Bratot
Стоик и Машкртник!
Неговото учество во организациониот живот на ВМРО (Обединета) и по линија на Бугарската комунистичка партија посебно доаѓа до израз во годините од 1928 до 1930. Значаен е неговиот придонес и во организирањето на нелегална партиска печатница во 1931 година.
На изборите за 23-то Народно собрание, одржани на 21 јуни 1931 година, Христо Трајков беше избран за народен пратеник, од листата на Работничката партија.
Како претставник на народот, Христо постојано е во врска не само со македонските емигранти во Софија, туку и повеќе градови и села во провинцијата. Критикувајќи и демаскирајќи го Македонскиот комитет и неговата поврзаност со михајловистичката ВМРО, Христо Трајков трајно ја навлекува омразата на македонските врховисти и родоотстапници.
На први април 1932 година три сомнителни лица му предаваат ултимативно писмо со кое се бара да се откаже од својата активност сред македонската емиграција, во спротивно ќе биде извршена издадената смртна пресуда.
Останувајќи доследен на својата определба за решителна борба со се што е конзервативно и антимакедонско, Христо Трајков веќе на наредното заседание на Собранието излегува со една опширна декларација, насловена како "Одговор на убијците на ВМРО":
"... Со злосторна цел да ја заплашат емиграцијата и да го испровоцираат населението во Петричко, тие стари проститутки на бугарската Влада и дворецот започнаа со заплашување, усмени и писмени предупредувања, ѕверски тепања, убиства, се во името на 'слободна и независна Македонија' ... Со јавната намера на сила да ме натераат да се откажам да работам за Македонија и да развивам дејност како приврзаник на Гоце, 'пријателите' немајќи друго оружје за борба со приврзаниците на идеите на Гоце, се зафаќаат со предупредување и заплашување... Денес за секој чесен Македонец е јасно дека ослободувањето и обединувањето на трите распарчени дела на нашата татковина - Македонија, ќе дојде не по пат на индивидуални терористички акции, туку по пат на масовна револуцонерна борба на македонскиот поробен народ... Што се однесува до мене изјавувам дека сум подготвен секој момент да ја задоволам вашата жед за македонска крв и да си ја дадам главата за слободата и независноста на Македонија. Кому му е потребно тоа, нека заповеда, но нека се знае дека ќе се борам до последниот здив!
Народен пратеник, Христо Трајков - Македонец, роден во Кукуш".
Покрај јавното читање на Декларацијата во Собранието, истата Христо Трајков ја испраќа и до сите весници во Софија, но нејзината содржина е објавена само во прогресивните бугарски весници. Со ова фактички е запечатена судбината на Христо Трајков.
Меѓутоа, тој сознавајќи ја големата улога на печатот соработува со повеќе прогресивни и антиимперијалистички весници. Во текот на една година, народниот пратеник Христо Трајков, со ретко мајсторство во најсоодветен момент ги апострофира заплашувањата, клеветите и демагогијата на силните на денот. Тоа ќе има за последица многу пати под изговор за воведување ред, да му биде одземано пратеничкото право на говор во Собранието.
Лажно обвинет од полицијата, по сила на Законот за заштита на државата, е затворен во централниот затвор, во летото 1932 година. Меѓутоа, на судскиот процес, и покрај барањето да биде осуден на три години робија, поради немање докази е ослободен.
Револтиран од се позачестените убиства сред македонската емиграција од страна на атентаторите на ВМРО на Ванчо Михајлов, Христо заедно со уште тројца Македонци пратеници, на 2 ноември 1932 година испраќаат писмо до министерот за внатрешни работи во кое се вели:
"Господине министре,
Македонските 'братоубиства' не се веќе обични братоубиства, туку се масовни убивања на македонската емиграција во Бугарија и на населението во Петричко. Нема да биде пресилно ако кажеме дека Бугарија за македонскиот народ стана гробница... Во Бугарија нема улица, ниту град што не се испрскани со македонската крв... Со убиства, грабнувања и незнаен терор над емиграцијата и населението во Петричко се исцрпува активноста на ВМРО (Врховистите)...".
Со ова писмо ја изрекува и својата пресуда.
24 јануари 1933 година, Христо излегува од Народното собрание порано без да се јави на некој од своите другари, поради што со него не се наоѓаат определените чувари... Снежна вијулица беснее по улиците.
Часот е 18. Христо Трајков веќе се приближува кон улицата 'Искар'. Притоа, забележува дека по него брзаат три непознати лица... Му доаѓа сомнителна мисла дека го следат и тој ги успорува чекорите. Додека да стигне до аголот на двете улици, едниот од нив го претекнува и му го попречува патот. Христо брзо го вади револверот, но другите двајца му скокаат на грбот. Започнува кратка борба, а потоа се слушна глув истрел.
-Убијци! - одвај чујно извикува Христо, но гласот му се губи во злокобниот екот на новата стрелба. Од шесте смртоносни рани блика крв... Христо Трајков паѓа како покосен. Убијците бегаат на различни страни, необеспокојувани од никого...