Помогнете и на Теодора!

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
P

Princ

Гостин
Малата хероина Теодора, како што докторите го нарекуваат девојчето од тетовското село Седларце, со своите два и пол месеци ја издржа првата операција на срцето.

Поради вродената срцева маана Теодора се лекуваше во Бугарија, што нејзините невработени родители ги чинеше повеќе од девет илјади евра. Средствата беа обезбедени од Фондот за здравство и од различни донации.

„Ние сме двајцата невработени, со социјална помош, не стигнуваат тие. Теодора сега сака и многу нега, многу треба да се пази и затоа оставаме на хумани луѓе“, изјави Менче Јованоска, мајка на Теодора.

Сега пред малечката Теодора е втората од трите предвидени операции. Се работи за потежок зафат кој чини повеќе од дванаесет илјади евра.

На потег се повторно Фондот и сите хумани луѓе кои ќе донираат за животот на Теодора.

„Првата операција ја извршивме, чинеше околу 9.000 евра. теодора е сега добра, до втората операција, ќе видиме ако се соберат средствата, имаме рок од 30 дена, ако не, треба да се јавиме 15 дена порано за да се одложи понатаму поради финансиите“, вели Борче Јованоски, татко на Теодора.

Докторите велат дека Теодора одлично напредува. Сега има девет месеци. Поголема и похрабра, подготвена е за толку кратко време да го прифати вториот голем предизвик во нејзиниот живот.

teodoroa-sedlarce.jpg


За сите кои сакаат да донираат средства!

Жиро сметка: СТОПАНСКА БАНКА 200001886594508

IBAN: MK07200001890432119 EUR
 
Нема ли отворено телефонска линија??Или само на жиро сметка може?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom