@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115


Поранешниот градоначалник во Швајцарија ќе ја тужи Општина Центар за нарушување приватен капитал

"Подготвен сум да се повлечам од проектот 'Кермес' и се согласувам тоа што таму досега е изградено да се срамни со земја, под услов да ми вратат со што сум изгубил, односно да ми ја надоместат штетата. Воопшто немаше да влегувам во проектот 'Кермес' ако знаев дека ќе има проблеми во чиста ситуација, кога беа подготвени сите документи и платени сите давачки на државата", вели Костовски.
Тој вели дека целата документација за случајот "Кермес" веќе ја испратил во Швајцарија, каде се подготвува тужбата за Општина Центар.
"Македонија и Швајцарија имаат потпишано билатерален договор за заштита на приватниот капитал. Во случајов, Општина Центар ќе ја тужиме за нарушување на приватен капитал и ќе барам надомест на штета, кој нема да биде помал од 10 милиони евра", вели Костовски. Швајцарската фирма ГОФИ, каде мнозински акционер е Костовски, во август 2006 година ги стави темелите на новиот "Кермес" во Градски парк, кој требаше да биде ексклузивен хотел со четири ѕвездички.
Во ноември истата година, Општина Центар, по налог на Министерството за транспорт и врски, ја поништи градежната дозвола за "Кермес", со образложение дека не било почитувано негативното мислење од тогашниот Градски завод за заштита на спомениците на културата, а сегашен Конзерваторски центар-Скопје. Со поништување на дозволата беше запрена и изградбата на "Кермес", а Општината рече дека ќе ја повтори постапката за издавање на одобрението за градба.
"Општината ја запре градбата со образложение дека не е почитувано мислењето од Градскиот завод за заштита на спомениците на културата, а 'Кермес' ниту во еден документ не е ставен како заштитен споменик на културата", вели Костовски.
Среде паркот три години стои градилиште на кое не се гради, а Општината досега не кажа дали повторно ќе даде градежна дозвола за "Кермес", или пак ќе побара од инвеститорот просторот да го врати во првобитна положба.
"Ново одобрение за градба Општината нема издадено. Со уште важи решението за стопирање на градба, кое е издадено од овластен инспектор и коешто се почитува", вели портпаролот на Општина Центар Јовица Ацковски
http://www.vest.com.mk/?ItemID=693691E159233A4BA8318DBECBFD7409&arc=1