„Фершпед“ ги купи косовските хотели „Гранд“ и „Илирија“

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Хотелското претпријатие „Метропол”, кое функционира во рамките на македонската компанија „Фершпед”, е најповолниот понудувач на тендерот за продажба на хотелите „Гранд” и „Илирија” во Приштина, пишува денеска скопскиот весник „Лајм”.

Претставниците на македонската компанија не сакаа на весникот ниту да му ја потврдат ниту да ја демантираат информацијата која беше објавена уште во средата во Приштина дали учествувале на тендерот со највисоки понуди,.
Весникот додава дека приштинскиот бизнисмен Газменд Абраши сопственик на косовската фирма „Макси маркет”, во партнерство со македонскиот „Метропол” доставиле најголеми понуди за двата хотела: за „Гранд” - 10 милиони и 750.000 евра и 1.6 милиони евра за хотелот „Илирија”.
Абраши демантирал дека стои зад понудите, изјавувајќи дека тоа се шпекулации, но неговото име беше потврдено од речиси сите учесници на тендерот и врз основа на шифрата. Доколку биде прогласен за победник ќе биде обврзан да инвестира 20 милиони и 200.000 евра и да вработи 800 лица.
Весникот на крајот го опишува „Фершпед” како компанија предводена од влашки бизнисмени, кои вршат промет на огромен дел од капиталот во македонската економија, дека компанијата е основана во 1968 во државна сопственост, а е приватизирана по независноста на Македонија, која приватизација се оспорува и ден денес.
Контраверзната приватизација на „Фершпед” сега се разгледува од државната антикорупциска комисија под сомнение дека високи владини функционери ја злоупотребиле должноста за да му ја дадат компанијата во сопственост на Штерјо Наков.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom