Забрана за патување на навивачите

  • Креатор на темата Креатор на темата alex-st
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
zabrana_copy.jpg



По направената анализа на последните настани и по препорака на МВР, Комитетот за итност при ФФМ во консултација со членовите на УО , со цел да се запази безбедноста на навивачите, а со тоа се овозможи и непречено одигрување на првенствените и куп натпреварите во домашното првенство- Донесе одлука со која се забранува организирано патување на навивачките групи на натпревари на кои гостува нивната екипа.
Бидејќи прв и основен постулат на Стратегијата за спречување на насилството на фудбалските стадиони е безбедноста на навивачите ,ФФМ донесе одлука оваа забрана да биде во сила во наредните 6 месеци по што ќе биде направена дополнителна анализа на состојбата од страна на УО и телата на ФФМ.
ФФМ ги осудува сите екстремни однесувања на фановите и вон фудбалските стадиони, и во рамките на пропишаните норми најстрого ќе го санкционира секое некоректно однесување на фудбалските натпревари. Дадени се упатства на делегатите на фудбалските натпревари и овластување секој натпревар на кој се скандираат слогани со националистичка и било каква навредлива содржина да бидат прекинати и навивачите кои го кршат кодексот за спортско навивање ќе мора да бидат отстранети од страна на организаторот на натпреварот и органите за безбедност.
ФФМ апелира до сите структури во Р.Македонија активно да се вклучат во спроведувањето на Законот за спречување на насилството за да се избегнат катастрофални последици за македонскиот фудбал но и по секојдневното живеење.
Не смееме да дозволиме навивачите да се злоупотребуваат во дневно-политички цели и од тие причини ја донесовме оваа привремена забрана со која сакаме да ги смириме страстите кои можат многу лесно да „експлодираат" во несакан правец како што тоа се случи по инцидентот во н.Нерези пред и по натпреварот Македонија ЃП-Вардар.


извор
 
Лелеее
Цццццц
Што нема во оваа лоповска федерација
ВО која земја го има ова бе?
Само во Македонија !
Хари педер
ффм мафија
 
Само кај нас ова го има. Од една страна сакат да привлечат повеќе публика со "укинување" на странскиот фудбал во време кога се игра македонско првенство, а од друга страна ги мрзи да обезбедат 20 џандари да ги придружуваат навивачите.

Јас мислам пред празни стадиони да се игра најубо ќе е . Барем сигурни ќе сме дека нема да има инциденти. Па мајката му ја ебм 1 инцидент се случва годишно кај нас и овие неспособните 6 месеци забрана за патување на навивачите. Алал нека му е на ФФМ, способна федерација се нема збор за то:nesvest:
 
Очекуем да видим која ќе биде следната глупост на Куралампие и остали. Од глупост во глупост идат. Не е проблем за идење на гости, ќе си платим карта за бус ама не е тоа тоа. Па затоа постои полицијата бе, да држи ред и мир, а не да спие. Или толку се кадарни па неможе да спречи инцидент помеѓу две групи од по 200-300 луѓе. Пизда ви матер и на држава и на ФФМ и на полиција и на све!!
 
Глупост врз глупост... Ајде нека го укинат и фудбалот!!! По некој пат и играчите повеќе се тепаат од публиката.
 
Добро бе, до кое ниво ќе го спуштиме нашиов фудбал. Јас мислам дека и картите треба за обични утакмици 500 ден., а за дерби да ги стават 600. Бог да чува.:nesum:
 
офф ффм сељаци едни гадни:tapp: уништија фудбал во македонија уништија мак тифо сцена :pusk::pusk:
 
Оу, што ти е неспособност !

Иначе, ок, вака се постапува во цел Свет, пример лани во Италија фановите на Наполи демолираа железничка станица во Рим и правеа нереди по што им беше забрането да одат на гостувања до крајот на Сезоната .

Сега Комитите беа дел од еден немил настан, во ситуација кога МВР потфрли, кога не беа пратени од полиција и кога беа оставени сами на себе да патуваат до Ѓорче иако се знаеше дека има услови за инциденти до стадионот .
И сега поради овој настан, сите фанови во земјава имаат забрана за одење на гостувања за да го бодрат својот омилен клуб, колку аматерски од ФФМ . :kesa:
Проблемот е што воопшто не се ни обидуваат да направат стратегија заедно со МВР за гостувањата на фановите, него одма, забрана, а бараат повеќе публика на стадионите . . . . каде бре со овој памет, само фрлаат уште толку кал врз мак.фудбалот .
 
Оу, што ти е неспособност !

Иначе, ок, вака се постапува во цел Свет, пример лани во Италија фановите на Палермо демолираа железничка станица во Рим и правеа нереди по што им беше забрането гостување до крајот на Сезоната .

Сега Комитите беа дел од еден немил настан, во ситуација кога МВР потфрли, кога не беа пратени од полиција и кога беа оставени сами на себе да патуваат до Ѓорче иако се знаеше дека има услови за инциденти до стадионот .
И сега поради овој настан, сите фанови во земјава имаат забрана за одење на гостувања за да го бодрат својот омилен клуб, колку аматерски од ФФМ . :kesa:
Само мала поправка тоа беа навивачите на Наполи што демолираа железничка станица во Рим и тоа во првото коло на гостувањето против Рома.:smir:
 
Само мала поправка тоа беа навивачите на Наполи што демолираа железничка станица во Рим и тоа во првото коло на гостувањето против Рома.:smir:
Го едитирав одма постот али ти беше побрз од мене во цитирањето . :)

Нејсе, додадов и погоре, треба да се направи добра стратегија во согласност со МВР за однесувањето на фановите, поготово за гостувањата .

Но, поради неспособноста на ФФМ да испланира такво нешто, истата ни две ни три, бан за сите фанови кога се во прашања гостувањата, или индиректно ни кажуваат, ние сме неспособни да превземеме одредени мерки со кое би создале услови за гостувања без инциденти на фановите.:toe:
 
Добро бе има ли некој начин да го смениме куролампие?
 
ГЛУПОСТИ !!!

и после сакале да привлечат публика на стадуионите ... ќе привлечат коа ке си го видам од позади :pos: :vozbud: па и термини ќе блокираат за странските лиги кога ќе се игра мак фудбала не пуштаат да се оди на стадиони :tapp:
 
Oд глупост поглупост. Како прво ги укинуваат т.е забрануват преносите на натпревари од светските познати лиги, Премиер,Примера,Бундес,Калчото и т.н со цел ДА СЕ ПРИВЛЕЧАТ гледачи на трибините на стадионите ширум државата,а сега забрануваат гостувања на навивачи. Па како сакаат да почнат да ги полнат стадионите со такви забрани? Па на едно гостување под 200 навивачи не оди ниту една навивачка група според мои проценки,од овие поголеми што се поредовни на гостувањата. Па тие 200 души и тоа како ке ја збогатат гледаноста на утакмиците,ако се знае дека на некои натпревари на некои клубови и толко не се собираат на трибина.

Или проблемот е во тоа што полицијата неможе да се справи со 200-300 навивачи кога одат во гости...:toe:

Нека забранат гостувања,ама на навивачи што ке прават неред и немир,а не само на оние што сакаат фер и коректно да навиват. :smir:
 
На некого му е полесно да го направи ова отколку да обезбедува стадиони, што не е во ред.:jaj:
 
e sea 4e treba sami da prajme problemi izgleda da se tepame megu sebe nenormalna rabota e ova kaj go ima ova be na mars :tapp::tapp::tapp::tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom