- Член од
- 6 јуни 2009
- Мислења
- 3.094
- Поени од реакции
- 445
Совети кои треба да ги има во многу почетнички прирачници како да користите комјутер, а ги нема.
Ако ги следите, шансите причината на вашите нервози да биде компјутерот прилично ќе се намалат.
Темава е отворена секој да даде свој совет. Јас сега ќе напишам неколку.
Да почнеме.
1.НЕ користете корисник со администраторки права.
Ова е најголемата грешка која може резултира со многу проблеми на вашиот комјутер. Ако го следите овај совет, периодите помеѓу досадните и мачните преинсталации на оперативниот систем, попознати како формат, ќе се зголемат барем двојно. Ако преинсталирате на два три месеци (што е апсурдно за мене), сега тоа би го правеле најмногу два пати годишно.
Еве како да НЕ се користи администраторски корисник.
Го инсталирате оперативниот систем. Системот ве прашува за да направите нов корисник. Вие го правите тој, нормално. Инсталире драјвери и основни потребни програми. Кога ќе инсталирате се што е потребно, ПРАВИТЕ нов корисник. Без администраторски права. На Windows XP тоа е наречено Ограничена корисничка сметка (Limited User Account) а на Windows Vista и понови (Server 2008, windows 7, server 2008 R2), тоа е наречено Стандарден корисник (Standard User).
Ако не знаете, еве со слики како се додава нов корисник, на XP, на Виста и понови.
Што се придобивките од ова.
Кога програм се извршува под Стандарден корисник, тој нема пристап да запишува до папките Program Files, Windows, ProgramData, и други важни системски папки. Така, ако вирус се активира, тој самиот нема да може да направи никаква штета во системските датотеки. Ќе може да направи штета на некои ваши датотеки, но како што мнозинството вируси целат кон системските датотеки (не е интересно да се уништуваат ворд доккументи), тие едноставно се онеспособени. А и вие самите нема да можете да правите исмени во горенаведените папки. (а и не треба)
Нема начин да се помине покрај ограничувањата на стандардниот корисник, освен да се програмот да се пушти со корисник со Администраторски права на кој задолжително треба да биде ставена лозинка.
Други придобивки од заштита на вируси се тоа што не може да се инсталираат програми под Стандарден корисник. Само тој што ја знае лозинката од Администраторот ќе може да инсталира програми. Веројанто не сакате некој си трет да ви инсталира некоја глупост.
Причини зошто многу користат Администратоки корисник. На Windows XP, од навика од постари ОСи каде немаше ваква поделба на корисниците (имаше во вин 2000 ама 2000ката не беше коритена нашироко) многу избираја Админ. А и ограничениот не беше баш најдобро сработен. Ама сепак пак е препорачливо ова да го користите и на XP.
Кај виста работите се сменија. Стандардниот корисник работи беспрекорно.
Во виста, дури ако сакате да инсталире нешто, наместо да менувате корисник и да влегувате во администраторскиот, има опција Десен клик>Стартувај како админ. Нормално ќе бидите прашани за лозинката.
Уште едно олеснување е тоа што инсталациите се озналени дека им требаат администраторски права. Така на некои инсталациони датотеки има едно штитче во Windows Explorer. Доволно е да ја отворите со двоен клик (не треба десен клик) и ќе се појави прозорчето за лозинка. Е сега, можно е и некој вирус да е означен така. Значи ако нешто што не е инсталација, а има штитче на него, тоа треба да се провери. Крак не треба да има штитче (освен некои триал ресетери).
(Штитчето ќе го забележите и кога менувате нешто во контрол панел. Значи дека се потребни администраторски права за да ја направите таа измена).
Накратко сумирано, коритете админ само за инсталации. За се друго стандарден.
2.Редовно надоградувајте го вашиот ОС, без далика дали е Windows или Linux.
тоа значи најнов сервис пак, најнови апдејти. Windows Update обично самиот се грижи за ова, освен ако не сте го исклучиле.
Заедно со ова. Користете понов ОС ако можете. Ако имате XP а вашата машина поддржува Виста, и мислите дека време е за преинсталација, ставете Виста. Или виндоус 7 ако сакате. Тие два се многу монуг посигурни од XP
3.Користете антивирус, никогаш не исклучувајте Firewall
Прво за firewall. Никогаш не го исклучувајте. ако сте влезени во стандарден корисник, тој и неможи да се исклучи без лозинка.
За антивирус. По можност користете некој за кој се плаќа, ако не, тогаш бесплатен. За да не рекламирам, ќе ги набројам само 3 бесплатни: Avira Free, AVG Free и Avast Free. Од платните, во моментов (лето 2009) според многу тестови најдобри се (азб. ред): Avira, Kaspersky, NOD32, Norton.
Толку за денеска.