Во врска со прашањето за увоз на половен автомобил од странство Ве информираме за следното: За да се оцарини употребувано Постапката за царинење на патничко моторно возило подразбира задолжително приложување на целокупната потребна оригинална документација за царинење, утврдување на царинската вредност, приложување на издадена Потврда за сообразност (Хомологација) на возилото и плаќање на вкупните увозни давачки. На граничниот премин за возилото се изготвува транзитна декларација со која се упатува на царинење во внатрешна царинска испостава од каде што се упатува на технички преглед во овластена институција. По извршениот преглед и проверка на исполнување на хомологациските услови, се поднесува увозна царинска декларација. По проиложување на документацијата и утврдување на оцаринската основица се пресметуваат увозните давачки кои изнесуваат: - за употребувани патнички автомобили, со клипен мотор (освен ротационен клипен мотор) со внатрешно согорување со палење со помош на свеќички со зафатнина на цилиндаротѕ што надминува 1000 см³ но не надминува 1500 см³: царина 10%, DDV 18% и акциза 15.000,00 денари; - за употребувани патнички автомобили и патнички каравани, со клипен мотор (освен ротационен клипен мотор) со внатрешно согорување со палење со помош на свеќички со зафатнина на цилиндарот што надминува 1500 см³ но не надминува 2000 см³: царина 10%, DDV 18% и акциза 74.000,00 денари; - за употребувани патнички автомобили и патнички каравани, со клипен мотор (освен ротационен клипен мотор) со внатрешно согорување со палење со помош на свеќички со зафатнина на цилиндарот што надминува 2000 см³ но не надминува 2500 см³: царина 10%, DDV 18% и акциза 160.000,00 денари за патнички автомобили и 180.000,00 денари за патнички каравани; - за употребувани патнички автомобили и патнички каравани, со клипен мотор (освен ротационен клипен мотор) со внатрешно согорување со палење со помош на свеќички со зафатнина на цилиндарот што надминува 2500 см³ но не надминува 3000 см³: