Скопско лето

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Дирекција за култура и уметност напиша:
Она што го означува Скопско лето се епитетите за најобемна, најразновидна, најдолготрајна и по многу компетентни оценки една од најквалитетните културни манифестации од меѓународен карактер што се одржуваат во Република Македонија. Потврда на своето реноме манифестацијата обезбедува и надвор од границите на Македонија верификувано со членството во Меѓународната асоцијација на фестивали и асоцијации – ИФЕА.

Почетно поставената замисла во 1980 година, кога првпат се одржа оваа манифестација, за обезбедување непрекинато културно живеење во текот на летните месеци евулуираше во оформување на Скопско лето во “сезона вон сезоната”. Концепцијата на манифестацијата која опфаќа музички концерти, оперски, балетски и драмски претстави, ликовни и фото изложби, филмска програма, перформанси и мултимедијални проекти, заедно со сопствената продукција на проекти и бројните гостувања од странство Скопско лето го претвораат во единствено и неповторливо културно доживување.

Домашните творци кои ги удрија темелите на Скопско лето денес претставуваат основа која ја овозможува квалитетната надградба на програмата со гостите од странство чиј број од година во година е с# поголем и во последните неколку години од просечно шеесетина програми кои се реализираат во рамките на манифестацијата најмалку половината се со меѓународна димензија.Така Скопје секогаш останува отворен град за духовно богатите, за творците, за уметниците од сите светски меридијани.Скопје како отворен град за културата и уметноста беше домаќин на гостите од целиот свет, како од соседните земји: Албанија, Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора, така и од поширокиот европски регион: Хрватска, Словенија, Турција, Австрија, Германија, Франција, Велика Британија, Русија, Финска, Шведска, Данска, безмалку од сите европски држави, но и од прекуокеанските земји САД, Канада, Австралија, Венецуела, Аргентина, Малезија, како и од Јапонија, Индија, Иран, Алжир, Египет и други.

Секоја година почнувајќи од 21 јуни, првиот ден на летото и “Светскиот ден на музиката” се креваат завесите на триесетина различни локалитети – сцени, на Скопско лето. Се до 31 јули, кога завршува манифестацијата, во ритамот на духовноста пулсираат отворените сцени на Скопската тврдина, Старата чаршија, Куршумли ан, Сули ан, Кејот на Вардар, Градскиот парк, салоните на скопските театри и ликовните галерии.

Околу 2000 учесници ги привлекуваат во гледалиштата скопјани, гостите на Скопје, сите оние кои моментално живеат и работат во главниот град на Македонија или се само на пропатување.

Иако скопско лето деновиве го достигнува својот зенит, или во превод веќе половина и повеќе од програмата ја исполни, еве програма за она што беше и што следува. Некој со мерак за коментари, прашања или “шо ти ја знам“ да сподели со нас... бујрум.

21 Јуни (НЕДЕЛА)

20:30 - Моделот како Матрикс и Метафор - ликовна изложба

Музеј на град Скопје

21:30 - ОТВАРАЊЕ НА СКОПСКО ЛЕТО 2009

Плаштот- опера

ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА



22 Јуни (ПОНЕДЕЛНИК)

20:30 - Вокална симфонија од Димитрије Бужаровски

Дом на АРМ

22:00 - Концерт на оркестарот ”Banda Rilauds” – – Франција

Улица “Македонија”



23 Јуни (ВТОРНИК)

12:00 - 24:00 - “Градот убав пак ќе никне” Ликовен перформанс

ДЛУМ – Централно градско подрачје

21:30 - “Дома”– Театарска претстава, Морис Метерлинк, режија: Билјана Радиноска - продукција ФДУ

ФЛУ – Сули ан

22:30 - “Камениот гостин” – Театарска претстава, А.С. Пушкин, режија: Ангеловска Ивана - продукција ФДУ

ФЛУ – Сули ан



24 Јуни (СРЕДА)


20:30 - “Сликање со помош на оган” - Изложба на слики на Ѓорѓи Пап – Унгарија

Чифте амам

21:30 – “Ескоријал” – Театарска претстава, Мишел Де Гелдерод , режија: Јане Спасиќ - продукција ФДУ

Факултет за драмски уметности

22:30 - “Салома” - Театарска претстава, Оскар Вајлд, режија: Нина Николиќ - продукција ФДУ

Факултет за драмски уметности



25 Јуни (ЧЕТВРТОК)

20:30 - Вечер на италијански арии – учествуваат: Славица Галиќ – Петровска - сопран, Ернест Ибраимовски - баритон, Марија Наумовска - сопран, Васко Здравков - баритон, Нико Ѓорѓиевски - тенор, Билјана Талеска - сопран, Христо Арсовски - тенор, Нада Талевска - сопран, Весна Павлова – сопран, Јасминка Чакар - пијано

Даут пашин амам



26 Јуни (ПЕТОК)

20:30 - Македонски цркви и манастири – Изложба на цртежи на Марјан Ризовски

Мултимедијален центар Мала станица

21:30 - “Diotima quatuor” – Концерт на гудачки квартет од Франција – Naaman Sluchin – виолина, Yun Peng Zhao – виолина, Franck Chevalier - виола, Pierre Morlet – виолончело

Музеј на град Скопје



27 Јуни (САБОТА)

12: 00 - (Хоро)скопски шеми (песни и пиеси - уличарки за некогашните тинејџери со пејџери и сегашните билки со мобилки) - Промоција на книга на Љубомир Грбевски

Ресторан Дал Мет Фу

20:30 - Rediscovery the route of culture – Реоткривање на патеката на културата

Камениот мост, Даут пашин амам, Чифте амам, Капан ан, Сули ан, Куршумли ан и Музеј на Македонија



28 Јуни (НЕДЕЛА)

20:30 - Концерт на Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар - Скопје - Праизведба на “Mantra Diskreation” од Александар Пејовски, диригент: Сашо Татарчевски

Сули ан

21:30 - Камерна вечер со Симон Трпчески и пријателите

Салон на Македонската Опера и Балет



29 Јуни (ПОНЕДЕЛНИК)

21:00 - Концерт на Младинскиот оркестар на КултурОп – диригент: Илич Ривас – Венецуела/САД

Салон на Македонската Опера и Балет



30 Јуни (ВТОРНИК)

21:00 - Љубов и дизајн” - Модна ревија и изложба на Академија Италијана

Изложбен салон и Плато пред Дом на АРМ



01 Јули (СРЕДА)

20:30 - “Скришно место” - Концерт на Драган Даутовски квартет

Марков Манастир

21:00 - “Ламенто” – музичко - корео драма - Елена Ангеловска, Гордана Деан Попхристова

Чифте амам



02 Јули (ЧЕТВРТОК)

12:00 - “Мојот балкански дневник” - Промоција на книга за Скопје од Џ. Џонстон Абрахам

Мултимедијален центар Мала станца

20:30 - “Маркиза”– Премиера на театарската претстава, Оскар Вајлд, режија: Ѕвезда Ангеловска

Драмски театар

21:00 - “Генофониа” - Промотивен концерт на групата “NAV”, Вања Лазарова и група авангардни креативци

Музеј на Македонија – Куршумли ан



03 Јули (ПЕТОК)

21:00 - “Едип” - Премиера на Мултимедијален музичко-сценски театарски проект– според “Цар Едип” од Софокле, текстуална предлошка, драматуршка обработка и режија: Златко Славенски, актер: Ѓорѓи Јолевски,

Мала сцена на МОБ



04 Јули (САБОТА)

20:30 - “На Гости кај….” Варналиеви, Икономови, Теохарови, Шекерови, Робевци, Бадеви, Масинчеви, Попелои....- Концерт на учениците на насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ “И.Н.Луј”

Плато пред Дом на АРМ

21:30 - “Кармина Бурана” - Балетска премиера - балетот, оркестарот и хорот на МОБ, кореографија и режија: Кан Арслан

Салон на Македонската Опера и Балет



05 Јули (НЕДЕЛА)

20:00 - Skopje Ladies Orchestra – Сања Шуплевска – Боирал – виолина, Томоко Сагања - виолина, Олгица Менковска - виолина, Александра Димитриевска - виолина, Гордана Јаневска - виолина, Тања Трифунова - виола, Александра Петковска - виолончело, к.г. Михаил Шнур – флејта, Јордан Колевски - труба

Хотел “Арка”


07 Јули (ВТОРНИК)

20:30 - “Ехото на обичаите” - Концерт на АНПО “Орце Николов” – Музеј на Македонија

Куршумли ан

21:00 - “Граница” – театарска претстава, Венко Андоновски, режија: Софија Ристевска Мал драмски театар – Битола и Нов театар – Охрид

Хотел “Континентал” – Претседателски апартман 916



08 Јули (СРЕДА)

20:30 - “Звуците на харфата” - Концерт на Мерсиха Шукри – харфа

Даут пашин амам

21:00 “Будење на пролетта” Премиера на театарска претстава, Франк Ведекинд, режија: Васил Христов - Турски театар – Скопје

Музеј на Македонија Куршумли ан



09 Јули (ЧЕТВРТОК)

20:30 - Изложба на Друштвото на ликовни уметници од Кавадарци, Владимир Темков, Ристо Соколов, Глигор Стефанов, Симон Шемов, Диме Самарџиев ......

Чифте амам

21:00 - “Вечер на оперска музика” - солисти: Дешира Ахмети - Крлиу сопран, Мустафа Имери – тенор, Арбен Асланај – кларинет, Камерен оркестар на МОБ, диригент: Жани Цико - Албанија

ФЛУ - Сули ан



10 Јули (ПЕТОК)

21:00 - “Вирус” Концерт на гудачкиот квартет “Марија” – Пламенка Трајковска – виолина, Лада Петровска – виолина, Дубравка Зајкова – виолина, Дејан Теодосиевски – виолончело

Улица “Македонија” пред книжарницата “Култура



13 Јули (ПОНЕДЕЛНИК)

20:30 - “Тапани во ноќта” - Театарска претстава, Бертолт Брехт, режија: Мартин Кочоски - Народен театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп

Драмски театар – Скопје



14 Јули (ВТОРНИК)

20:30 - Концерт на Раитца Чолакова – виолина и Зорница Радионова – пијано - Канада

Музеј на град Скопје

22:00 - Концерт “Звуците од Македонија” Мартин и Пер-Екс Ансамбл

Плато пред Дом на АРМ



15 Јули (СРЕДА)

20:30 - “Embodiments” – Интерактивни композиции, мултиканална електроника Sarah Watts - бас кларинет – Велика Британија и Мирослав Спасов – композитор и електроника

Музеј на град Скопје



16 Јули (ЧЕТВРТОК)

20:30 - Концерт на Ана Мицева – пијано и Sebastijan Naglatcki – тенор – Македонија/Германија

Музеј на град Скопје



17 Јули (ПЕТОК)

20:30 - Концерт камерен оркестар “Camerata Tirana” – Албанија, солист и шеф на оркестар Frederic Laroque – Франција

ФЛУ - Сули ан



20 Јули (ПОНЕДЕЛНИК)

20:30 - “Монистра концерт” - Етно група ”Монистра”

Музеј на Македонија - Куршумли ан



21 Јули (ВТОРНИК)

20:30 - Концерт на Игор Панчевски – пијано Македонија/САД

Музеј на град Скопје



22 Јули (СРЕДА)

20:30 - “Забава” - /Забава, Циклус, Сон – да, Sometimes you have to say no, Мачорот Фрици и Скипо /- Изложба на стрип и промоција на книга на Александар Станковски

НГМ Мултимедијален центар Мала станица



23 Јули (ЧЕТВРТОК)

20:30 - “Цена од ново маало” - Промоција на книгата од Владимир Плавевски

Ул.42 , бивша “Румба кафана”, Ново Маало



24 Јули (ПЕТОК)


21:00 - “Концерт за една душа” - Филмска вечер со Иван Митевски – Копола

НГМ - Мултимедијален центар Мала станица



25 Јули (САБОТА)

21:00 - Наградени филмови на “АСТЕРФЕСТ 2009”

Кинотека на Македонија



26 Јули (НЕДЕЛА)

20:30 - “Филантропски пориви I и II дел” – Изложба, документација и перформанс на Славица Јанешлиева

Музеј на град Скопје



28 Јули (ВТОРНИК)

20:30 - Концерт на Елена Чадиковска – вибрафон, Весна Ангеловска – пијано, Владимир Чадиковски – гитара к.г.

НГМ – Даут пашин амам



29 Јули (СРЕДА)

20:30 - Концерт на Константин Ефтимов – виолончело, Радослав Николов - пијано, Бугарија

НГМ – Даут пашин амам



30 Јули (ЧЕТВРТОК)

20:30 - Вечер на староградска музика со Ансамблот “Танец”

Плато пред Дом на АРМ



31 Јули (ПЕТОК)

20:30 - Концерт на HGM jazz orkestar – Хрватска

Плато пред Дом на АРМ
 
Дојде и помина, и после еден месец 0 коментари...што сме културни. :)
Бев на неколку настани, и најдобар впечаток ми остави концертот на Игор Панчевски, чинам тогаш и со Saladin се видов таму. Туку што сакав да искоментирам, логото на Скопско лето '09 ужасно потсеќаше на еден од моите први аватари на Кајгана, црно сонце од Кутлеш во бел круг врз црвена позадина. Damn thieves... :):)
 
Дојде и помина, и после еден месец 0 коментари...што сме културни. :)
Бев на неколку настани, и најдобар впечаток ми остави концертот на Игор Панчевски, чинам тогаш и со Saladin се видов таму. Туку што сакав да искоментирам, логото на Скопско лето '09 ужасно потсеќаше на еден од моите први аватари на Кајгана, црно сонце од Кутлеш во бел круг врз црвена позадина. Damn thieves... :):)

Да, I was there...
Инаку мора да кажам типчето го знам уште од коа го има скинато првиот млечен заб. Човекот е одличен пијанист, еден од надежите што Македонија треба да се гордее. Иако на моменти маалку ми изглеаше исфорсирано (Парчињата на Рахмањинов) сепак човекот знае да си ја врши работата.
Настрана со Игор, Ја посетив модната ревија која се оддржуваше 2-3 недели порано од концертот(средно жалосно) и на претставата Маркиза во Драмски. Од ова второто сум презадоволен, иако е совремна (не ми се допаѓа многу тој тип).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom