo Jom Tilom ја води церемонијата. Тој прави еден круг од шеќер. Во неговата средина прави една хоризонтална линија која го симболизира патот на сонцето. Ја прекрстува оваа линија која пак го симболизира патот на воздухот.

image_fmbg_0_5.jpg



Настануваат 4 полиња, четворката е света бројка кај маите: земјата според митологијата виси на 4 ивици. Постојат само 4 елементи. Две баби и два дедовци има секој човек.
Во четирите полиња свештеникот поставува свеќи во 4 различни бои. Црвената, црната, белата и жолтата стојат за крвта, косата, коските и кожата на еден човек.
Мириса на чад на карамелизиран шеќер кога Rodrigo ја истура ракијата во оганот. Традиционално кај вакви слави се жртвуваат и животни. Фамилијата на Tikali не сакаше таков ритуал. Сепак еден млад петел се користи кој треба да ја земе негативната енергија од девојчето. Rodrigo го држи над оган па потоа над градите на бебето за на крај да го пушти на слобода. Tikali е сега прочистена и беше претставена на земјата и на општеството. Следува главниот дел на церемонијата. Тоа е броењето на времето. Календарот е веќе над 2000 години составен дел и стои во центарот на нивната спиритуалност. Постои еден цереониален календар кој се базира на вигесималниот систем.
20 дневни имиња се комбинираат со 13 броеви. „20 денови со 13 енергии на нашиот календар даваат 260 денови, тоа е времето на една бременост„ вели Rodrigo Jom Tilom. На својата глава носи една шамија на која има календарски симболи.
При ова броење секој држи 20 свеќи кои по 13 рунди се фрлаат во оганот. Целата церемонија трае скоро 4 часа. Време кога и оганот е згаснат. Пред да тргнат за дома собираат енергија со какао.

Улогата на еден
"day keeper"


До пред кратко знаењето за спиритуелноста на маите никаде не беше забележано. Целата традиција беше пренесувана усно. Етнолозите имаат само еден дел од ова културно богатство. Научници прават напори да соберат и заштитат повеќе материјал. Така научници од холандскиот универзитет во Лајден и од Бон се занимаваат со ритуалниот календар на маите и неговото значење во денешното општество.
Која улога ја играат таканаречените "day keeper", спиритуелни лица кои во заедниците пазат над структура, функционалност и дневни имиња во нивниот календар.
Преку соработка со архелози ернолозите се во состојба да потврдат континуитет на оваа култира. Во 90тите на пример беа одкриени цртани камења од 7иот и од 8иот век од наша ера. Пронајдените цртежи имаат херогливски текстови кои дотогаш никогаш неможеле да ги одклучат.

Без сјај во селата


Еден хероглив кој се повторувал би трабало да значи танц. Според тоа има еленски танц, змиски и танц со оружје.
Овие игри се и денеска одржани кај покомочите. Значи овие ритуални танци не се донесени од шпанците туку се долга и стара традиција.
Од сјајот на старата култура малку може да се види во овие планински предели. Во селата на пример живее дадилката Ixim Gualim со својата фамилија во една барака без прозорци во само една просторија. Лево се наоѓаат креветите со сламени душеци а десно шпоретот на кој стои едно лонче со слатко кафе.
На подот играат деца и внуци додека го печат пченкарното лебче. Нешто што маите го правеле од секогаш. Од пред неколку години има струја ама не и водовод и кумунален систем. Само еднаш дневно доаѓа автобусот во овие планински предели.

Преживување преку отвореност


Преку новата културна самодоверба на маите почнуваат некои работи и да се менуваат. Carola Cojol Gua има на пример како прва жена од овај крај посетувано еден универзитет. Сега како повратник ги учи на децата па и на возрасните да читат и пишуваат. „ се менува многу, луѓето се будат и осеќаат дека образованието е важно за нашиот развој„
Етнологот Grube верува дека ренесанцата на маите неможе повеќе да се застане. Тие се креативни се прилагодуваат, примаат влијаниа од надвор и сепак го задржуваат идентитетот.
Свештеникот Rodrigo Tilom Jom се согласува со таа констатација и вели „ нашата култура ќе се развива и понатака„ можам да прочитам од sвездите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom