Стопанска банка повторно со каматна "честитка"

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Повторно скокна ратата за стан

Стопанска банка пак ја зголеми каматата за станбените кредити, со што се искачи на 8,75 отсто
Соња Маџовска
Повторно скокна ратата за стан. Иако банкарите до неодамна уверуваа дека нема да се зголемуваат каматите до крајот на годинава, сепак, Стопанска банка завчера на граѓаните им испорача допис со кој ги известува дека каматата за станбените кредити од денеска им се зголемува за 0,25 процентни поени, со што таа се искачи на 8,75 отсто.

Оваа одлука важи од 1 август и е второ поскапување на станбените кредити во рок од три месеци. Претходното зголемување се случи во мај, а важеше од 1 јуни, а каматите тогаш скокнаа за 0,25 процентни поени.

Во Стопанска банка два пати поскапеа и автомобилските кредити.

Ова е уште еден удар за граѓаните, кои и така тешко успеваат да ги исплатуваат кредитите. Тие постојано се во грч поради калкулациите на банките за поскапување на кредитите, но најисплашени се оние што имаат земено станбен кредит, на кои ратата за отплата секој месец воопшто не им е мала, и најчесто е од 150 евра нагоре. На граѓаните не им е јасно зошто постојано им се зголемува ратата за стан, кој го отплатуваат со години и за кој го заложиле токму станот.

„Навистина не ми е јасно зошто Стопанска банка одлучи да ми ја зголеми ратата за станбениот кредит. Сметам дека нашите станбени кредити, земени пред неколку години, добро се обезбедени. Токму станот што го отплатувам е ставен под хипотека. Не гледам зошто дојде ред да поскапат токму овие кредити. Станува се' потешко да се обезбедат доволно средства за да се подмири месечната рата за стан. Покачени се сите камати, особено на картичките и на кредитот О.К, а платата не ми е зголемена“, вели анонимна скопјанка.

Граѓаните воопшто се жалат дека се' потешко ги враќаат станбените кредити. Има и такви на кои банките веќе им ги заплениле становите, поради тоа што затаиле со исплатата.

Од Стопанска банка велат дека 1,8 отсто од вкупното кредитно портфолио на банката се клиенти што се судираат со проблеми да не можат да ги враќаат заемите. „Од нив, околу 50 проценти успеавме да ги разрешиме на тој начин што со клиентот ќе постигнеме некаков договор, а 50 отсто, значи околу 0,9 отсто, одат на извршување. Станбените кредити на Стопанска банка се на ниво од околу 70 милиони евра, а 0,9 отсто од нив се 650.000 евра, што оди преку присилна наплата“, изјави неодамна Бишев во интервју за „Утрински весник“. Според него, лошите пласмани во портфолиото на банката се на ниво од околу 2,3 или 2,6 отсто, во зависност од месец во месец. Тој најави дека од овој месец банката воведува нова програма за репрограмирање на кредитите за граѓаните, кај кои од разни причини дошло до намалување на нивните приходи или доходи за повеќе од 30 отсто.

По сите шокови што секојдневно ги доживуваат граѓаните, се поставува прашањето дали веќе е време и Народна банка да попушти и да ја олабави монетарната политика? Тоа потоа може да повлече и намалување на банкарските камати. Но, од НБМ засега нема најави дека може во догледно време да дојде до намалување на основната каматна стапка, што изнесува 9 отсто.

Експертите предупредуваат дека напротив, поради тоа што ликвидноста на банките е загрозена, може да дојде до ново зголемување на каматите, што ќе предизвика социјален шок од септември.

Во последниот извештај на централната банка за состојбите во банкарскиот систем во земјава стои дека драматично е намален и профитот на банките, а расте и бројот на ненаплатливи кредити. Според него, ризичните и спорни побарувања на банките за првото тримесечје се зголемиле за 14 отсто или за 26,2 милиони евра и тие со 5 отсто учествуваат во вкупната кредитна изложеност на банките.

Дел од експертите предупредуваат дека токму поради тоа што граѓаните и фирмите се' потешко ги враќаат кредитите, кризата може да се прелее и во банкарскиот сектор. Тие воопшто не се изненадени од намалувањето на профитот на банките и зголемувањето на ризичните кредити.

Завчера премиерот Никола Груевски потенцира дека ветувањето на Владата да ги намали каматите и' ги поматиле кризата. Според него, нормално било тоа што кај нас дошло до скок на каматите, кога тие пораснале како никогаш досега и во САД и во ЕУ.

Експертите укажуваат дека за да се намалуваат каматите државата мора да го спушти трошењето и да не „цица“ пари од банките, преку задолжување на домашниот пазар со високи камати. Според професорот Мирољуб Шукаров, моментно домашните банки имаат фантастично високи камати, што може да повлече синџир на нестабилност, поради тоа што и граѓаните и фирмите се' потешко ќе ги враќаат кредитите.

Utrinski
 
Абе ЕТЕ! хаха грциве не се нешто интересни у последно време па сеа глуматаат нешто откако го одраа народот со високи камати.
 
Хах! Јас па кога го прочитав насловот мислев дека донирале стан на некое бездомно семејство или слично... Сили ми. Незнам што ми се уврте во глава дека всушност направиле некој хуман гест. А баш сакав да пишам дека и цела зграда наменета за бездомници е малку за парите што ги млатат.

Ете, и мене завчера ми стигна второто писмо во рок од 2 месеци со известување дека ми е зголемена каматата.
 
zaboraviv da stavam navodnici :)

inaku da go spomnam pak nadaleku poznatiot OK kredit sto predizvika ekonomski holokaust vo Makedonija :)
 
Можеби навистина преку камативе пробуваат да склопат денар со денар за да донираат стан во хуманитарни цели.

Или централата во ГТЦ што им е :devil3:
 
и јас помислив дале некоја хуманитарна донација хахахаахах:pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Значи сепак нашиве ROCK SOLID банки не се баш ликвидни.

Дека ние сме немале проблем во Банкарскиот сектор :tv:
 
Значи сепак нашиве ROCK SOLID банки не се баш ликвидни.

Дека ние сме немале проблем во Банкарскиот сектор :tv:

Ами се трошат дивидендите,а за годинава треба да си поделат нови,е затоа е потребна владава,да им помогне на банките кога немаат што да си поделат како дивиденда нивните газди,па ја задолжуваат земјава дома или во странство.Всушност газдите на банките во Македонија ги формираат и сите влади,за сопствени “потреби“.:toe:
 
Значи сепак нашиве ROCK SOLID банки не се баш ликвидни.

Дека ние сме немале проблем во Банкарскиот сектор :tv:

Ние немаме проблем со банките,ние имаме проблем со министерството за финансии.Или народски кажано „маме му ебам кој прв почна“. Сакаа домашно задолжување,ете им каматни стапки до небо.Акција и реакција,банките од Јануари живеат само на камати,нормално дека ќе ги качуваат,како што НБРМ им ги зема вишокот пари.Сега почнаа да не враќаат кредити,утре ќе почнат да активираат хипотеки и така ланчано до самоубиство.
Но вакви изјави кои ги рамнам со претходникот ми ги креваат цревата нагоре:

„Очекувам и дека централната банка постепено ќе пристапи кон смалување на каматните стапки, согласно нивните цели и монетарната политика, со цел да дојде до снижување на општото ниво на каматни стапки“, изјави Зоран Ставрески, министер за финансии.
..............
Во меѓувреме, државата продолжува со задолжување и на домашниот пазар. Министерството за финансии денеска на аукција понуди шестмесечни државни записи со девизна клаузула, во износ од 24 милиони евра, со каматна стапка од 5,5%.
Овие државни записи, кои имаат евро клаузула, ќе достасаат за исплата за 182 дена, односно на 3 февруари догодина.“
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112190

Само нека продолжат вака,ќе видат што е цунами.
 
mislam deka nema da go vidat...od prozaicni pricini...
 
Сега сум во дилема дали да се покрие минусот од 15000 денари на кредитна, или да оставам и понатаму да цепат камата :raz:, треба и банката од нешто да живее.
 
Сега сум во дилема дали да се покрие минусот од 15000 денари на кредитна, или да оставам и понатаму да цепат камата :raz:, треба и банката од нешто да живее.

Ти полн со дилеми си,кој знае како живееш:smir:
За разлика од тебе,многу луѓе се наоѓаат во потешки дилеми,дали да купат леб или да платат кредит.
 
Ете, и мене завчера ми стигна второто писмо во рок од 2 месеци со известување дека ми е зголемена каматата.
Во србија премиерот повика граѓаните да ги тужат банките ако им ја зголемат камтата за постојните кредити кои ги отплаќаат

АА кај нас валдата молчи ко евтина курва .
 
Ти полн со дилеми си,кој знае како живееш:smir:
За разлика од тебе,многу луѓе се наоѓаат во потешки дилеми,дали да купат леб или да платат кредит.
Добро живеам, ама и лично го чувствувам недостатокот од пари во нашево опшество. Еј ама сум преживеал јас многу полоши работи, па оваа нашава рецесија ми е детска игра :).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom