Срамежливост Vs. самобендисаност

  • Креатор на темата Креатор на темата Blackout
  • Време на започнување Време на започнување

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Ме интересира особено размислувањето на двете страни,каков партнер повеќе ве привлекува,ви одговара,би сакале да имате и така натаму....
И објаснете зошто не само ...јас ваков... јас таква
Еве јас лично воопшто не сакам некои мачо типци што мислат дека се центар на светот и дека сите девојки околу нив се вртат,дека се којзнае што,посебни,единствени и незаменливи вакви такви.....
Мала доза на страмежливост симпатично ми делува но и тоа да не е премногу изразено,да ме гледа како теле и збор да не проговори:nenene:
 
Срамежливост* без т :)
Jас по природа не сум толку срамежлив, но кога ми се допаѓа некоjа девоjка не сум тоj што прв пристапува :) Како и да е односот на срамежливост и самобендисаност каj мене е 2:1.
 
Немам ништо против срамежливи машки,ама тешко дека би успеала да имам нешто со нив бидејки и јас сум срамежлива па ке нема кој да го направи првиот чекор :)
А мразам ептен па некој кога сакам да биде центар на вниманието,така да најубаво ми е некој нормален.Супер е да има самодоверба ама не мора секогаш да се прави дека е над другите.
 
па не сакам девојки кој се самобендисани и мислат дека нема никој над нив од секоја гледна точка повеќе би скал срамежлива
 
Срамежливите девојки ми се најсекси. Најмногу ме привлекува срамежливоста, невиноста кај девојките...мој тип на девојка е онаа во ќошот од собата која само молчи и црвенее. Кај мене пак срамежливоста е претерано изразена, ми треба долг период со некого за да бидам тој што сум и опуштен. Самобендисаноста ми е многу одбивна, но самодовербата без самобендисаност е добра.
 
со време сум научил дека срамењето е губење време
не дека сум којзнае колку самобендисан, но за себе секогаш велам дека немам срам, подобро е да бидеш самоуверен, дури и тогаш кога ми иде срам за нешто да кажам или да направам јас за инат го правам, тоа го сваќам како еден вид коцкање, засега сум добил далеку повеќе отколку што сум изгубил
секако за се треба самоконтрола
 
Мала доза на страмежливост симпатично ми делува но и тоа да не е премногу изразено,да ме гледа како теле и збор да не проговори
И ја исто како тебе...Идиотски е некоја кога премногу опуштено дејствува, а и па многу е смотано кога некоја е толку срамежлива што е невозможно ни муабет да свртиш...Така да некоја златна средина :)
 
Од машка страна би рекол ни тоа ни тоа. Што ќе ми срамежлива-да гувее? Ачик, таман е.

А самобендисани...хм, оддалеку смрдат, не ги ...ич. Пошто ја сум самобендисан :helou: а двајца самобендисани ќе се заколат :vozbud:
фала.
 
Дефинитивно нејќам самобендисани суштества што мислат дека се центар на светот и дека го држат горнион за мадиња. Се останато горе долу се прифаќа.
 
Кога мора или тоа или тоа самобендисаност би одбрал, срамежливоста е многу полоша според мене :toe:.
 
Ех сеа или срамежлива или вакви што си мислат дека се центар на светот ни едното ни другото..... Баш така да не е срамежвива и да не си мисли дека е центар на светот
 
Ех сеа или срамежлива или вакви што си мислат дека се центар на светот ни едното ни другото..... Баш така да не е срамежвива и да не си мисли дека е центар на светот
хехех и да има пропорции ко манекенка,да биде добра паметна убава и да мисли ко шо мислиш ти.....................
 
хехех и да има пропорции ко манекенка,да биде добра паметна убава и да мисли ко шо мислиш ти.....................
Хехехе скоро идеална а
не не баш таква ама да се стреми кон тоа барем... приближно барем до тоа што викаш ти а баш таква не ми се верува дека постои
еден сум јас на овој свет и јас размислувам на свој начин и секој си размислува на свој начин неможам да најдам таква знам :):)
 
Немам ништо против срамежливи,ама тешко ми оди комуникација со нив,како и на сите најверојатно.Самобендисаните се добри,особено ако се претерано и неосновано самобендисани се супер за зафркавање,кога сум така расположена.:) Во случај да не сум,или се решавам од нив по итна постапка,или го избегнувам дружењето со нив.И во секој случај барем знам на што сум со нив,на некој начин прочитани се.За разлика од нив,ова срамежлививе ме блокираат тотално,не знам дали да сум сериозна,дали да се зафркавам,дали да ги прашувам за нив,за мене дали да зборувам,општо...најчесто од сиромашната,банална конверзација не можам да извлечам ништо,освен дека се срамежливи.:)

Нормално дека преферирам златна средина,уствари ни срамежливи ни самобендисани.Сакам самодоверба,но не и ароганција,а повеќе почитувам воздржаност и мистериозност од срамежливост.
 
Страмежлива посимпатично ми делува..
Самобендисана.. It'll end up me, mocking her. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom