Авто стопер (паметно или не ?)

  • Креатор на темата Креатор на темата Gunner_L
  • Време на започнување Време на започнување
Сум стопирала еднаш само,и тоа не од желба за авантура,туку поради тоа што немав никаков друг избор.
Дали е паметно или не,на знам.Знам само дека ако повторно се најдам во иста ситуација,би стопирала пак,ако сака Џек Мевосек нека вози.Се надевам дека нема да се најдам....:smir:
 
Имам едно непријатно искуство од тоа, лол јес да е авантура и тоа ама и голем ризик е, не би пак.
 
Ризик е, особено на отворен, простран пат. Еднаш одејќи стопирав, од салата Борис Трајковски, за до плоштад, бидејќи брзав, ама не застана никој нормално, и си платив такси :).
 
женско само аутостоп во никој случај...преголем ризик....се надевам дека и е доволно мил животот...
 
За паметно не е паметно...ама кога ќе немаш избор што ќе правиш мораш да си во улога на автостопер (мое мислење):helou:
 
Воопшто не е паметно, се осеќаш понижен, молиш некого да те качи во кола(и тоа некој непознат)..........
 
За среќа никогаш не сум се нашла во ситуација да немам избор и да морам да стопирам за да појдам некаде и внимавам да не се најдам во таква ситуација, подобро ќе тргнам пешки отколку да се качам со некој непознат.
Сепак не е ама ич паметно, поготово за женско
 
Ne sum za avtostop. Mnogu e rizicno.
 
Nikogas ne sum stopirala, no sea mi zabivte ideja vo glava haha(se salam)... nikogas sum nemala potreba da stiganm nekade na toj nacin. Nekogas ako nemam izbor(se nadevam nema da se najdam vo taa situacija) nemozam da kazam deka ne bi stopiorala:salut:
 
Умре времето на автостопоирањето.......на оној вистинскиот автостоп....со ранецот на грб и пасошот во џеб...
 
За мене стопер не е баш некоја паметна работа.. од кај знаеш со кој ќе се качиш и како??? хм.. .имам само еднаш одено ама со уште двајца другари... и после никогаш... кога си имаш пари во џеб и кога си знаеш дека си у сигурно возило покрај сигурни луѓе ... друго е.. за тоа не се ни замарам :)
 
Воопшто не е.
Ете ке кажам една случка со мојата другарка.
Бевме на гости кај една другарка во друг град и бидејки се јавивме на автобуската станица ни рекоа дека автобусот нема да дојде почнавме да бараме решение.Таа збореше дека треба да правиме автостоп затоа што не можела веке да чека.И кажав дека не е најпаметна работа тоа.И застана една кола,типот страшно изгледаше.Таа сакаше да се качи,но јас не и дозволив.По таа кола пристигна и едно такси.Тоа беше пријателот на еден мој братучед,срека што ме препозна,беше темница.Се качивме и не однесе до дома.
По два дена дознав од тој пријател дека тој што сакал да не одвезе бил човек кој ги собира девојките односно како еден вид макро и дека бил од странство.Да влеговме во тој автомобил којзнае што би се случило не сакам ни да помислам:jaj:
 
Ako e nekoja ubava vozacica, neka me ostavi na sred pat, nama da se lutam :)
 
Никад не сум автостопирал, можеби некад ќе пробам, искуство плус.
А незнам зошто сите се плашите толку, ретки се такви случаеви на психопати и силувачи и убијци. Летово зборев со еден тип што идел автостоп дури во Исланд, и ништо не му се десило, и уште иде (и на море дојде автостоп).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom