СВЕДМИЛК

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Сведмилк-којзнае кое продолжение!:pos2:


Странски инвеститори заинтересирани за “Сведмилк”

getImageThumbnail.axd


Десетина странски млекопреработувачки компании се распрашувале за купување на шведската млекарница „Сведмилк“, која неколку месеци е во стечај. За ова вчера информираше стечајниот управник на млекарницата Благој Макревски, на средбата со Здружението на оштетени млекопроизводители во Битола.
“Бараме инвеститор за млекарницата да продолжи со работа. Во изминатиот период остваривме средби со менаџери од Грција, Италија, Германија, Русија и други заинтересирани кои сакаат да „влезат“ во “Сведмилк“. Но, било кој од нив ќе мора да приложи бизнис план и начин на исплата на обврските кон фармерите” рече стечајниот управник на „Сведмилк“ Богољуб Макревски.
Следното судско рочиште за „Сведмилк“ е закажано за 10 ноември, до кога се очекува оштетените 1.900 фармери да определат еден адвокат за застапување на нивните барања.

“Нашиот став е млекарницата да не биде затворена, туку да се рестартира и да се најде купувач кој ќе продолжи со работа. Но, не сме се откажале и од намерата државата да не обесштети, а потоа таа да биде доверител во млекарницата”, посочи Горан Митров, фармер од Струмица.
Вкупно 1.900 фармери од млекарницата бараат 4 милиони евра за неисплатеното млеко што е 12% од вкупниот долг на „Сведмилк“. Млекарницата на доверителите им должи 35 милиони евра.

Фармерите вчера беа информирани дека освен што во фабриката биле затекнати големи количини на расипани млечни производи, дури и количини од откупеното млеко од фармите како вишок завршувало по каналите. Во рамки на стечајната постапка поднесени се и тужби против дистрибутери кои од млекарницата зеле млеко во износ од 3 милиони евра и не го платиле.


http://www.time.mk/read/5298ec8100/a9b6040233/index.html
 
Сведмилк-којзнае кое продолжение!:pos2:

Странски инвеститори заинтересирани за “Сведмилк”

getImageThumbnail.axd

http://www.time.mk/read/5298ec8100/a9b6040233/index.html
Сведмилк остана болен и горлив проблем за македонската економија и стопанство,нема никакви интересанти околу купување или инвестирање на оваа загубарска фирма тоа се трикови на власта и стечајниот управник Боголуб Макревски, кој е именуван од владеачката гарниотура на власт,истиот управува со 14,или 15 стечајни фирми истовремено но со ниту една нема решено што понатаму со истите, некој од фирмиве одолгувлечува со стечајната постапка и 10 години со нерешена судбина, така да на повидок е реприза на Моше Баум ................
 
Swedmilk beshe chista sabotazha... se volzihi se za da se zalazhe narodot i da mu bidat sobrani parite ... no nema gajle naviknati sme nie makedocite pose tat i fikom ova ni e samo ushte edna losha zagadka koja ne butka se podole
 
Море нека го купит некој ова грефче од млекара, да се вратит „Са плен пор муа“ рекламата на ТВ. :tv:
 
Има заинтересирани инвеститори за млекарата, но само ако биде исчистена од долгови. Т.е. државата од буџетот да плати за криминалот.:jaj:Затоа што долговите се повеќекратно поголеми од вредноста на млекарницата. Е сега, дали е во ред сите ние да го плаќаме криминалот?
 
Пак им снема париња на Власиве, што ќе го ре-активираат бизнисот?:)
 
Млекарницата на доверителите им должи 35 милиони евра.
Уау, 35. Кај ги денале толку пари. И сигурно не се знае кој е виновен.


Ех чуда и да се знае... да не му сечат лево маде случајно :tapp:
 
Swedmilk beshe chista sabotazha... se volzihi se za da se zalazhe narodot i da mu bidat sobrani parite ... no nema gajle naviknati sme nie makedocite pose tat i fikom ova ni e samo ushte edna losha zagadka koja ne butka se podole

he, he sabotaza...nema veza, SWDMILK bese sofisticirana pljacka na 20-25 milioni evra od strana na Zore Temelkovski i negovata arapska senka i nivnite bugarski finansieri...+ seprisutniot torbes...........nisto drugo.
Dali Gwujo bese namesten ili ne, pojma nemam, ama bidejki ne gi poapsi ili barem diskretno zamoli da zaginat vo avtomobilska nesrekja...togas verijatno go macnal i toj mustakot vo toa mlekoto...:)
 
Izvadok od dnevnik.. cudo edno koga ke pocne vrana so vrana oci da si vadat ..(vidi potpisite na tekstot m.z)

БЕЗОБРАЗНА ИГРА СО МЛЕКАРИТЕ

Влевањето страв кај луѓето е уште еден од начините на работа и на однесување на Рамковски. Деновиве забележлива е пресметката што ја води со стечајниот управник на „Сведмилк“, Благоја Макрески. Откако пропадна проѕирната игра на Рамковски, водена преку неговите медиуми, и отворената злоупотреба на маките на млекопроизводителите преку нивните и преку побарувањата на една банка да ја преземе млекарницата, неговите електронски и печатени изданија се обидуваат да создадат слика за Макрески како за нов, „македонски Моше Баум“. Како да се заборави дека Рамковски преку фирмата „Хедис“ му должи на „Сведмилк“ 1,8 милион евра, за што се поднесени две кривични пријави. Една за долг од 300.000 евра за земено, а не платено млеко, и втората за 1,5 милион евра како надомест за штета од прекршениот договор со кој „Хедис“ требало да преземе по 1.000 тони млеко месечно и авансно да го плати.

Рамковски е директен учесник во целата афера со „Сведмилк“. Тој потпишал договор да преземе 6.000 тони млеко од млекарницата, кое за негови потреби требало да се пакува во хедис-амбалажа. Меѓутоа, Рамковски презел само 2.400 тони, кои ги продал и не платил. Потоа, прекинувајќи го договорот, не продолжил со откупот на уште 3.600 тони млеко. Индикативно е тоа што времето на неговите манипулации се совпаѓа со крајот на „Сведмилк“. Но, тука не завршува целата игра, туку се префрла во судовите и во заткулисниот простор. Апетитите на Велија целосно доаѓаат до израз со нескриената намера да се дограби до млекарницата. Во договор со една од банките доверители, неофицијално, Рамковски требало да ја преземе хипотеката врз млекарницата, плаќајќи и' на банката само дел од побарувањата и тоа на име реклами, преку компензација во неговите електронски и печатени медиуми. Се претпоставува дека станува збор за околу седум милиони евра.

Наспроти заткулисните игри и подгревањето на страстите кај млекопроизводителите, за „Сведмилк“ се заинтересирани четири познати странски компании меѓу кои „Лакталис“ од Франција, „Кри-Кри“ од Грција, „Приста“ од Бугарија и „Латиеро Касиери“ од Италија, кои се жалат дека наидуваат на разни игри кај банкарот-доверител.
Предраг Димитровски
Горан Ризаов
 
За овие и слични афери во кои престапи се вршат на ваков начин, во вакви околности и резултати од тие афери, најмалку е виновен оној кој ги прави тие афери. Владините институции се оние кои се највиновни за овие афери кои без престан го удираат нашето стопанство 20 години (пред тоа немаше афери, т.е. не смееше да има :) освен една со еден босанец).
Ако се направи еден престап од овој калибар тогаш треба да се интервенира, казни и спречи понатамошни престапи од истото лице или истата фирма. Во овој и другите вакви престапи се врши кампањски наплив во медиумите за после некое време да се заташка...за после пак да се отвори истата тема во медиумите. Зарем не заличува на нарачани написи.
Ова повеќе ми личи на наменско вадење на нечисти алишта за одредени бизМисмени во јавност, а за нечии потреби...а стопанството страда, а џабе :toe:.
Инаку да сакаа досега 100 пати ќе го затвореа и сите долгови ќе ги наплатеа и од него и од другите слични типови. Пошто кога медиум има сознанија тогаш соодветната институција не пие вода, нели...или нафта беше :smir:
 
..............пред тоа немаше афери, т.е. не смееше да има :) освен една со еден босанец.............

Фикрет Абдиќ...
Имаше и еден директор на ИНА....кој мислеше дека ако пребега надвор со се украдените пари ќе биде безбеден..........но се излажа, го најдоа....:vozbud:
 
Уау, 35. Кај ги денале толку пари. И сигурно не се знае кој е виновен.


Ех чуда и да се знае... да не му сечат лево маде случајно :tapp:
Па со оглед на тоа што и на млекарницата и се должат многу пари, не е ни чудо што должат.
Колку што слушнав, само Велија Рамковски и неговите неверојатни Хедис маркети и должат на млекарницата околу 2.000.000 еура. А во државава имаме милиони како Велче, нали? :)
 
Да, но прашање е зошто сето тоа не го стопираат и казнат. Одамна наназад се пишува за некои зделки и малверзации (главно со десетина дваесет лица од цела Македонија), дали не е можно институциите соодветно да проследат и најдат што се случува. Тоа не е тешко со оглед на фактот дека на располагање им се класични иследници и стручни лица-економисти и правници кои може да ги прочешлаат сите тие зделки. Притоа не е тешко за искусен вештак да најде грешка од тој калибар.
Вака делува како да тие долгови се намерно направени. Ем дел од парите низ некој канал, ем стечај, ем...
Значи претпоставка ми е дека или е кампањски од одредени (хм) причини или за задоволување на нечии финансиски потреби, а преку вадење на маста од тие фирми.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom