Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Што ако вашиот партнер е, условно речено, подобар од вас? Во која смисла?
Претпоставена ситуација 1:
Сте завршиле средно, сте нашле работа со просечна плата и немате никакви планови во врска со дообразување и подигнување на кариерата на повисоко ниво. Од друга страна, вашиот партнер има високо образование што му овозможува работно место кое му носи примања повисоки од вашите и има амбиции и реални можности да напредува. Во друштво добро се снаоѓа со разговори на повисоко ниво и на повеќе теми, т.е. има многу повеќе познавања од вас и знае како да се изразува.
Претпоставена ситуација 2:
Нивото на образование горе-долу ви е исто, меѓутоа општествената положба (статус) уште од раѓање ви е сосема различна: вашиот партнер стои финансиски далеку подобро од вас (роден во богата фамилија), што секако му носи поразлично место во општеството од вас.
Вие не сте во можност да си дозволите еднаш неделно (примерно) да си купите нова облека, приморани сте да ги вртите истите алишта, ви се случува често да повторувате комбинации на алишта, имате стар и досаден модел на мобилен телефон, не сте во можност сами да си платите летување и зимување, ограничен ви е буџетот за излегување во град што повлекува поретко излегување, не сте положиле возачки испит зашто немате автомобил (основно превозно средство ви се нозете или градските автобуси) и слично.
Ситуацијата кај вашиот партнер е обратна.
Вие сте личност со достоинство - немате желба да трошите туѓи пари (партнерот да ги финансира излегувањата и одморите).
Како би се чувствувале доколку се најдете во ситуација 1 или 2?
Не ми е целта да навлегуваме во дискусии од типот „Ако постои љубов, ваквите разлики се занемарливи“ или „Ако не му пречи на партнерот, не ми пречи ни мене“, туку што би се случувало во вашата душа доколку сте во таква врска? Би го чувствувале ли партнерот супериорен во однос на вас?
Објективно ваквите разлики не можат да се занемарат, тие постојат и влијаат на вас и на врската.
Дали од старт би се откажале од таква врска или што би презеле за да опстане таква врска?
Обидете се да се ставите во ваква ситуација доколку не сте биле/не сте и бидете објективни.