Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Па сигурно би ангажирала архитект, но се разбира човекот ќе мора да ги има и моите желби во предвид, плус неговото знаење и разбирање и воала ќе си испадне домот по моја желба.:manikir:
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Нема да зборам пристрасно, само реално. Додека сите во државава размислуваме дека сме универзални професионалци, и додека не почнат сите професии да се почитуваат и меѓусебно да се вреднуваат, дотогаш ќе си сме неразвиени и секогаш полузадоволни.
Даље: ангажирањето на архитект, без разлика дали е тоа за комплетен објект или за внатрешна архитектура (шо вие толку милно сакате да го наречете дизајн на ентериер) не значи дека архитектот ќе дојде, ќе го види просторот и ќе измисли решение, па вие, ако не ви се допаѓа, барајте си друг... Еден од главните квалитети на архитектот треба да биде способноста за продлабочен дијалог со инвеститорот (во овој случај, вие), и стрпливост во изгладувањето на различните размислувања. Флексибилност - архитектот ги служа желбите на инвеститорот, инвеститорот ги слуша советите на архитектот - на крај, и инвеститорот со успешен проект, и архитектот со успешен хонорар. Вака формулирано мислам дека е доволно јасно зошто има потреба од архитект. А дали ќе прифатите вие или не, тоа е ваше...
На крај, ај вака:
- Уредување на домот. Вие или архитект?
- Пишување на дијагноза. Вие или лекар?
- Поправање на возило. Вие или автомеханичар?
- Образување на децата. Вие или наставник?
Point taken.
Овде не би повлекувал равенства. Образованието го плаќаме како и здравството-од придонеси, истите се загарантирани и до одреден степен бесплатни. Автомеханичар секако, но саатнина негова чини колку секунда на архитект-дизајнер или како ли веќе се вика стручњак за домот. Многу скапа работа е тоа.- Уредување на домот. Вие или архитект?
- Пишување на дијагноза. Вие или лекар?
- Поправање на возило. Вие или автомеханичар?
- Образување на децата. Вие или наставник?
Овде не би повлекувал равенства. Образованието го плаќаме како и здравството-од придонеси, истите се загарантирани и до одреден степен бесплатни. Автомеханичар секако, но саатнина негова чини колку секунда на архитект-дизајнер или како ли веќе се вика стручњак за домот. Многу скапа работа е тоа.
Ние сме мајстори од мака и немање пари, инаку и јас би сакал молер да ми молериса, електричар да ми поправи струја, да ми изреже винт на цевка за водовод...но ако давам паи на се...ојдовме под стечај сосе фамилија. А посебно со архитект, луксуз за нашиот стандард. И не само за нашиот стандард.
Али ако некој сака, има пари и желба...негова работа, негов избор.