И јас сеа се запишав во средно (Јосип Броз-Тито)и решив дека треба да ја отворам темава за да видам што ме чека.Пишувајте се и сешто во врска со школото за да видам дали сум направил добро што сум се запишал таму.
Позз
Позз

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Со техничкиот персонал ќе немате никаков проблемСите тетки што чистат се душички
![]()
Аооо, добредојде
Oдам сега на школо, па ќе ти пишам од мое гледиште што мислам јас за школово.![]()
Прво добредојде
Немој да очекуваш нешто којзнае што од школовоИсто е како и сите други гимназии, само што може да се рече дека има поквалитетен професорски кадар. Сепак, знаењето што ќе го добиеш нема да биде поразлично, или пак повисоко од она кое се добива во другите гимназии. Ќе видиш многу правди, многу неправди. Во главно, има дружење помеѓу учениците, меѓутоа сепак постои и една делба која ја практикуваат одредени личности. Таа делба ќе биде врз основа на облека, пари, начин на зборување и слично. Но сепак, малку се тие таквите.
За професорите што ти се паднале (штом си прва оваа година), ќе ти препорачам да внимаваш малку. Сепак ја имаш полошата комбинација. Не е за да те плашам, не е дека се ѓаволи, и кај нив е лесно, меѓутоа малку повеќе дисциплина.
Мислам дека твојата генерација го добива пакетот на постари професори, и токму затоа од аспект на однесуввање внимавајте, и немојте многу да се опуштате на почеток.
Најважно од сè е што неколку пати годишно треба да бидеш спремен (не само ти, туку сите нови) да слушнеш дека има бомба во школото
Тоа некои коа немаат што да прават си го практикуваат како забава. Ние лани во рок од еден месец, 3 бомби имавме. Али за такви периоди, тука е Пјаца, тука е Казабланка, тука ти е кејот со сите други кафичи, биљард, пинг-понг итн.
Внимавајте малку со сменоводителот. Типот иако е добар, малку си е наопаку и може да откачи некогаш за неништо да си го однесете.
Со техничкиот персонал ќе немате никаков проблемСите тетки што чистат се душички
Очекувајте втора година малку да ве зафркаваатСепак сте помали, а и сите сме поминале преку тоа.
И за крај, нека ви е со среќа почетокот во Јосип Броз, па да слушаме само добри работи за новата генерација која оваа година седна во клупите на оваа скопска гимназија.
гладиус:salut:
Фала ви и на тебе и на гладијатус денес беше многу смешно коа пробуваа да зборат од толку галама никој не ги слушаше така да додека да се собереме помина повеќе од пола час.Иначе класна ми е Ружа по математика а мислам дека Ачкоска не ми предава(барем не за оваа година).Сакав само да прашам што предава Олга???Сега ќе ти кажам впечатоци од школото за овие 3 години поминати таму, оваа ми е веќе 4та.
Почнувајќи од професорите, секако зависи кај кој се погодиш. Има некои се разбираат од збор, на некои мораш да им се качуваш на глава за пуста информација да извлечеш од нив, некои се тотално неодговорни и како класни и како професори, има некои што врска немам ни како ги примиле. Како што кажа гладиус, тебе мислам дека ти се падна построга постава на професори, со познатите Ачкоска и Олга во комбинација. Ачкоска за многу е ѓавол, ваква таква, но жената сите ја почитуваат затоа што кај неа нема врски, ако немаш врска од предметот ќе те остави на полагање без око да и трепне. Син му на Црвенкоски кај неа на крај година имаше 2ка, па сега види
Кај Олга добро ќе ти биде само ако ти е класна, ако не, сочувство, ѓавол од жена. За овие години што сум јас таму многу професори од построгите отидоа во пензија па сега се се` помлади и помлади и некако како да расте слободата кај учениците слободно да се искажуваат, да контрираат и слично.
Од моја гледна точка би ти кажала нешто. Ако си спортист и ако мислиш дека ќе наидеш на разбирање од професорите, барем малку, си се излажал, затоа што за ова време мене само 2-3 од нив дали ми честитале за успесите кои ги имам, а никој не ме прашал ни до каде сум.
Така да, ако мислиш дека ќе имаат разбирање за тебе за тоа што имаш помалку време да научиш од другите, тешко. Досега само една професорка мене ми помогна во врска со тоа, ќе ја споменам јавно, Катерина математика и затоа многу ја почитувам и како професорка и како човек пред се`.
Што се однесува до организацијата од школото, директоркава верувам ја виде сабајлево. Нареден пат ќе ја видиш кога ќе матурираш, зошто жената само тогаш се појавува на работа. Во текот на школската година, сменоводителите се директори. Се губат многу часови, можеш кај повеќето професори и да си излегуваш од час, да правиш што сакаш, да одмараш, да спиеш. До последно се чека на секоја одлука, во 5 до 12 ги средуваат сите работи. Значи ЈБТ е тотално дезорганизирано школо. Освен за екскурзии, многу нормално.
Децата се како деца, ги има секакви, нема врска тоа што викаат во ЈБТ оделе вакви, такви. Сега сите сме различни и сите си наоѓаме слични со нас со кои подоцна се здружуваме, така да сигурно ќе најдеш ново друштво ако веќе имаш и од основно некои другари. Ако мислиш дека не ти е погоден класот, уживај, во трета година пак ќе ве промешаат по насоки.:wink:
Во врска со персоналот не се согласувам со гладиус, затоа што некои од хигиеничарките не се ни воспитани како што треба. И јас мислев исто како него додека еден ден не отидов да го барам проф. по спорт во сала и стоеше една на врата. И велам Добар ден се извинувам и уште не сум дорекла ми вика КАЖИ ДЕВОЈКО :nerv: како да сум и убила фамилија. Не ги заклучуваат соблекувалните, па кај мене во клас често се крадеа работи од соблекувални, мобилни, пари, така да би те советувала паричникот и мобилниот да ги носиш со тебе во сала и да ги оставиш на клупа кај професорот.
Една хигиеничарка, познатата Цаци која воедно е и портпарол на ЈБТ, бара цигари од тие кај мене што пушат за да ни отвори побрзо вратата од сала да излеземе, да не го чекаме професорот.
Тоа што е средено школото, средено е, ентериерот е среден, како што можеше да видиш денес, клупите, столчињата, компјутерите се здрави, кабинетите се средени и очувани, тревата се коси чатпат (кога нема да го фати мрза Никола).
Ама знаеш, не жалам што се запишав таму. Запознав прекрасни личности и odmazni4ka. Поминав и верувам дека ќе поминувам прекрасни моменти, незаборавни и да можам пак да се запишам во средно, пак би го одбрала ЈБТ.
Друго нешто ако те интересира тебе и новите што сте, пишете
П.С. Која ти е класна?![]()
Фала ви и на тебе и на гладијатус денес беше многу смешно коа пробуваа да зборат од толку галама никој не ги слушаше така да додека да се собереме помина повеќе од пола час.Иначе класна ми е Ружа по математика а мислам дека Ачкоска не ми предава(барем не за оваа година).Сакав само да прашам што предава Олга???
ПОЗЗ
За Олга да ти кажам. Ќе слушнеш од многу дека е лоша, дека е вештерка и слично. Мене ми предаваше во трета и можам да ти кажам дека жената е една од најправедните професори во цело школо. Ич да не се тресете кај неа. На одговарања, ако види дека знаеш те остава на раат, ако види дека нешто имаш учено се обидува да те натера да размислиш и кога ќе погрешиш при одговарање се обидува да ти укаже на грешката.Фала ви и на тебе и на гладијатус денес беше многу смешно коа пробуваа да зборат од толку галама никој не ги слушаше така да додека да се собереме помина повеќе од пола час.Иначе класна ми е Ружа по математика а мислам дека Ачкоска не ми предава(барем не за оваа година).Сакав само да прашам што предава Олга???
ПОЗЗ
Олга предава хемија, а за класната.. го имаш најголемиот фосил од класна, можеби изгледа мутаво, ама не е
. Ќе видиш сега од утре кога ќе и се разместите ќе почне да ви вика ти ученик не седеше онаму? Ајде врати се
![]()
За Олга да ти кажам. Ќе слушнеш од многу дека е лоша, дека е вештерка и слично. Мене ми предаваше во трета и можам да ти кажам дека жената е една од најправедните професори во цело школо. Ич да не се тресете кај неа. На одговарања, ако види дека знаеш те остава на раат, ако види дека нешто имаш учено се обидува да те натера да размислиш и кога ќе погрешиш при одговарање се обидува да ти укаже на грешката.
За Ружа можам да ти кажам само да не се зафркавате со неа. Спомнав, ви се падна старата багра професори што се попринципиелни.
Инаку и кај нас беше исто (се сеќава и Џену ваљда), дента кога нè читаа. Никој не слушаше, секој со секого си збореше
Уште еднаш со среќа, и за што и да треба како информација во врска со ЈБТ обрати се кај мене
гладиус
Фала за препораките ќе гледам да ги искористам што подобро.Ќе бидеме во контакт преку форумов.Туку сакав да прашам дали негде се оди на екскурзија и кога(зборам за прва а и за понатаму)????
П.С.Денес за жал немавме клупи и моравме да стоиме така да нема да мора да ни вика
П.П.С гладиус извини што ти го утнав никот во предходниот пост
Позз :salut:
Да, два пати во годината за прва и втора, во Струга во Галеб се оди. Така да наскоро би требало да одите на екскурзија.
Аууу за екскурзии не се секирај. ЈБТ највеќе ги има. Во октмоври мислам првата ќе ви биде. Инаку за клупи не се секирајтеФала за препораките ќе гледам да ги искористам што подобро.Ќе бидеме во контакт преку форумов.Туку сакав да прашам дали негде се оди на екскурзија и кога(зборам за прва а и за понатаму)????
П.С.Денес за жал немавме клупи и моравме да стоиме така да нема да мора да ни вика
П.П.С гладиус извини што ти го утнав никот во предходниот пост
Позз :salut:
Фала за одговорот а која е најдобра професорка по тебе??
Тоа заборавив да прашам предходно