Дали сте биле со партнер/ка кој на почетокот феноменално се однесувал/а и за подоцна кога таа врска требало да се продлабочи тој/таа заминува со изговор дека премногу барате?
Ќе дадам поконкретен опис на даденава тема за да се добие подобра слика на она што мислам. Според мене овој тип на луѓе се вечни адолесценти. Зошто? Бидејќи заглавиле во средните дваесетти години од својот живот. Ова не секогаш е лесно да се открие, затоа што е во прашање пред се емоционалниот склоп и намалениот капацитет за учество во одност, повеќе отколку секојдневните животни ставови и постапки.
Овие луѓе навидум имаат многу разоружувачки привчечни особини. Тие се детинести на сигурен и мил начин. Обично се многу снаодливи, бидејќи се шармантни. Во нивно друштво останатите се чуствуваат пријатно и опуштено. Сиот свој живот го опишуваат како забавен. И како одат годините постојано си повторуваат дека сеуште има време за идеална жена или маж. На крајот секогаш тоа повторување е всушност оправдување за својот живот во вечната адолесценција.
Зборуваат за одговорност и одлучност, НО бегаат кога ќе дојде ред да се побара тоа од нив. Можат да бидат нежни со партнерот, но не сакаат да пораснат заедно со него и да се однесуваат како зрели луѓе. Кога односот ќе дојде со степен кога е ПРИРОДНО да се продлабочи, обично се повлекуваат и се преплашуваат..
Тие се слепи за своето длабоко одбивање и не согледуваат дека нивните младешки настапи служат како браник и одбрана од блискоста. Нивниот најголем страв е да не бидат фатени во замка, бидејќи тие навистина цврсто веруваат во својата автономија. "Давањето" и "примањето" ги активираат нивните најдлабоки стравови од врзување и зависност..
Обично се сметаат за големи авантуристи, а бракот или посериозната врска е настан за кои никогаш не се подготвени. Овие луѓе се извонредно фрустрирачки за останатите кои бараат стабилност и врска, бидејќи сето она што останатите природно се стремат да го зацврстат, "вечнисте адолесценти" го разнишуваат.. Единствено треба да направат нешто гадно за другиот партнер да се ослободи од него и да биде среќен што го откачил. Но обично не се прават такви гадости од овој тип на луѓе. Нивната единствена гадост е одбивањето да пораснат......
Што мислите дали постои надеж за овој тип на луѓе ? Дали ако им се посвети доволно внимание, време и живци повеќето од нив можат да пораснат, да се оженат/ омажат и да создадат семејство ? Или ќе си останат " вечни адолесценти " ?