Сметката полека но сигурно се испечатува на фискалната

  • Креатор на темата Креатор на темата FilipMacedon
  • Време на започнување Време на започнување
F

FilipMacedon

Гостин
5000 прогонети Македонци ја комплетирале документацијата за поднесување на барање за обештетување во судот во Стразбур. Според првиот човек на “Македонски Егеј”, Стојан Димков, во договор со странските и домашните адвокати ќе се определи датумот на поднесување.
D237A49B4EDC9C4280DAC3DF29FCA1C5.jpg

Барањата во себе содржат материјали во кои се докажува дека имотите на прогонетите Македонци се одземени од страна на Грција и дека се доделени на користење на други лица.
- Ние бараме оштета за 60 години што Р. Грција го користела земјиштето, не нејзино , туку на македонскиот народ кои живее во Р. Македонија и во другите земји - изјави Стојан Димков, претседател на “Македонски Егеј” од Штип.
Според Димков, висината на побаруваните средства не е приоритетна, зошто со пресудата во корист на Македонците, по автоматизам ќе падне во вода законот од 1983 година кои вели дека во Р. Грција не живеат припадници на други народи, а ќе биде и отскочна даска за укинување на визната бариера.
Од друга страна, вчера вечер, група вандали го испокршиле споменикот во чест на борците и жрвтите од егзодусот, што внесува дополнителна горчина.
- За мене ова е голем удар, ова сонце, ова спомен плоча да биде уништена, за мене е невидено - изјави Димков.
Случајот е пријавен во полиција, од каде не информираа дека забрзано работат на откривање на сторителите.

ај модераторите нека го поправат насловот,тоа испечатуваАТ да се тргне:)
 
Јас сум уверен дека ќе ја добиеме тужбата, но незнам дали јунинистан ќе ја почитува пресудата.
п.с. И моите имаат поднесено дарање :).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom