ПО ВРАЌАЊЕТО ОД ГОДИШЕН ОДМОР ОГРАБЕН СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
16.08.2009, 18:43
ПО ВРАЌАЊЕТО ОД ГОДИШЕН ОДМОР
ОГРАБЕН СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и неговото семејство деновиве се ограбени. грабежот се случил минатата недела пред нивниот дом во моментот кога се вратиле од годишен одмор.
7A9B35BBF4EF4140B1216FF91253CA0D.jpg

Сопругата и ќерката на градоначалникот останале без личните документи додека пак Трајановски, како што објавува весникот “Вечер” во утрешното издание, останал и без пасошот.

Oд скопската полиција го потврдиле случајот, бидејќи градоначалникот пријавил дека е ограбен, пишува “Вечер”.

Официјално, минатата недела во време од 23,55 до 00,00 часот, на улицата “Шеснаесетта македонска бригада” од возило, сопственост на скопскиот градоначалник, била украдена мала рачна ташна.
Според пријавата на Трајановски, во ташната имало лични документи на име на неговата сопруга и ќерка, две илјади евра и очила. полицијата по пријава на случајот извршила увид и се трага по крадецот.

Како што неофицијално дознаваме, градоначалникот со семејството се враќале од летниот одмор. во моментот кога куферите ги пренесувале во домот, градоначалникот рачната чанта ја оставил на автомобилот. Oвој момент го искористил крадецот и кога Трајановски се вратил да ја земе, таа веќе не била таму.

Трајановски за “Вечер” изјави дека за кражбата не сака да коментира, дека тоа е негова лична работа. пријавил во полиција со цел доколку документите се најдат да му бидат вратени.
Александар Спасовски



Извор
 
Се враќаат ли пари од одмор? Знаев дека е малер!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom