M
marsovka
Гостин
Домски штитеници жртви на сексуално насилство
Вработените во поправните и во домовите за деца без родители ги пцујат дел од штитениците, ги тепаат со клоци и шлаканици, а ги удираат и со книги и прачки, се вели во извештајот на Народниот правобранителДеца се жртви на сексуално, физичко и психичко малтретирање во домовите за згрижување, но најчесто од страв и срам не ги пријавуваат насилниците, утврдиле од канцеларијата на Народниот правобранител по спроведеното истражување во домовите „11 Октомври“, „Ранка Миловановиќ“ и „25 Мај“ во Скопје. Вработените неретко пцујат дел од децата, ги тепаат со клоци и шлаканици, но ги удираат и со книги и прачки.
Анкетирани биле вкупно 53 деца од двата дома за деца без родители и поправниот дом „Ранка Миловановиќ“, а 7 отсто од нив изјавиле дека „вработени во установата со уцени или закани барале да им ги исполнат нивните непристојни желби“.
Од канцеларијата на Народниот правобранител информираат дека над пет отсто од децата изјавиле оти сексуалното вознемирување и малтретирање се врши со допирање, а едно дете признало дека било жртва на сексуално малтретирање со измама и принуда. Уште пострашно е што скоро 70 отсто од децата воопшто не одговориле дали се жртви на сексуално насилство што фрла сомнеж дека бројот на жртвите би можело да биде уште поголем. За да се заштити идентитетот на децата не е соопштено во кој дом се сместени тие.
- Процентот на деца што изјавиле дека постојат вакви случаи не е за занемарување, особено поради тоа што се работи за посебно осетливи категории на деца. Ним им е потребна посебна грижа и заштита и токму затоа се сместени во установи каде што треба да им се помогне да ги надминат проблемите, а не да се соочуваат со дополнителни проблеми што ги создаваат лицата што треба да се грижат за нив - укажува народниот правобранител Иџет Мемети.
Анализата што ја подготвиле од канцеларијата на правобранителот покажува дека во овие установи има голем процент деца што се жртви на постојано физичко малтретирање. Над 20 отсто од децата рекле дека редовно се тепани, а уште дополнителни 20 отсто рекле дека има тепање, но оти не се случува често.
- Се' уште во голема мера е застапено физичкото малтретирање на децата згрижени во установи. Тоа е забрането и е предвидена обврска за сите установи и институции да ги преземаат сите можни мерки за заштита на детето од сите облици на физичко и психичко малтретирање, повреди или злоупотреби, занемарување или немарен однос, малтретирање или експлоатации вклучително и сексуална злоупотреба - вели Мемети.
Народниот правобранител утврдил дека децата не пријавуваат случаи на физичко или психичко малтретирање затоа што во најголем број случаи и кога пријавиле ништо не било преземено, односно никој не им верувал и не ги слушал. Дури 33 отсто од штитениците рекле дека не се преземени никакви мерки против оние што извршиле насилство над децата.
- Овие податоци укажуваат дека несериозно се пристапува кон поплаките на децата и не им се посветува внимание. Службените лица недоволно водат сметка за остварување и заштита на правата на децата и не се изрекуваат соодветни санкции и казни спрема тие што вршат физичко или психичко малтретирање на децата - велат од канцеларијата на Народниот правобранител. (А.М.) http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=52F08167E1460946BEB1A9EB3BDCBC3A