
Од Windows 3.1 до Windows Vista, Windows оперативниот систем секогаш донесувал новини. Иако Vista не доби многу пријатен прием од некои корисници, Windows 7 донесува новини кои ќе ги задоволи сите критики кои беа упатени кон Vista.
Всушност нема големи промени во изгледот на Windows 7 во споредба со Windows Vista. Microsoft се фокусираше на фидбекот од корисниците и креираше оперативен систем кој не е само стабилен, туку и многу способен.
Што има ново во Windows 7? Еве 10 интересни работи кои Windows 7 ги има, а Vista нема.
1. Протреси за чист десктоп
Ако сте еден од оние луѓе кои имаа 10 Notepad фајлови вклучени, 20 explorer прозорци и уште многу апликации вклучени, тогаш со оваа функција многу лесно ќе ги минимизирате сите прозорци кои не ви требаат. Селектирајте го прозорецот во кој работите и протресете го лево-десно. Сите останати прозорци ке се минимизираат.
2. Листи за брзо одбирање (Jumplist)
Оваа функција ви овозможувада ги видите последно користените фајлови за секоја апликација. Со десен клик на иконата од апликацијата на таскбарот, ќе се појави листа со фајлови кои биле користени од селектираната апликација.
Слика: Слика 2
3. Чекор напред во преглед
Во Vista со позиционирање на курсорот врз минимизиран прозорец, се појавува мени со thumbnail поглед од минимизираните прозорци. Windows 7 ја прошири оваа функција со тоа што сега можете директно да го затворите прозорецот од thumbnail менито, а со позиционирање на курсорот врз еден од thumbnail-ите сите прозорци ке станат транспарентни со што ке се појави само прозорецот кој сакате да го прегледате
Слика: Слика 3
4. Брзо менување на големината на прозорецот
Само селектирајте го прозорецот и повлечете го до еден од рабовите на вашиот екран. Со влечење до левиот или десниот раб прозорецот ќе зафати половина од вашиот монитор, додека со влечење на горниот раб прозорецот ќе се зголеми на целиот монитор. Истот ќе го постигнете и со комбинација од од Windows тастерот и една од стрелките на тастатурата.
5. XP мод
Ако вашата апликација не работи правилно на Windows 7, (се однесува на апликации наменети за XP) се што треба да направите е да го симнете XP модот од веб страната на Microsoft. Со овоа вашата апликација ќе работи во емулирана XP околина. XP МОД.
6. Едноставен и брз начин на прилагодување на повеќе монитори.
Ако често поврзувате повеќе монитори на вашиот компјутер, тогаш со едноставно притискање на Windows тастерот и P (Win + P) вашиот десктоп веднаш ќе се растегне на двата монитори или дуплицира.
7. Снимање на чекори од проблем
Со овој додаток можете да ги снимите сите чекори од вашиот проблем, т.е. кога ќе се сретнете со некој проблем кој не можете да го решите, едноставно снимете ги сите чекори кои ги правите кога ви се појавува проблемот, а после можете да го зачувате како зип фајл и да го пратите на некој пријател или призводителот кој ке ви каже солуција.
8. Центар за акции ( Action Center)
Центарот за акции е новиот центар за безбедност (Security Center) во Windows 7, заедно со известувањата за закрпи, решенија за проблеми и опции за репарирање на Windows и restore points. Всушност овие известувања на некои корисници им сметаат, но сега само со еден клик можете да ги исклучите или да ги решите сите проблеми на едно место.
9. Закачете се што сакате на таскбарот
Во Windows 7 таскбарот е празен и можете да закачите било што на таскбарот и автоматски ке се поврзе со својата соодветна програма. Исто така иконата за покажување на десктопот која порано стоеше во quick launch просторот, сега е сместена на крајот на таскбарот. Исто така има и нова функција, само со задржување на курсорот врз правоаголникот ќе добиете брз преглед од десктопот.
10. Вграден ISO снимач
Сите сме се нашле во ситуација каде треба да снимиме ISO фајл (пример кога треба да го снимите ISO фајлот од Windows 7 beta или RC) на DVD. Со Windows 7 немора да симнувате или инсталирате додатни програми за снимање оптички медиуми. Едноставно клкните двапати на ISO фајлот и веднаш ќе се отвори прозорец кој ќе ви даде неколку опции за снимањето, кликнете Burn и за неколку минути вашето DVD ќе биде снимено.
Слика: Слика 10
[Мод] Преземено од http://tehnologija.com.mk/index.php...sk=view&id=2102&Itemid=2&limit=1&limitstart=0