bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
Наспроти тврдењата на бугарските историчари дека во 19 век Македонците имале бугарски чувства, реалноста била сосема поинаква. Како и денеска, така и во 19 век, се јавувале по 3-4 македонски фамилии во еден град, кои за финансиска корист работеле за бугарските интереси во Македонија и јавно се декларирале како бугари, но без никаква поддршка од широките народни македонски маси.
За неуспесите на бугарската пропаганда во Македонија, во 19 век, говорат патеписите напишани од бугаринот од гр. Враца, Васил К'нчов . Тој во последните децении на 19 век работи како главен училишен инспектор за бугарските училишта во Македонија, директор на гимназиите и училиштата во Солун и Сер, а подоцна станал и министер за образование на Бугарија.
Иако бугарската пропаганда вели дека Охрид бил центар на бугарската преродбенска борба во 19 век, град со најголем број бугаромани во Македонија, всушност, тоа е само една бугарска пропаганда, такво нешто немало. К'нчов вака ја опишува бугарштината во Охрид во последната деценија на 19 век: "Бугарската општина во Охрид (1893/1894 г.) едвај дише. Таа делува повеќе на име, отколку на дело, зошто никаква дејност не се забележува. Од пред 2 години не е преизбрана. На заседание се собираат едвај по 3-4 души и пак ништо не се работи, оти општинските работи се сосема занемарени. Општината секоја година ги кани граѓаните да се соберат, но никој не доаѓа" (Васил К'нчов, П'туване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведенија. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', Софија 1970, стр. 451).
Секаде кога во своите патеписи ги опишува бугарските општини по Македонија, К'нчов дава иста бројка на "општинари", по 3-4 луѓе кои за својата пробугарска активност добивале плата од Бугарија. Но, иако плаќани од Софија, К'нчов опишува дека бугарските општинари во Македонија своите деца "ги даваат на грчко образование...Во Сер (1893 г.) има 4 души бугарски општинари чии што жени не стапнуваат во бугарска црква. Еден таков случај видов и во Неврокоп" (Васил К'нчов, П'туване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведенија. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', Софија 1970, стр. 253). Како што гледаме, дури и оние Македонци кои работеле за бугарската егзархија, своите деца ги праќале по неегзархиски училишта.
К'нчов ги обвинува македонските жени дека биле антибугарски настроени, со мисла дека "се' што е бугарско е просто, долно, грубо и недоделкано" (Васил К'нчов, П'туване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведенија. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', Софија 1970, стр. 252).
Бугарштината немала никакви приврзаници ниту во пиринска Македонија и денешна источна Македонија во 19 век,факт кој К'чев прикриено ни го разоткрива во своите патеписи; дури имало повеќе гркомани или протестанти отколку бугаромани.
Кога пристигнал К'нчов во Горна Џумаја (денес Благоевград, центарот на Пиринска Македонија), горноџумајци го пријавиле на локалниот кајмакам со обвинувања дека тој бил агент на бугарската влада, дека цртал планови на градот и ја опишувал околијата, при што турската полиција го уапсила (Васил К'нчов, П'туване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведенија. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', Софија 1970, стр. 167).
За пиринските Македонци од гр. Мелник, К'нчов заклучува дека бил гркомански град, каде дури и дома Македонците (кои тој ги нарекува бугари) говореле грчки. Во Мелник покрај домородните жители, најбројни во 1894 г. биле бегалците од гр. Негуш, егејска Македонија, од македонското племе пуливаци "(Васил К'нчов, П'туване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведенија. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', Софија 1970, стр.141).
Петричаните повеќе биле "славјански" па како опишува К'нчов "имат 16 ц'ркви, от които в 14 се служи сега по славјански и в две по гр'цки, именно в малката градска и в ц'рквата на селото К'рнилово".