N
n/a
Гостин
На состанок во министерството за економија почина Илија Камчев.
Илија Камчев, основач на компанијата „Орка“ почина ненадејно за време на состанок во министерството за економија. Камчев се онесвестил на почетокот на средбата на Министерот за економија со бизнисмените на која требаше да се разговара за состојбата со текстилната индустрија во земјава.
Присутните на состанокот веднаш повикале Брза помош, но тие само констатирале смрт, откако повеќе од 30 минути се обидуваа да го вратат Камчев во живот.
„Додека се одржуваше состанокот во министерството за економија со министерот за економија Фатмир Бесими и три стопанско комори како и кластерот за текстил на тема состојба на текстилната индустрија и мерки кои Владата би можела да ги преземе за помош на истата. На овие редовни состаноци беше присутен и господинот Илија Камчев и сега мораме да соопштиме една трагична вест – на самиот состанок му се слоши, дојде до некои пореметувања и тој почина за време на состанокот. Интервенираа екипите на Брзата помош но не успеаја да направат ништо“, изјави Владо Нетков, претседател на кластерот за текстил.