- Член од
- 22 февруари 2009
- Мислења
- 746
- Поени од реакции
- 35
МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЗБИРКИТЕ НА ИВАН ГРОЗНИ
Во три од дванаесетте тома на луксузното издание на илустрираната енциклопедија на Иван Грозни се говори за македонските династии
МОСКВА - Македонските историчари, но и сите оние кои ги интересира што се случувало на Балканот пред многу векови, ќе можат и сами да најдат одговор на многу прашања читајќи го и прелистувајќи го новото факсимилно издание на рускиот „Илустриран летопис на 16 век“. Читајќи го текстот и гледајќи ги преубавите цртежи, човек барем во мислите може да се врати неколку векови наназад и да види што мислеле и знаеле рускиот цар Иван Грозни и неговите блиски соработници за Александар Македонски. Од тие древни книги што се чуваат во најпознатите музеи во Санкт Петербург и во Москва се дознава што и колку знаеле Русите за војните на Александар Македонски „против сите Хелени и варвари“.
Бројните истражувачи можеби ќе можат во тие книги да најдат доказ за врската на сегашните Македонци со Александар Македонски и уште многу интересни работи. Сега постои шанса без брзање да се прелистуваат и анализираат летописите во кои можат да се најдат докази за сериозни и теоретски (теориски) расправи. Јасно е дека тој летопис не е свето писмо и во него не може да се верува како во нешто што е вечна вистина, но сигурно може да даде интересен материјал, „материјал за размислување“.
ЕНЦИКЛОПЕДИЈА
Благодарение на руските бизнисмени - добротвори на древните летописи во кои многу се зборува за историјата на балканските народи, сега ќе можат да видат не само историчарите и привилегираните туку и оние кои сакаат да знаат за своето минато. Штотуку објавеното факсимилно издание на „Илустрираниот летопис на 16 век“, тие уникатни десет тома што се чуваат во познатите руски музеи, можат да бидат претставени и во Скопје доколку се најдат заинтересирани спонзори.
Оригиналниот назив е „Луцевој летописни свод 16 века“. „Луцевој“ на нашиот јазик би можел да се преведе како илустриран. Зборот „луцевој“ буквално значи „од лице“, значи со нацртани ликови на луѓе. На 10.000 двострани листови со повеќе од 17.000 нацртани минијатури, сликовито кажано, прозорци во историјата, претставено е најраното минато. Затоа со полно право овие книги се нарекуваат илустрирана енциклопедија.
Во првите три тома од хронолошкиот дел на средновековна Русија се дадени настаните од библиската и светската историја. Во неа, меѓу другото, се опишани Трoјанската војна, Александрија, Јудејската војна, Јосиф Флавиј и друго.
Во другите томови голем простор им е даден на балканските народи Срби, Македонци и Бугари. Посебно интересен дел за Македонците е оној во кој се опишува и прикажува со слики на Александар Македонски. За територијата со која владеел се говори во вториот том од илустрираниот летопис. На сликата (587а) се претставени животот и подвизите на царот Александар Македонски. Вo истиот том на сликата (589а) се гледа Пела, главниот град на Македонија во времето на царувањето на Александар. Веќе на следната слика (615б) е покажано како Александар ги освоил Илија, Пеона и Тривада. Посебно е интересна сликата (651б) во чиј опис стои дека е прикажано како Александар ги покорил сите Хелени и варвари. Од тоа некои историчари извлекуваат доказ дека тој не бил Грк, бидејќи не би војувал против својот народ.
Сепак, анализа на текстот би требало да дадат доброупатени историчари кои со години се занимаваат со таа проблематика, бидејќи новинар сепак не е компетентен. Во рамките на долгата историја на Византија, во летописот темелно се опишува и македонската династија на византиските императори, почнувајќи од биографиите на нејзиниот основач Василиј.
Во рамките на милениумската историја на Византија, детално и живописно е отсликана македонската династија на византиските императори, почнувајќи од опишувањето на животот на нејзиниот основоположник Василиј Македоњанин, кој, по се' изгледа, послужил како прототип за легендарниот војсководец Александар Македонски, кој не знаел за пораз и создал голема империја. Неверојатно прецизно, до детали, се преплетуваат нарациите за овие два лика во Лицевиот свод.
Македонската династија ја продолжуваат Лав VI Мудриот, неговиот помлад брат Александар и неговиот син Константин VII Порфирогенит (што значи Црвенороден). Тој бил еден од најобразованите луѓе на своето време, автор на „сводот на византиската практична наука“, кој бил составен од следните дела: „За управување на империјата“, „За церемониите на византискиот двор“ и „Биографијата на Василиј Македоњанин“.
На Константин му припаѓаат прецизните формули-дефиниции за идеите на државноста: империјата е „светски брод“, Константинопол е „цар на градовите на целиот свет“, Господ „ги устоличува царевите на престолот и им дава власт да управуваат со сиот свет“, императорот помеѓу своите поданици е како „Исус Христос помеѓу апостолите“, кој управува „вистински, врз база на законот и праведноста“. Идеите на државноста се обработуваат и во натамошните написи на страниците од Лицевиот свод.
Доказ за тоа колку се важни овие книги е и тоа дека идејата за препечатување на летописот ја поддржаа сега веќе бившиот претседател на Русија, Владимир Путин, и патријархот Алексеј Втори.
„Прелистувајќи ги страниците на летописот, чувствуваме гордост што сме имале вакви предци кои биле храбри и мудри и имале голема духовна сила“, напиша меѓу другото Владимир Путин во писмото за идните читатели на рускиот летопис.
ЈУЖНИ БРАЌА
Двајца некогашни одлични студенти по физика, а сега бизнисмени, Вадим Јакуњин и Харис Мустафин, дошле на идеја повторно да го печатат рускиот летопис и им даваат можност на сите кои сакаат да видат и да читаат за својата историја, но и да ги запознаат народите блиски до себе. Листајќи и читајќи го летописот овие денови, и авторот на овој текст уште еднаш се убеди дека Русите од дамнешни времиња се интересирале за судбината на своите „јужни браќа“.
Уникантниот летопис од 16 век бил зачуван, но малкумина се оние што можат да се пофалат дека го имале в раце. Неговите седум книги се чуваат во Санкт Петербург, а три во Москва.
Благодарение на сопственикот на најголемата московска фармацевтска компанија „Протек“, Ведим Јекуњин, кој го финансираше целиот проект, книгите се преснимени со најсовремениот скенер кој ни најмалку не му штетел на оригиналот. Сега секој што сака може да има свој комплет од десет летописи.
Целта на Ведим Јакуњин не била да заработи пари на книгите, туку да придонесе младите поколенија на Русија подобро да ја научат својата историја.
„Секогаш ги ценев луѓето кои го знаеја минатото на своите предци. Длабоко сум убеден дека еден народ не може да има добра иднина ако ја прекине врската со културното и историското наследство. И Русите се народ со голема историја, но начинот на живеење и времето во кое живееме го прават своето и младите поколенија, објективно, се' помалку знаат за својата историја. Јас ја имав таа среќа да се родам во Јарослав, кој секогаш бил еден од културните и просветителски центри на Русија. Затоа мене секогаш ме интересирала историјата“, рече Вадим Јакуњин.
За проектот да се реализира врвно, била основана посебна компанија „Актеон“, со која раководи Харис Мустафин. Јакуњин навистина не жалел пари, па бил купен најмодерниот скенер во Франција.
Преговорите со музеите не биле лесни, но сепак се' е договорено. Идејата настанала во април 2004, а во март 2005 година веќе бил потпишан договор. За три месеци ударнички се снимени сите 10 тома со бесконтактниот скенер.
