Решение за економската криза?

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
И шо ке стане ако падне визната либерализациja?Дали државната каса ке се наполни?Дали ке има повеке пари веднага?И да падне и каj ке наjдеш работа при една силна криза во западните држави???
Хората губат тамо работни места, а ти ке бараш тамо работа.Баш супер.
За работа секогаш може да се најде нешто, само ако сакаш да работиш. Ќе фатат од тука пола патот за Швицарска, а касата секако нема преку ноќ да се наполни, но ќе мрдне во позитивна насока.
 
За работа секогаш може да се најде нешто, само ако сакаш да работиш. Ќе фатат од тука пола патот за Швицарска, а касата секако нема преку ноќ да се наполни, но ќе мрдне во позитивна насока.
Ке мрадне след 1-2 години след визната либерализациja.Тогава веке криза нема да има.
 
И шо ке стане ако падне визната либерализациja?Дали државната каса ке се наполни?Дали ке има повеке пари веднага?И да падне и каj ке наjдеш работа при една силна криза во западните држави???
Хората губат тамо работни места, а ти ке бараш тамо работа.Баш супер.

E па види вака Бугарче,во`92-`94 година Германија имаше 4-5 милиони невработени и ретко кој Македонец што ќе појдеше таму,остануваше без работа.Сега Германија има 3-4 милиони невработени,значи разликата е окулу 1 милион помалку од тогаш,па одтука нема причина зошто Македонците пак не би нашле полесно работа одколку тогаш.
Ако кризата,особено онаа економската,во секоја држава се мери според бројот на невработени,евидентен е фактот дека главните економски сили во Европа и не се баш толку во криза како што изјавуваат,мислам во споредба со 90тите години,по паѓањето на Берлинскиот ѕид и по напливот бегалци од поранешна Југославија кога само во Германија ги имаше повеќе од милион.Слична беше состојбата и во Франција,Англија,Италија или Шпанија,ако не и полоша.Рака на срце западните земји тежеа од Полјаци,Романци и Бугари кој исто така работеа на црно.Зошто Македонците имаа предност пред сите окулу вработувањето,мене ни ден денес не ми е јасно,ама евидентно беше дека скоро и да немаше невработен Македонец во било која од споменатите земји,економски двигатели во ЕУ.Мислам дека и по уривањето на Шенгенската бариера која беше наметната некаде во `94-`95та,состојбата со вработување на Македонците пак ќе биде иста.Можеби тоа е и до менталитетот или дарбата за снаодливост во печалбарството што Македонците генетски ја поседуваат и никој не може толку едноставно да им ја одземе.:toe:
 
Заклучок:

Визната либерализација моментално ни е единствениот спас од катастрофални последици,единствено таа ќе може барем моментално и на краток рок да го амортизира ударот кој ни предстои во економијата.Сепак нашиот народ знае да преживее и со 600 милиони евра буџет,како пред 10тина години.:toe:

Се согласувам,тоа ќе ни дојде..... како провев...... на 20 години запечатена конзерва, веќе ферментирана и изложена на интензивни влијанија........
пред да експлодира........
И веќе крајно време е сериозни,искусни, компетентни кадри да ги превземат работите во свои раце..........погледнете.... министерство за образование... да не набројувам............уште гласот им мутира.......
 
.Можеби тоа е и до менталитетот или дарбата за снаодливост во печалбарството што Македонците генетски ја поседуваат и никој не може толку едноставно да им ја одземе.:toe:

Дедка, какви се овие генетически фантасмагории:) Па не ти личи на овие години вакви глупости да тресеш :smir:
 
Нема „решение“ за економската криза. тоа е ФАКТ, а не прашање, па да има решение.

Екоомската криза е ЗЕМЈОТРЕС, кој ги погодинашите најдобри големи сојузници (американците) и преку нив, како цунами, се рашири низ целиот свет и сите ги почуствуваа последиците.
Што е решение за цунами - спасувај се да не се удавиш и кога ќе помине цунамито - ГРАДИ ОД ПОЧЕТОК, овој пат побрзо од другите.

Значи, економската криза во Македонија НЕМА решение. Треба да почекаме да заврши, а во меѓувреме да не се удавиме. Да не се удавиме, значи да ШТЕДИМЕ. Се што е штедење е ок, од службени ручеци, вишок администрација до мадињата на букефал. сето тоа треба да се одложи, ако може.

Поважно прашање за мене е ШТО ПОСЛЕ? Кога ќе помине бранот од цунамито? Може македонија да продолжи со своето безлично однесување и никој да не ја знае соодветно ништо да не вреди, ИЛИ може да се изгради подобро од земјите каде цунамито направило пустош, па треба прво да чистат пред да почнат да градат.

Најважно е да се има СТРАТЕГИЈА. Не, не мислам „мозоците“ од МАНУ да се надмудруваат 5 години. Мислам на неколку кратки реченици, кои ќе се направат и усвојат И СИТЕ ЌЕ СЕ ДРЖАТ на тоа. Еве предлог:
1. Земјоделие - тутун, вино, градинарски култури, млеко, месо
2. Услуги
2.1. Банкарство
2.2. Информационо општество
3. Металургија

Играње - чисто, ако ни ги укинат визите до 31.12.2009 и поченеме со преговори во 2010 (значи спор раст). АКо не, играње на РАБОТ.
Еве како:
1. Земјоделие - покрај се, одгледување на афион и други дроги од нелегална, но сепак мафија која нема да се брка, а која за возврат ќе треба да вложува во Македонија - спонозорства на школи, болници, патишта.
2. Услуги -
2.1. Банкарство - Перење на пари во ограничен оем, за да не влеземе на црни листи. Секако, Владата не треба да го поддржува ова, како ни другите, но треба малку да замижи. Погледајте ја ЕУ - Кипар и Луксембург се добри примери, да не одиме на други места.
2.2. Информационо општество - услуги преку интернет, кои вклучуваат КОЦКАЊЕ (осбено Рулет), Сајтови за запознавање и со тоа проституција (секако дека не треба да се мешаат деца), поддршка на пиратерија (www.piratebay.gov.mk). Пак -Владата треба да се „бори“ со ова, ама додека не почнеме со преговори, нема да има „мотив“. И овие, како и сите други, треба да отвараат легални бизниси во македонија и преку тоа да ја спонзорираат.
3. Металургија
3.1. Треба да се заочне со бизниси за производство на оружје, покриено со извоз на валан лим во земјите од третиот свет
3.2. Дури и да произбведуваме легално, треба евтина струја за металургијата, за да биде КОНКУРЕНТНА (ова го имаме и сега, иако ни се заостри). За да се оствари ова, треба:
1. Нуклеарна централа
2. Железничка пруга од струга до крива паланка, електрифицирана

ОВА НЕ ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ НАРОДОТ. ТРЕБА САМО МАЛ КРУГ НА ЛУЃЕ КОИ ЈА ВОДАТ ДРЖАВАТА (3 до 5). Да не знае ни Фуере ни никој дека на ова работиме.
Баш напротив, упорно да се лаже (како тие што не лажат) дека сме многу против ова. ОД досегашните 18 години самостојност, барем се покажавме дека сме добри и послушни, а сега работите само ќе ни „избегаат од контрола“. Дури и грантови ќе почнат пак да идат, да се бориме против ова сето. Кога ќе не примат, нема да сме на ниво на село, туку на ниво на луксембург.
 
Зошто се буниш бре Топорчо? Зарем ти не си генетски Македонец? :smir:

Пола од овие:
mongol-part-one-2.jpg



шо идат и пљачкат по форуми,се :kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom