Монументална склуптура ќе го краси музејот на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата ilija^veles
  • Време на започнување Време на започнување

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
„ПАЈОНСКА СВЕШТЕНИЧКА“ ЌЕ ГО КРАСИ МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА
Монументална скулптура „Пајонска свештеничка“ изработена од бронза, висока три ипол метри чиј автор е скулпторот Сретко Јовановски, е поставена во дворот на Музејот на Македонија.
0FB21514D0034641A51CC6AA32C6C653.jpg

Програмскиот директор на Музејот Перо Јосифовски на денешната прес-конференција истакна дека иако скулптурата е уметничка реконструкција која е авторство на Јовановски, таа се базира на оргинални артефакти.

- Бронзените артефакти на скулптурата се од еден гроб откриен на некрополата Лисичин дол во Исар Марвинци. Тоа е многу богат гроб бидејќи станува збор за култни предмети. Се направи цртеж реконструкција врз основа на наодите и по него скулторот ја изработи фигурата. Повеќе од јасно беше дека станува збор за некаков вид свештеничка бидејќи толку многу култни бронзи не случајно се наоѓаат во еден гроб со тежина на примероците од 15 килограми, појасни Јовановски.

Стана јасно, нагласи тој, дека тоа е божица која можеби била одговорна за култот на Сонцето бидејќи познато е оти Пајонците и сите други племиња кои спаѓаат во таа групација, имале специјален најразвиен култ кон Сонцето.

Тој истакна дека неколку години наназад се обидувале да ја изработат скулптурата и оти нема поавтентична археолошка манифестација од македонските бронзи за железното време, по кои, како што рече, Македонија е позната во светот и во науката.

8D16C3D1778BC247B8D50BF3329ED692.jpg
- Во рамките на политиката на Музејот на Македонија за еден процес на визуелизација на културното наследство сакавме да почнеме еден поголем проект каде ќе опфатиме реконструкции, уметнички и секаков вид музејски и други реконструкции и да го доближиме културното наследство до публиката, затоа што тоа е процес што моментално е еден вид тренд во музеологијата во светот, посочи Јосифовски.

Фигурата е почната со донација од пет илјади евра која овозможила да се создадат услови да почне таа да се работи.

- Претходно скулпторот направи нејзина намалена верзија од гипс. Монументалната скулптура е изработена со проект од Министерството за култура кое ни одобри еден ипол милион денари за процесот на нејзино квалитетно лиење во Смедерево и поставување. Можеби по две години ако биде готов новиот Археолошки музеј ќе ја поставиме скулптурата пред него бидејќи таа треба да ја симболизира таа институција, додаде Јосифовски.

Директорката на Музејот на Македонија Мери Аницин-Пејоска на прес-конференцијата рече дека имаат богата збирка од Лисичин дол претставена со предмети со голем број во витрини кои без контекст не значат ништо за лаичка публика.

- Ова е железно време. Се работи за локалитет автентичен македонски, за збирка која во науката е наречена македонски или пајонски бронзи. Ова е една тема многу репрезентативна за македонската археологија. Музејот во 21 век се свртува кон посетителот. Музеите мора да постојат за посетителот, а не за музејските работници, додаде Аницин-Пејовска.

Монументалната скулптура „Пајонска свештеничка“ утревечер во 20 часот свечено ќе ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по што ќе се одржи пригодна програма.




Извор:http://sitel.com.mk/?ItemID=71E80A6B330B18429FAEB94E39F9DAEF
 
Не знам зошто олку касно ја дознавам информацијава, ама не е ни битно. КОНЕЧНО, статуа поставена во прав контекст, од права вредност и „легално“ реконструирана. Уште да ја постават на средина на платото пред Музејот, и тоа убаво да го уредат (да не остане со испуканите плочки обраснати со трева) - навистина ќе ја освежи околината, која, нема да претерам ако речам дека сега е во очајна ситуација. Never mind, да не критикуваме повторно, уште едно браво за потегов.

Одприлика и накратко за Пајонија, пајонскиот народ и големите градови и територии кои опстојувале во тоа време, од каде и се најдени најбогатите археолошки пронајдоци:

Бронзениот период трае од 1200 - 1000 (според некои извори до 800) г.п.н.е. Бронзата како материјал е најпрво пронајдена во Мала Азија, а подоцна е раширена низ другите земји. Најчесто, населбите од овој период се во вид на кружни земјени издигнувања - тумби, кои јасно се издигнуваат од околината. Примери за тумби има во Пелагонија - с. Кравари (каде е пронајдена двојна секира, и калап за лиење на такви секири), и во Тетово (пронајден бронзен меч со Критско-Микенско влијание).
Се издвојуваат три главни групи на населенија во овој период: Пајони (по долниот тек на Вардар), Дарданци (од Скопје, до Косово и Јужна Морава) и Бриги/Фриги (во Западна Македонија, до Јадранско приморје). Пронајдени се многу владетелски гробници и могили; на овој период им припаѓаат и златните маски и бронзениот шлем од владетелските гробници пронајдени во Требениште, Охридско, како и познатата Тетовска Менада.
Пајоните се прастар балкански народ, кој живеел во сливот на реката Вардар од 2000 г.п.н.е. Формирале повеќе мали државички, чии владетели ковале сребрени пари со нивните ликови и имиња (степен на висока цивилизација во тој период). По средниот тек на Вардар, западно до Пелагонија, источно до р. Струма се појавува независната Пајонска Држава, која во III век. п.н.е. станува дел од Македонија. Најголеми наоѓалишта од овој период има во: Пелагонија (како најзападен дел од Пајонија зафаќала голема површина и имала повеќе градови. Претставувала културна и политичка целина. Пронајдели се голем број влаетелски гробови), Просек, Демир Капија (клисура која претставувала природна граница меѓу Пајонија и Македонија. На тоа место има остатоци од одбранбени кули и ѕидини), Билазора, Св. Николе (најголемиот град во Пајонија, од каде се надгледувала кумановската граница со Дарданците. Целиот град е опфатен со голем ѕидан бедем). Во овој период, како градски центри веќе функционираат и Скупи, предримско Стоби и Хераклеа Линкестис.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom