Мистичен
Човек
Нервозата кај тиквешките лозари, кои 6 месеци чекаат „Тиквеш“ да им ги даде парите, денеска кулминира. По тридневни протести, над 1000 лозари се обидоа насолнио да влезат во „Тиквеш“, револтирани од пораката на Свето Јаневски дека нема желба да преговара со уличари.
Во намерата беа спречени од силното полициско и приватно обезбедување. Кавадарци е на работ на социјалната беда.
„Имам посмртна листа на сопругата. Дојдов тука за пари. Три дена овде доаѓаме и истата песна ја пееме, Свето да ни даде пари. Нема да ни даде пари“, изјавија лозари.
Откако не успеаја да влезат, лозарите со трактори и камиони, комплетно ја блокираа визбата. Така ќе биде, порачаа тие, се додека Свето Јаневски не почне со исплата на грозјето.
„Тиквеш“ на лозарите им должи 6,5 милиони евра за откупени 60 милони килограми грозје.