Низ целата историја "мангупите" беа идеализирани и романтично претставени, па и денес мажите и жените се наклонети да им препишуваат извонредна моќ и способност.
Се уште постојат двојни мерки и прописи кои произлегуваат од нашето сексистичко воспитување. Жените кои имаат "лоша репутација" не се сметаат за посакувани за разлика од мажите на "лош глас" кои често се фасцинантно примамливи. Повеќето од жените се привлечени од овие типови и наспроти можните опасности, гадот преставува вистински трофеј за жената.
Многу развиената способност на гадот за разбирање на жената е најдобриот талент што го поседува. Тој ја проучувал нивната природа, и тоа мошне детално, па многу добро ги познава оние аспекти што го интересираат него. Тој не е тиквар, всушност тој може да биде поинтиутивен и посензитивен од другите мажи. За жал неговите потреби му значат многу повеќе од било кое морално чувство кон жената.
Кога бил мал, имал заводлива, но емоционално студена мајка. Таа во него предизвикувала потреба за блискост поврзана со стравот од тоа, бидејќи никогаш не му ја давала љубовта што му била потребна. Затоа тој морал да се занимава со неа, за да дознае како и кога да ја изнуди нежноста и љубовта по која копнеел. Па така успеал да ја развие до висок степен способноста за забележување и својата чуствителна глад.
За жал овој тип на мажи знаат многу повеќе за жените, одколку фините мажи. Гадот знае како да ја задоволи жената, знае се да направи за таа да се чуствува посебна и убава. На пример кога ја носи во ресторант или на некоја забава. Тој и го подарува целосно своето внимание и покрај него таа се чувствува обземена со занес. Тој знае како да ја потикне и да ја одушеви. Тој во неа го разбудува чувството дека е духовита, дека нејзините мисли се фасцинантни и дека заслужуваат најголемо внимание. Како и поголемиот број трговци и тој умее да слуша. Немојте да заборавите тој мора да успее! Тоа е игра со висок влог и по секоја цена тој мора да победи! Жената и нејзината реакција се само огледало за него самиот. Колку повеќе таа ја загризува јадицата толку тој повеќе се чуствува привлечен. Додека се блиски тој знае да каже "те сакам", и навистина во тој момент тој тоа го мисли, но тој не се грижи за долготрајните последици од своите постапки. Жената полека, но сигурно паѓа пред неговите освојувачки ритуали.
Кои се тие жени? Тоа се жените кои си дозволиле нивната емоционална глад да им ја замагли нивната перцепција. А тој го знае тоа! Тој ги глуми нејзините тајни сништа за совршен маж ветува, дава љубов и остава впечаток дека вечно ќе ја сака. Еве ја магичната комбинација: совршен маж, кој ветува совршена интезивна љубов. Но нејзината потреба да верува ја доведува до фатална грешка. Таа поминува преку фактот неосетливо дека тој не го исполнува тоа што го ветува.
Малку е парадоксално тоа што токму жените кои се високо селективни и претпазливи почесто влетуваат во врски со овој тип на мажи. Поради претераната и предолга претпазливост оваа жена има зголемена потреба за блискост и внимание. Невозможно е да и се спротистави на моќната хемија на овој вид на мажи. Извонредно е чуствителна на неговото заведување. Тој знае дека е претпазлива и игра на таа карта. На пример тој не е мажот што себично и невешто сака да ја помине вечерта во кревет. Тој е стрплив и знае да чека. Не сака свесно да повреди никого, но потсвесно го прави тоа зашто никогаш не дава трајно добри решенија. Тој обично знае да изчезне ненадејно и тогаш почнуваат маките. Но додека трае врската таа е волшебна и полна со занес....
Дури и неговиот стремеж да се "изгуби" изгледа како стапица. Тој знае дека жените се многу претпазливи со мажите кои умеат многу да бараат, бидејќи не ги сакаат мамините синови. Значи тој е доволно бистар да се појави и да изчезне во точно смислени интервали кои треба да остават впечаток на силен и самозадоволен тип, што обезбедува максимална примамлива напнатост.
Верувам дека повеќето имале вакво искуство со овој тип на мажи.
Некои жени сакаат да уловат еден од овие недофатливи мажи. Сите во себе ја криеме потребата да ја испробаме судбината. Дали сметате дека и покрај се треба да впуштиме во трка по овој тип на мажи, дали некогаш би можеле да бидат скротени?