Кристофер Паолини

  • Креатор на темата Креатор на темата macaparket
  • Време на започнување Време на започнување

macaparket

Oфицијализиран Паркет!
Член од
16 јуни 2009
Мислења
281
Поени од реакции
14
Предобар млад писател.
Неговите книги Ерагон, Првородениот и најновата сега Огнениот се бестселри во цел свет.
Мене лично Првородениот ми е како библија. Предобра книга иако е фантазија. Има изложено некои ставови и мисли за секој дневниот живот. Нешто за некое поголемо сфаќање.

eragon-jacket-cover.jpg

eldest.jpg

brisingr.jpg
 
Убава тема! И јас само што ја завршив Првородениот со читање.Прекрасни случки се дешаваат и мн. поучни детали за животот ни прикажува.Само дали ги има сите делови кај нас во Македонија преведени на мак.или не???
 
Само Огнениот не е преведена.:smir::smir:Мене ми ја најдоа на нет ќе ја читам на англиски сега!:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
А The Eldest ја има на македонски?И ако ја има кај можам да ја најдам во Скопје?
 
Mислам дека Матица ја има ама не сум сигурна. Провери.
Ама најсигурно ти е во Магор, пошо на мојава копија се тие издавачи. Ама не е со оригинален кавер.:tapp::tapp::tapp:
 
Ќе проверам и во двете за сваки случај!Сепак фала:)
 
Ги имам прочитано Ерагон и Првородениот и бев воодушевана. Паолини навистина создал свој свет со помош на фантазијата кој претствувајќи ни го нам не тера да помислиме дека е вистински.Навистина извонредни и прекрасни дела,браво за младиот Паолини.
 
Еден од најлошите писатели, иако почнал да пишува на млади години сепак тоа не е никакво оправдување. Ова го велам затоа што неговите им недостига оригиналност, воопшто не се потрудил да внесе нешто ново во своите дела туку само направил еден евтин плагијат. Но и покрај тоа можеби неговите книги би биле интересни четива за помладиот читател и ништо повеќе.
 
Не е толку лош,колку фактот шо неговите книги се премногу слични со трилогијата Господарот на Прстените....
Виленици,џуџиња,луѓе кои се обединуваат да се борат против кралот кој сака да ги уништи сите...
deja vu...
Има добар концепт приказната....ги имам читано сите први три дела....се очекува и последниот четврт дел....
Доста заплети,расплети,има добра способост дечкото да ги опише работите во детали....на пример LOTR не беа толку обемни,напротив тие беа малку повеќе раскажани и напишани за да бидат читливи од најмало дете до највозрасните читатели.....
Овие книги се малку посериозни и во стилот на пишување...и малку потешки.....
Шо во никој случај не треба да значи дека велам дека се подобри од LOTR,се знае која трилогија беше прогласена за најдобра на 20иот век...
Лично мене како голем хард-кор фанатик на научна фантастика,ми се допаднаа првите три книги од приказната за Ерагон.....
Единствена мана е шо книгите вечно ќе бидат во сенка на неповторливите легендарни книги на Џ.Р.Р.Толкин....
Како и да е БЕЛ БУМБАР за Паолини и неговата работа....:bravo:
 
Не знам дали сме ја читале истата книга, но Господарот на Прстените е книга што е за возрасни и стилот на пишување не е толку едноставен барем не на англиски и е доста посериозен од на Паолини. Но Паолини не копирал само од Толкин туку од ред други писатели на пример Урсула ЛеГвин поточно од нејзиниот циклус Земјоморија, системот на магија е сосема ист т.е. со познавање на вистинските имиња на нешата rings a bell. За тоа дека ке бидат под вечна сенка на Толкин чисто се сомневам постојат голем број книги(фантазија) што се многу подобри и пооригинални од Ерагон само кај нас ретко кој чул за нив без разлика колку е добра книгата ако нема добра релкама кај нас се е залудно(со мали исклучоци). Можеби Паолини има талент, но можеби тоа ке го покаже во иднина ако проба нешто пооригинално се разбира.
 
Не е толку лош,колку фактот шо неговите книги се премногу слични со трилогијата Господарот на Прстените....
Виленици,џуџиња,луѓе кои се обединуваат да се борат против кралот кој сака да ги уништи сите...
deja vu...
Има добар концепт приказната....ги имам читано сите први три дела....се очекува и последниот четврт дел....
Доста заплети,расплети,има добра способост дечкото да ги опише работите во детали....на пример LOTR не беа толку обемни,напротив тие беа малку повеќе раскажани и напишани за да бидат читливи од најмало дете до највозрасните читатели.....
Овие книги се малку посериозни и во стилот на пишување...и малку потешки.....
Шо во никој случај не треба да значи дека велам дека се подобри од LOTR,се знае која трилогија беше прогласена за најдобра на 20иот век...
Лично мене како голем хард-кор фанатик на научна фантастика,ми се допаднаа првите три книги од приказната за Ерагон.....
Единствена мана е шо книгите вечно ќе бидат во сенка на неповторливите легендарни книги на Џ.Р.Р.Толкин....
Како и да е БЕЛ БУМБАР за Паолини и неговата работа....:bravo:

Незнам баш за ова болдираното :nenene:

Но се согласувам со тебе дека не се толку лоши книгиве. Мене Ерагон ми беше баш интересна, сеа овие денови ќе ја земам и првородениот.
 
Еден од подобрите живи автори во денешно време, но луѓето не го сакаат затоа што премногу сакаат белетристичка литература, а Паолини не можат баш сите да го читаат, затоа што си треба концентрација оти не е едноставен. За споредбата со Толкин и Ле Гвин нема да кажам ништо, но сепак треба да се има во обѕир фактот дека Паолини почнал да го осмислува својот свет кога имал 16 години, а сите знаеме дека тоа е време кога сме изложени на влијанија од сите страни, па не е ни чудо што бил фасциниран од погоре споменатите. Мислам дека совршено си ја врши работата и е предан на неа. Штоуште, му остана верен на серијалот и ликовите се развиваат онака како што би требало да се развиваат, со сите подеми и падови. Еден од најдобрите живи автори од американско потекло!
 
Како можете да го читате овој лопов не ми е јасно. Типот направил копу пејст на десетина книги и си направил своја книга. Браво, сега наредно треба да видам тема за ouch my balls.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom