Колку пари се потребни за отворање на спортска кладилница ?

Член од
31 мај 2009
Мислења
1.270
Поени од реакции
2.669
Сите знаеме дека најголемите пари денес се вртат во спортските кладилници. Се вложуваат големи суми на пари, се добива, се губи, но како и да е во повеќето ситуации сопствениците на кладилниците скоро секогаш имаат голем профит.

Можеби некој од вас има некој пријател, другар што има спортска кладилница, или роднина, сосед, или пак можеби токму некој од вас е сосптеник на некоја спортска кладилница, па од прилика ако имате некоја информација може да пишете од прилика колку пари се потребни за отворање на спортска кладилница.

Ова ме интересира чисто информативно, бидејќи сум разговарал со многу луѓе и мислам дека во денешно време да си сопственик на спортска кладилница би имал најголем профит, па за тоа и љубопитен и сакам да знам колку пари се потребни за вакво нешто.
 
Има милион закони за да работиш со легален комар.Треба да имаш на страна на сметка да ти лежат со многу нули еура ( не знам колку поточно) и да не ги пипаш.Тие пари се пипаат само во случај на ептен да не може да се исплати некоја добивка/коло и тоа со милион образложенија и со рок на враќање минимален или пак со огромна камата. Нешто слично како за банка кога сакаш да отвориш.За една филијала треба да имаш 10 милиони евра на страна остаени и да не ги пипаш. Тоа е воглавно,за друго што те интересира....прашај
 
10 милиони, нема теоретска шанса!!! Тоа се огромни пари што искрено не верувам дека има некој во Македонија толку. Баш на сител тв гледав за ова, и кажаа дека треба да имаш 500 000 евра и можеш да влезиш во тој бизнис.
 
Читаш дека тој кажува пример доколку сакаш да отвориш банка а не кладилница.

Инаку не знам и тоа што ти тоа го кажуеш колку е издржано со оглед на фактот дека на секој чекор има кладилница, премногу пари се тоа доколку споредиш со кладилниците.
А тоа јас што го имам чуено според некои чаршиски муабети од луѓе кои се занимаваат директно или индиректно со оваа работа за да влезеш у бизнисот со кладилници доволни би ти биле околу 30-40.000 евра.

Сепак не ме држете за збор. :smir:
 
Читаш дека тој кажува пример доколку сакаш да отвориш банка а не кладилница.

:nesvest:

Па нормално дека ќе има на секој чекор кладилница кога цела Македонија ги остава парите на тоа.
 
Веќе не се вртат до толку големи пари како што се вртеа пред 10 години, многу конкуренција има сега. А за отварање милионче не ти бега... викам еври...
 
Кладилница можеш да отвориш и со помалку пари,доволно е да имаш 8 квадрати простор,што е максимумот за просторија каде се уплаќа,а се другото го има некоја од поголемите кладилници кој имаат депонирано средства за гаранција,мислам дека беа 200 000 евра,со што се стекнуваат со право за отварање 24 уплатни пунктови.А другото е чист ќар,без фискални и слични заебанции,се собираат пари на големо.Кладилниците покрај другото треба да бидат според законот и “сопственици“ на одреден спортски клуб,за да се стекнат со лиценца,ама тоа никој не го почитува,особено во Македонија,каде се е наопаку од законите пропишани за одредени дејности,особено вака високопрофитабилни.
 
Веќе не се вртат до толку големи пари како што се вртеа пред 10 години, многу конкуренција има сега. А за отварање милионче не ти бега... викам еври...

Да порано дури и јас одев во кладилница. Тогаш билтен плаќав 10 денари, сека секаде е без пари минимална уплата е 30 денари сега. Сега имаш милион утакмици милион начини за игра а сето тоа води кон поголема шанса на добивка.
 
Добивка?Да,ама за газдите на кладилници.Инаку немаше поединци да возат Ламборџини по Охридон,како еден од нив.:toe:
 
Ама море брат, секој сакат со 50 денари да фатит над 100 евра. Епа неможит така. Напрај некое "сигурно" за добивка од 500-600 денари, шансите да добиеш се многу големи искрено.
 
Гледам,секојдневно гледам како “сиромаштијава“ ги празни џебовите на газдите од кладилнициве.Ги доведе на “питачки стап“,додека другите бизниси “цветаат“,кладилнициве иако непрофитабилни никнуваат како печурки после дожд.И што е најинтересно,една кладилница отвара по неколку уплатни пунктови,еден до друг,со законов за 8 квадрати.Згора на се,плаќаат и по 500 евра кирија за 8 квадрати простор,токму со “сигурните“ ливчиња од по 500-600 денари.:toe:
 
Јас знам многу кој земаат по една просечна плата месечно од кладилниците. Нормално дека кладилниците се во ќар бидејќи таквите се ретки, а за жал има многу кои немаат појма што пишат само за да си ја пробаат среќата.
 
Па влог од 4-5 000 евра за да се отвори еден модерен уплатно/исплатен пункт,и не е лошо една просечна плата од 500 евра месечно,со што влогот ти се враќа за само една година.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom