Да му помогнеме на 4 месечниот Езерџан

  • Креатор на темата Креатор на темата ITK
  • Време на започнување Време на започнување

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
„И животот би го дал за да го спасам моето бебе“




prazno.gif
prazno.gif
10.10.2009 20:30
ezerdzan.jpg
Итно му е потребна операција во Бугарија

4-Месечниот Езерџан е роден со срцева маана. Итно му е потребна операција во Бугарија. Но неговите родители се сиромашни и немаат можност да соберат дел од парите.
Четири илјади евра се потребни за нивното дете да се спаси. Во семејството работи само таткото. Досега потрошиле многу за прегледите во Бугарија. Веќе немаат средства. Со солзи на очите тој моли за помош.
„Јас сум во таква ситуација што и по десет денари кога би ми давале јас би бил среќен, само да ги соберам средствата. На моето бебе ако треба и животот би му го дал само да го спасам“, вели таткото на Езерџан.
Езерџан не може да чека. Болеста напредува, а неговото срце е се послабо. Мора веднаш да биде оперирано. Веќе неколку пати досега имало кризи кои можеле да завршат фатално.
„На устата и на челото е помодрен. Кога ќе почне да плаче неможе да земе воздух“, вели таткото.


Животот на ова бебе е во рацете на хуманите луѓе. Неговите родители се надеваат дека некој ќе им помогне за да може четиримесечниот езерџан да продолжи да се смее во животот.


Телефони за донација:
-070 143 402
-075 143 402
-Жиро сметка 300001000020178 - Комерцијална банка
 
И јас знам дека можеме.

Ве молам, сите донирајте ако можете, и ископирајте го текстот од насловниот пост на темава и испратете им го на сите на кои можете на е-меил и разгласете по форуми, интернет сајтови, медиуми (телевизија, радио) и кажете им на сите усмено!

Малку пари се, ама ајде да се вложиме и да ги собереме заедно.

4.000 евра = 240.000 денари = 2.400 пораки по 100 денари.
Само толку е... Ајде сите заедно. Ајде ајде ајде!!! :vozbud:
 
Донирано....со надеж за негово прекрасно детство...и прекрасен живот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom