Опсесивно - компулсивно нарушување

  • Креатор на темата Креатор на темата Kicky
  • Време на започнување Време на започнување
K

Kicky

Гостин
Вака, еден мал вовед во темава, да знаете за што се работи:

Опсесивно компулсивна невроза е пореметување на личноста која ја карактеризираат присилни идеи и мисли кои се неприфатливи, бесмислени за личноста. Меѓутоа личноста не може да ги контролира па не знае од каде доаѓа нивното настанување. Компулсивното однесување често се одликува со ритуално повторување на определени работи. Личноста смета дека доколку не ги повтори тие работи може да и` се случи нешто лошо.

Мене често ми се случува ова што дури и ме тера да се плашам да не станам невротична и да не ми премине во опсесија. Кога ќе излезам од дома за да одам на школо се враќам по неколку пати за да проверам дали е заклучена вратата, дали сум ја оставила пеглата вклучена или дали сум го затворила прозорецот од собата кога никој нема дома. Затоа ја отворив и темава, можеби и некому му се случува истово.
Можеби секој човек го има искусено ова, прави некои бесмиселни работи по неколку пати само за да се осигура.
Ми кажаа не е опасно доколку не се случува често, меѓутоа ако е доста често се лекува со психотерапија.

Ме интересира дали на некому од вас му се случува слично?
 
Избегнување на линиите на тротоар, т.е. газење само во полни коцки? Поминување со рака по рабови од крај до крај? Чувство дека копчињата на тастатурата никогаш не се правилно притиснати (т.е. ќошкасто или недоволно) и потреба да се притиснат пак за да се поништи неправилноста? Yeah, I sort of like it. :)
 
Мислам дека сите го имаме искусено ова. Јас на пример по сто пати ќе проверам дали бојлерот е исклучен пред да се бањам. Но има начин како да се ''излечиме"'. Кога правиме нешто што не тера на опсесивно компулсивна нервоза, ќе се концентрираме само на тој детал и мислам дека ќе бидеме сигурни дека сме го сториле тоа.
 
Избегнување на линиите на тротоар, т.е. газење само во полни коцки? Поминување со рака по рабови од крај до крај? Чувство дека копчињата на тастатурата никогаш не се правилно притиснати (т.е. ќошкасто или недоволно) и потреба да се притиснат пак за да се поништи неправилноста? Yeah, I sort of like it. :)

Ист проблем. Само кај мене е покомплициран и помачен. Ај што газам во полни коцки, некош па само по линии, туку и несвесно бројам колку сум чекори сум поминал така, потоа нешто друго бројам и така до немајкаде веќе многу години наназад. :uvo:
 
Yey...си се пронајдов! :пос:
Порано ептен бев “забеган“...сеа “можам“ да се контролирам :)
 
Една моја познаничка има таков обичај...да брои нешто по три. Пример...коа ќе помисли на нешто...се чеша три пати за дланка...или три пати тропа со ногата...или се допира по чело три пати. И мисли....ако не го направи тоа дека ќе и се случи нешто лошо :) Тоа гласчето и збори да направи нешто три пати.
Мала чврчка у главата имае сите....и се е добро нели...доколку е мала! :)
Шмек...по 3пати!...:smir::smir::smir:
 
ОМГ, се пронаоѓам тука некаде
Да, често откако ќе излезам знае да ме фати паника дали сум ја изгаснала пеглата, сум ја заклучила вратата. И остај тоа и другите околу мене ги паничам и тие да се мислат. Ми се случило да не си поминам убаво се додека не се вратам и осигурам дека сум ја исклучила печката на пример, или пак да се вратам веднаш само да видам дали се' сум оставила како што треба.
Можеби е така дека тие основни работи (како заклучување врата) се случуваат несвесно, без размислување и тоа е рутина со која човековиот мозок не се оптеретува, и во еден момент ако се запрашаме дали сме го направиле тоа, едноставно не се сеќаваме.
 
Мене ваква паника ме фаќа кога сум сама т.е. кога моите не се со мене :kesa:
По сто пати проверувам дали сум ја исклучила пеглата, пресата за коса, дали сум заклучила врата, дали шпоретот е исклучен... ова со шпоретов посебно важи пред легнување, цело време ми се мота низ памет дека не е исклучен иако сто пати сум проверила. Понекогаш до толку забегувам што на пр. кога сум сама со дечко ми, од страв да не не е исклучен го праќам и него да провери и ќе провери и пак кога ќе легнам се секирам да не не видел убаво...:tapp:

Незнам дали сум несигурна во себе по ова прашање, дали сум паничарка или па нешто сосема трето.
 
Тоа е проблем кога човек механички ги извршува тие работи по автопилот :icon_lol:, па кога ќе си го врати своето внимание кое е на Бахамите и пие коктел Sex on the beach често мора да ги повтори тие акции. Ми се има случено ама не премногу често затоа што гледам да сум присутен тука во моментот кога ја извршувам таа акција :toe:.
 
Оф мори мајко... Јас мислев дека ова суеверие се викало. Сега имам и ...опсесивна whatever:).
 
броење во себе за колку секунди ке појдам до продавница...или пак по кеј коа идеш нели има коцки на бетонот, секоја коцка ја поминував со по 2 чекора, ама тоа беше порано бедејки имав помали чекори...сега е поинаку, а и не му обрнувам толку внимание на тоа...
Читајки ги сите посови пред мене заклучиве дена кај 90% од лиѓето се јавува тоа, причина е стравот, страв од: дека ќе предизвикаме пожар, дека ке му овозможиме на крадецот да влезе дома преку врата...или страв дека ке пропаднеме во црните дупки на пешачки....или друга прилина или можеби се тоа само лоши навики, овие другите: чешање по три пати, фаќања за газ коа ке видиме “баксуз“..
Се у свему не е ништо сериозно, барем ја така гледам на тоа, не ни треба психолог, ниту пак треба да се срамиме од нашите навики, едноставно тие се дел од секој нас.

го иступев уп:smir:
 
Денеска ја открив мојата нова опсесивно компулсивна нервоза. Морам цело време да си ги проверувам џебовите додека се возам во такси, при тоа да проверувам дали парите ми се во рака.:kesa:
 
Опсесивно барам математичка логика во регистрации од коли, гледам да не стапнам на линии на земја, бројам катови на згради, кога ке измијам раце отварам врати со лактовите и уше мн мн срања...ај барем не сум единствен :wink:
 
Опсесивно-компулсивно нарушување

има тука терминологија,
да, таа болест е од групата на неврозите (но веќе терминот неврози во психопатологијата не се користи, и се смета за стар, и треба да се изостави)

кој што има ваков проблем треба да се лечи, со лекарства и со психотерапија, болеста може да се овладее речиси 100%
 
ПОминато кога бев депресивна во пубертет 2 години мислев ако направам ова и ова се ќе биде во ред
not...
Со тек на време се нормализирав .
Терапија :фаќање дечко и добар секс :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom