Проценка на куќи,станови,вили и тн.

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefan_g
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 јануари 2009
Мислења
721
Поени од реакции
40
Епа вака оваа тема ја отварам за да дадете ваша проценка на некој од нашите објекти како на пример куќа, вила, стан и т.н.
Еве да почнам јас имам куќа која се наоѓа на влезот на Гостивар и сакам да знам колку ја проценувате и колку би дале доколку би ја купувале.
P5250646.jpg
P5250647.jpg
P5250648.jpg
 
Немаш доволно информации за проценка. Стави квадратура, дворна површина, година кога е градена, каква е внатре состојбата...опиши ја малце куќата и околината во која се наоѓа. :smir:
 
Епа вака куќата има гаража голема дневна и трпезарија и посбно кујна,потоа на меѓу спрат има две соби и измеѓу собите големо купатило потоа на поткровје има ходник па дневна со трпезарија и две соби и целата куќа освен поткровјето има парно греење на струја или нафта.И цела куќа со све двор има 750М2.Куќата е градена 1989год и се наоѓа на самиот автопад т.е втора куќа од автопатот кој оди кон Охрид од Гостивар и еве неколку слики од внатрешноста.
P5250644.jpg
P5250643.jpg
[/ATTACH]
 

Attachments

  • P5250645.jpg
    P5250645.jpg
    155,8 KB · Прегледи: 12
  • P5250656.jpg
    P5250656.jpg
    165,5 KB · Прегледи: 3
Друже тешко, ептен тешко да се процени вака! Дур не се видат сите соби, цела опрема и се слично поврзано со куќата тешко може да се одреди цена, не е тоа автомобил. Онака.. може пориближно цена да се даде ( 50 000 евра +/-) што не мислам дека би ти било доволно
 
Не се разбирам во проценки,ама фина е куќава.:pipi:
 
Вака од прва можам да ти кажам да почнеш да и' бараш околу 100 000 евра. Цената зависи од понудата и побаувачката, но по правило секогаш при продажба на недвижности треба да се почне од највисоката можна цена што сметаш дека би била реална за куќава, а после по договор може истата да се смалува. Сега незнам како одат недвижностите во Гостивар, подетално можеш да разгледаш на Pazar3 :)
 
Друже тешко, ептен тешко да се процени вака! Дур не се видат сите соби, цела опрема и се слично поврзано со куќата тешко може да се одреди цена, не е тоа автомобил. Онака.. може пориближно цена да се даде ( 50 000 евра +/-) што не мислам дека би ти било доволно

Во никој случај 50.000 евра освен ако сакаш на некого да ја продадеш беспари (така е зборот) куќа од 750М2 заедно со двор неможе да вреди толку, разгледај ги огласиве кога во Радишани продаваат за најмлаку 70.000 евра оваа куќа јас мислам дека вреди повеќе.
 
Во никој случај 50.000 евра освен ако сакаш на некого да ја продадеш беспари (така е зборот) куќа од 750М2 заедно со двор неможе да вреди толку, разгледај ги огласиве кога во Радишани продаваат за најмлаку 70.000 евра оваа куќа јас мислам дека вреди повеќе.
не ме разбра точно, не реков дека вреди 50 000 евра, само реков дека не може да се процени куќа од само 3 слики. Има разлика во мебел, паркет, греење, санитарија....
 
Вредноста на квадрат во провинција не може (и не е) иста со онаа во Скопје (конкретно Радишани е скопска приградска населба, колку што знам има и елитен дел-настрана бараките од Треска). Оваа куќа е во Гостивар (и тоа на влезот во Гостивар), и претпоставувам дека има разлика во цената со онаа во градот. Треба да си провериш како иде квадрат во градот и во периферијата, па да ставиш своја цена. Објектот е релативно нов, според сликиве е прилично солиден, претпоставувам дека инсталацијата (водовод, канализација-се надевам ја има, електрика) се во добра "кондиција"...едино што можда ќе ја девалвира или ќе и ја дигне цената е опкружувањето (за жал, наша реалност).
 
По моја проценка вака од око зошто сега брзо и јас разгледував да купам куќа во провинција отприлика би ти рекол најмалку 80000 евра не е стара има парно, гаража,солидна квадратура и изгледа солидно единствен хендикеп е тоа што е на периферија ама ако начекаш некој од рамковниве браќа да ја пикира за да опни бензиска тука можи и цената да се дуплира лесно.

Не ти е лошо и така да дадеш оглас се продава куќа со плац идеален за бензиска полесно загризуваат сомовите :) мислам според ова што кажуваш дека е на излез од Гостивар искрено не знам дали локацијата ти е на џаде
 
зависи од местото , но оваа куќа каде и да е вреди 100 000 евра како минимум , иако за поточна проценка се потребни уште многу параметри.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom