Nivea visage , natural beauty
Новата колекција од „Нивеа“ – „нивеа визаж
натурал бјути“ се состои од крем за дневна
употреба и за пределот околу очите, како и дневен
пилинг за измазнување што ќе ви помогнат да
дојдете до посакуваниот совршен изглед на кожата.
Она што ја прави единствена оваа колекција е
комбинацијата на внимателно избалансирана
мешавина на луксузни протеини од кашмир, млеко
од манго и сјајни пигменти. Ефектот веднаш е
забележлив: комплексот го поттикнува сјајот,
неправилностите на кожата се измазнети без
притоа да се промени природниот тен на кожата.
Млекото од манго овозможува долготрајно
задржување на хидратацијата, а формулата за сјај
со протеини од кашмир веднаш ~ помага на
вашата кожа да ги израмни малите несовршености.
„Нивеа визаж натурал бјути“ – нега за околу очите
ќе го осветли оваа чувствителна зона и темните
кругови сосема ќе исчезнат. Овој крем има аглест
апликатор кој ќе ви помогне да ја нанесете со
поголема прецизност. Дневниот пилинг за
разубавување, пак, нежно ќе го исчисти вашето
лице, веднаш рафинирајќи ја кожата и откривајќи
го нејзиниот сјај, без притоа да ја исуши, а ќе
создаде чувство на затегнатост.
„НИВЕА“
Сјаен изглед и без
пудра
дали имате користено и дали сте задоволни???