Подоцна се ангажирани дизајнери кои стручно ја обработиле секоја страница, така што изгледот на копиите бил навистина верен на оригиналот. На тоа била потрошена една и пол година. Посебна вредност на новиот факсимил е тоа што издавачите одлучиле заедно со книгите да ги печатат објаснувањата на стариот архаичен јазик. Без тие преводи поголемиот дел од луѓето не би можеле да го разберат стариот текст.
Сопственикот на компанијата „Протек“, Вадим Јакуњин, инвестирал и во купување машина за печатење на летописот. Секоја страница е уметничко ремек-дело. На крајот се ангажирани луѓе кои на многу квалитетен начин ги сошиле книгите.
Летописот настанал во 16 век. Во вистинска смисла станува збор за голема илустрирана енциклопедија на светот и на Русија до периодот на Иван Грозни. Оној што ќе има можност да ја прелиста, може да посведочи дека таа ќе биде интересна не само за стручњаците туку и за обичните луѓе кои ја сакаат историјата.
КОСОВСКА БИТКА
Кој ја напишал таа книга - историски се' уште не е потврдено. Што се однесува до сликите, се верува дека нив ги работеле мајсторите што ја сликале внатрешноста на Кремљ. Таков заклучок е донесен врз основа на истиот стил, колоритот и содржината. Никаде не е напишано кој би можел да биде автор на таа книга. Се претпоставува дека автор би можел да биде митрополитот Макариј, за кого се тврди дека бил исклучително образован човек.
Во редакцијата на книгите, наводно, можел да учествува и царот Иван Грозни. На десеттиот том на маргината е напишано со рака што треба да се поправи. Се верува дека тоа можел да го напише цар. Восхитува и квалитетот на сликите, иако се знае дека во тоа време печатарската техника не била на високо ниво, а текстовите под сликите се многу интересни. Од сликите се гледа како и во кој период биле облечени и вооружени луѓето и војниците, какви им биле градбите и со кои занаети се занимавале луѓето.
Што се однесува до Балканот, интересно е како рускиот митрополит Пимен дознал за Косовската битка. Тој тргнал кон Цариград во 1389 година. Одел цел месец по реки и на крајот по Црно Море стигнал до Цариград и тогаш дознал за веста за поразот на Косово. Оваа вест ги разжалостила руските монаси. Поради блискоста со Србите, тие помислиле дека Турците може да ги убијат и брзо по разни патишта се вратиле во Русија.
Во рускиот летопис е запишано дека царот Мурат бил од христијанско потекло. Интересно е и кога се опишува како Милош Обилиќ ги прешол Турците и го убил нивниот цар. Според таа приказна, Милош им рекол на Турците дека се замерил со царот Лазар и затоа бил пуштен кај Мурат. Во текстот под сликата пишува дека Турците веднаш го убиле „христијанскиот слуга“. На сликите во седмиот том се гледа како Турците го заробуваат царот Лазар и му ја отсекуваат главата.
Секако, интересно во летописот е тоа што е запишано дека првиот часовник во Кремљ го поставил српскиот калуѓер кој се викал Лазар. Тој дошол од Србија и го поставил големиот ѕиден часовник на Кремљ во 1504 година.
Начинот на кој се направени сликите се вика „серпска или јужнословенска“ колористика. Сите слики биле прво цртани со молив, а потоа боени.
Би било многу добро кога примерот на руските бизнисмени-добротвори би разбудил слична желба кај нашите бизнисмени, бидејќи вложувањата во културните добра е корисна и трајна инвестиција.
„Кога го почнувавме овој проект, желбата ни беше да го реализираме врвно. Значи, бевме свесни дека тој не може да биде комерцијален и да се заработи на него. Желба ни е еден ден да направиме поевтино издание кое би било достапно до народот“, велат Јакуњин и Мустафин и ветуваат нови проекти со кои ќе се израдуваат сите што ги интересира словенската историја и култура.
http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=59496A5FAA8D24489C3F08EAE8ECDF30