Продавале храна собрана од депонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Продавале храна собрана од депонија


prazno.gif
prazno.gif
25.07.2009 15:45
drizla.jpg
Дрисла
Фрлена храна на депонијата Дрисла завршувала на трпезите на скопјани. Замрзнати риби, месо, салами, чоколади, сокови, се изнесувале од депонијата и се продавале по скопските пазари.
Случајот денеска го обелодени полицијата. Двајца се уапсени Исмет Биљали и Красничи Брахим цели три месеци имале нечист бизнис со расипана храна. Од депонијата Биљали ја извезувал храната надвор, за ефтина цена му ја продавал на Красничи, а тој ја дистрибуирал низ пазарите во Јурумлери, Трубарево, Шуто оризари.
„Засега немаме доволно докази дека и вработените во Дрисла биле инволвирани во конкретниот случај, но се уште продолжуваме да работиме, така што се работи ма утврдување евентуално на начинот како истиот, односно прво осомничениот, успевал прехрамбените продукти да ги изнесе“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Депонијата за криминалот на Биљали била отворена, за камерата на А1 денеска немаше пристап. Чувари излегоа од сите страни, ни беше кажано дека е забрането снимање.
И додека вчера инспекторите од дирекцијата за храна говореа колку мостри од храна земале и какви сугестии давале во објектите, скопските пазари најверојатно не им биле во агендата.
Во друштво на муви, оси и на 40 степени распослани на картонски тезги се продаваат месо, риба, јаца, млечни производи. Некои од нив можеби веќе и со поминат рок, донесени од Дрисла.



A1




E ova se vika biznis ideja...
 
АААААААјјјјдеееееее......идиотизам...срамота...се прашувам дали луѓето сеуште ке имаат вакви “генијални“ идеи ако нема економска криза и нивото на невработени да е макс 5%...
 
а тој ја дистрибуирал низ пазарите во Јурумлери, Трубарево, Шуто оризари.
Ето ти белаја, далеку ми се пазариве, не носат нешто низ центарот?

Бре, не испоотруја со овие бизниси.
 
Во друштво на муви, оси и на 40 степени распослани на картонски тезги се продаваат месо, риба, јаца, млечни производи. Некои од нив можеби веќе и со поминат рок, донесени од Дрисла.
A1
E ova se vika biznis ideja...
Да..... ова се вика бизнис идеја без странски инвестиции........:ija::ija:.
 
И идејата е инвестиција :) домашна додуша, нема да влезе во статистика на странски инвестиции.
 
Не е лошо да се спомене дека ваква вест доаѓа со причина.Досега управувањето со Дрисла ја имаше Комунална Хигиена,од која и фактички живееше претпријатието,а од сега Дрисла ќе ја земе владата.Што,зошто и како е долга приказна.Тоа да видите каков бизнис е,а не ова со хранава,ситница :smir:
 
Значи сепак мислат дека сме глупи ко ноќ и неинформирани :smir:
 
Jас пак чуди се одкаде Македонија најефтина земја за живеење во последно време.:pos2:
 
:pos2::pos2::pos2:
Абц не си нормален мајке ми :pos2:
Го одгатнавме и тоа прашање,следно на маса,зошто сме најглупи?
 
:pos2::pos2::pos2:
Абц не си нормален мајке ми :pos2:
Го одгатнавме и тоа прашање,следно на маса,зошто сме најглупи?

не сме сите „најглупи“.

најглупи се тие македонци кои нон стоп (и во СРМ и РМ и во ФИРОМ и денес) некој друг е крив иако немаат ништо создадено?

најглупи се тие што нон стоп се полни со цинизам, наместо со идеи за работа. најглупи се тие што нон стоп се жалат, а не превземаат ништо...

итн.
 
Јас би рекол заостанување во однос на интелектуалните способности, за греота.
 
не сме сите „најглупи“.

најглупи се тие македонци кои нон стоп (и во СРМ и РМ и во ФИРОМ и денес) некој друг е крив иако немаат ништо создадено?

најглупи се тие што нон стоп се полни со цинизам, наместо со идеи за работа. најглупи се тие што нон стоп се жалат, а не превземаат ништо...

итн.


Се потпишувам под овој пост , додавајќи дека покрај горенаведената група најмногу ме иритираат оние кои жалат за подобри времиња и сеуште не сфатиле дека нешто требат и сами да сработа место да се надеват на помош од државата, а секако ако за постарите имам разбирање , не ми е јасно како може кај младата генерација да ја има оваа негативна појава иако повеќето не ни биле родени во тие „добри„ времиња...
 
A спечалиле ли барем убаво?
 
Мене ме интересира како незабележно одмкнале толку храна од депонијата (така беше пренесено на вести)?

И каде се владините инспектори да регулираат уништување на прехрамбени продукти (колку што знам, за тоа има прописи, и не може туку така да си фрлаш у депонија)?

не сме сите „најглупи“.

најглупи се тие македонци кои нон стоп (и во СРМ и РМ и во ФИРОМ и денес) некој друг е крив иако немаат ништо создадено?

најглупи се тие што нон стоп се полни со цинизам, наместо со идеи за работа. најглупи се тие што нон стоп се жалат, а не превземаат ништо...

итн.
А, овие со трујачкиов бизнис, така креативни и снаодливи биле.
Ние тука уствари, само им љубомориме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom